Економија
Швајцарците на референдум ги одбија подолгите годишни одмори

Швајцарските гласачи во неделата на референдум го одбија предлогот на тамошниот синдикат најмалиот платен годишен одмор да се продолжи од четири на шест седмици, откако компаниите предупредија дека тоа би можело да ја загрози конкурентноста и работните места.
Швајцарските гласачи во неделата на референдум го одбија предлогот на тамошниот синдикат најмалиот платен годишен одмор да се продолжи од четири на шест седмици, откако компаниите предупредија дека тоа би можело да ја загрози конкурентноста и работните места.Иницијативата за продолжување на годишните одмори потекна од синдикатот Travail.Suisse од каде тврдеа дека четири седмичниот одмор е недоволен поради притисоците на работните места кои многу се зголемиле последните децении предизвикувајќи стрес и здравствени проблеми кај работниците. Швајцарската телевизија, како што пренесува Reuters, соопштила дека првичните резултати покажуваат дека предлогот е одбиен со 67 отсто од гласовите.Синдикатот соопшти дека референдумот се одржал во неповолен момент поради загриженоста за економската ситуација поврзана до должничката криза во еврозоната.„На многу гласачи им беше јасно дека сегашната загриженост за нивните работни места имаат предност пред долгорочната полза за луѓето и швајцарското стопанство, Во кампањата на сеење страв од страна на противниците на иницијативата беше употребено чувството на несигурност кај работниците“, се наведува во соопштението на синдикатот Travail.Suisse.Главното здружение на швајцарските работодавачи, коешто жестоко лобираше против предлогот на референдумот, ги поздрави резултатите од изјаснувањето на граѓаните изјавувајќи дека тоа претставува позитивен одговор „израз на конкретностите на швајцарските компании и осигурувањето на работните места“.Во Швајцарија, инаку, вработени веќе имаат право на подолг одмор од минумумот пропишан со законот, во просек од пет седмици, бидејќи многу компании нудат подолги одмори./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.