Економија
„Фич“ го намали рејтингот на италијанската банка „УкиКредит“

Агенцијата Fitch во средата го намали кредитниот рејтинг на италијанската банка „UniCredit“ за долгорочно и краткорочно задолжување, сигнализирајќи дека тоа може д го повтори имајќи ги предвид актуелните тешкотии во еврозоната и нивното влијание врз Италија и банките во целост.
Агенцијата Fitch во средата го намали кредитниот рејтинг на италијанската банка „UniCredit“ за долгорочно и краткорочно задолжување, сигнализирајќи дека тоа може д го повтори имајќи ги предвид актуелните тешкотии во еврозоната и нивното влијание врз Италија и банките во целост. Рејтингот за долгорочното задолжување е намален од „А“ на „А-“, а рејтингот за краткорочното задолжување од „Ф1“ на „Ф2“. Намалена е и општата оцена за способноста на оваа италијанска банка за навремено намирување на нејзините финансиски обврски од „а“ на „а-“.Потезот на Fitch се надоврзува на одлуката од крајот на минатата седмица со која рејтингот на Италија, заедно со рејтинзите на Белгија, Шпанија, Кипар, Ирска и Словенија, беа ставени на разгледување поради можното намалување. Воедно, со тоа рејтингот на „UniCredit“ е воедначен со оние на другите италијански банки во категоријата „А“. Намалувањето на рејтингот на банката, исто така, ги одразува и големите предизвици со кои банките ширум светот се соочуваат, а особено во Европа, во однос на пазарите но и во основното работење, се наведува во соопштениот на Fitch. Од агенцијата укажуваат и на високото ниво на проблематични кредити и слабата профитабилност на банката, особено во Италија, како и на ризиците кои произлегуваат од неодамна објавениот стратешки план имајќи го предвид актуелното деловно опкружување.Од Fitch предупредуваат и дека наскоро би можеле одново да го намалат рејтингот на „UniCredit“ во склад со адекватното предупредување за Италија чија економска и финансиска стабилност е загрозена од должничката криза во целата еврозона. Во агенцијата, исто така, нагласуваат дека врската меѓу рејтинзите на банката и на матичната земја дополнително се зајакнува во случај на намалувањето на рејтингот на земјата, потсетувајќи дека неодамна ја намалија процената за растот на италијанскиот БДП и дека сега очекуваат негов пад во идната година за 0,5 отсто./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Николоски потпиша договор за грант средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.
Економија
Објавен јавен повик за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство

Денеска е објавен Јавниот повик 08/2025 за доставување на барање за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2025 година.
Поддршката е наменета за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство, со цел зачувување на руралните подрачја и промовирање на одржливо земјоделство.
Право на поддршка имаат земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Висина на поддршката:
• 100% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина еднаква или повисока од 700 метри;
• 60% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина пониска од 700 метри.
Услови за доделување:
• 1 вработено лице на 150 овци;
• 1 вработено лице на 100 кози;
• 1 вработено лице на 50 говеда, но не повеќе од 620.000 денари по вработено лице.
Задржување на истиот број вработени најмалку една година по исплатата.
Барањата со потребната документација потребно е да се поднесат најдоцна до 30.07.2025 година.