Економија
Комерцијална банка и ФОН со проект „Фабрика на знаење“
Група најквалитетни студенти од Универзитетот ФОН во наредните шест месеци ќе изработуваат проект кој треба да развие систем на доживотно учење во рамки на Секторот за човечки ресурси на Комерцијална банка АД Скопје.
Група најквалитетни студенти од Универзитетот ФОН во наредните шест месеци ќе изработуваат проект кој треба да развие систем на доживотно учење во рамки на Секторот за човечки ресурси на Комерцијална банка АД Скопје. За таа цел денеска во просториите на банката беше потпишан меморандум за соработка од страна на главниот финансиски директор на Комерцијална банка, Маја Стевкова-Штериева и директорот на ФОН Универзитет, Сефер Цановски.На проектот ќе работат два тима наставници, соработници и студенти од ФОН, кои ќе имаат обврска да презeмат активности и задачи со цел анализа и предлог за нов концепт за доживотно учење.Од своја страна, надлежните експерти и организациони единици од Комерцијална банка, континуирано ќе ги следат активностите, и ќе ги обезбедат сите неопходни информации и подршка на тимовите во рамките на законските овластувања и обврски кои произлегуваат од Договорот за соработка. Изразувајќи задоволство од потпишувањето на договорот, Цаноски истакна дека тој претставува добра можност за студентите своето теоретско знаење да го покажат во пракса.„Најбитна цел за нас е да детектирате некој од овие деца, да го бендисате и да го вработите. Станува збор за навистина талентирани студенти“, рече Цановски, потенцирајќи дека таквата обврска не е предвидена со договорот.Цаноски оцени и дека овој проект за ФОН претставува соочување со реалноста, бидејќи ќе биде добра можности за тоа да се види дали кадарот што го произведува е во тек со современит ебарања на компаниите и дали професорите си ја завршиле задачата.Стевкова-Штериева појасни банката се определила за изработка на проект од областа на човечките ресурси, со што студентите ќе имаат можност да го проучат амбиентот, во кој вработените и раководниот кадар во една финансиска институција се гради преку системот на континуирано доживотно учење.„Идејата за доживотно учење е нешто што ќе биде во голем тренд во наредните децении. Дури и во менаџерскиот кадар во разни институции мораат да поминат годишно определен број на часови на обука, надвор од работното време“, рече Стевкова-Штериева, изразувајќи уверување дека студентите успешно ќе го завршат истражувањето.Стевкова-Штериева нагласи дека студентите од ФОН нема да бидат фаворизирани при идните вработувања во банката, напоменувајќи дека на сите добри студенти од сите универзитети подеднакво им се отворени вратите за вработување во банката. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.