Економија
СКМ ќе ги учи фирмите како да аплицираат за пари од европските програми
Стопанската комора на Македонија (СКМ) ќе ги подготвува компаниите како успешно да аплицираат за средства од новата програмата ЦИП-Екоиновации, која наскоро ќе ја објави Европската комисија.
Стопанската комора на Македонија (СКМ) ќе ги подготвува компаниите како успешно да аплицираат за средства од новата програмата ЦИП-Екоиновации, која наскоро ќе ја објави Европската комисија.За таа цел веќе е формиран Центарот за имплементација на развојни идеи и (ЦИРИ), кој има задача заедно со одредени консултанти да им помогне на македонските компании што повеќе да подготват апликации во рамки на програмата вредна 40 милиони евра.Јадранка Аризанковска од СКМ појасни дека одлуката за формирањето на овој центар била донесена врз база на податокот, што ниту една македонска компанија не аплицира за претходната програма ЦИП-Екоиновации, во периодот 2008-2010 година. „Согледувајќи ги недостатоците од изминатиот период во рамки на комората направивме анализа зошто компаниите не учествуваат во оваа програма и утврдивме дека им е потребна некаква институционална поддршка“, изјави Аризанковска.Таа информираше дека новата програма ќе биде објавена на 28 април, а компаниите ќе имаат период од пет месеци да ги подготват своите апликации. „Програмата е наменета претежно за компании за преработка на храна и пијалоци, преработка на градежни материјали, рециклирање и управување со отпад и од градежната индустрија, пред се за подигнување на квалитетот на самите градби“, рече Аризанковска.Таа изрази очекување дека барем 20-30 македонски компании ќе успеат да поднесат издржани апликации во рамките на оваа програма.Програмата ЦИП-Екоиновации е наменета за подигнување конкурентност и иновативност на малите и средните претпријатија, а фирмите кои ќе аплицираат за грантот, ќе треба 50 отсто од трошоците на целиот проект да го покријат со сопствени средства.Истовремено од СКМ информираа дека од минатата недела Македонија добила можност да учествува во програмите на Интелигентна енергија.„Македонските компании и институции ќе може да аплицираат за проекти во рамки на алтернативните извори на енергија и енергетската ефикасност“, рече Аризанковска.Таа информираше дека во рамките на оваа програма достапни се 58 милиони евра, а кофинансирањето од страна на Европската комисија изнесува 75 отсто од вредноста на проектот, додека фирмите покриваат 25 отсто /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

