Економија
Еврото и натаму под притисокот на продажбите
Еврото в вторникот на меѓународните пазари продолжи со загубите, откако послабите надежи за изнаоѓање скоро сеопфатно решение за излегувањето од кризата во еврозоната
Еврото в вторникот на меѓународните пазари продолжи со загубите, откако послабите надежи за изнаоѓање скоро сеопфатно решение за излегувањето од кризата во еврозоната и предупредувањето во врска со кредитниот рејтинг на Франција ги наведоа инвеститорите на натамошна продажба на единствената европска валута. Еврото во текот на денот беше во загуба од 0,3 отсто и со него се тргуваше по 1,3680 долари. Тоа е забележително послабо под највисокото ниво достигнато последните месец дена од 1,3914 долари, колку што достигна во понеделникот. Доларот, пак, благо ослаби спрема јапонскиот јен на 76,65 јени. Податокот за падот на довербата на германските инвеститори на најниското ниво во последните речиси три години ја поттикна загриженоста во врска со влијанието на кризата на главните стопанства во еврозоната и го спушти еврото на најниското ниво во текот на тргувањето во вторникот од 1,3657 долари, на платформата за електронско тргување EBS.Еврото, исто така, беше погодено и од загриженоста за состојбата на европското стопанство откако агенцијата за кредитни рејтинзи Moody’s во понеделникот предупреди дека на францускиот врвен рејтинг „ААА“ може да му додели негативна прогноза во идните три месеца. Претходно еден ден, инвеститорите беа многу обесхрабрени и од изјавата на германскиот министер за финансии Волфганг Шаубле, дека не треба да се очекува конечно решение на должничката криза во еврозоната на претстојниот самит на ЕУ закажан за 23-ти октомври. Тоа, според аналитичарите, го запре последниот залет на еврото. „Ја продолжуваме надолната патека поради намалените очекувања во врска со самитот на ЕУ за претстојниот викенд., но исходот од самитот на Г20 останува клучен. Доколку нема акција во врска со плановите за докапитализација на банките во групата Г20, еврото многу брзо ќе се спушти под 1,30 долари“, изјави Геоф Лендрик, валутен стратег во лондонска „Nomura“.Лидерите на Г20 се изложени на притисок да ја разгледаат ситуацијата на поширока основа и да преземат акции во насока на решавање на меѓународната финансиска криза на состанокот во Кан на почетокот од ноември, за да е врати довербата во финансиските пазари. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.