Економија
АЕА предлага формирање на регионален авиопревозник во државите на екс-Ју

Авиокомпаниите од подрачјето на поранешна Југославија би морале да се поврзат доколку сакаат да преживеат, оцени генералниот секретар на Европското здружение за авипревоз (АЕА), Урлих Шулте-Штратхаус.
Авиокомпаниите од подрачјето на поранешна Југославија би морале да се поврзат доколку сакаат да преживеат, оцени генералниот секретар на Европското здружение за авипревоз (АЕА), Урлих Шулте-Штратхаус.Тој во интервју за љубљански „Дневник“ оцени дека над 500 авиокомпании регистрирани во Европската унија се значително повеќе од неопходното.„Факт е дека некогашниот заеднички југословенски пазар фрагментираше, а одделни превозници се премали и неефикасни. Потребно е регионално решение. На регионот му е потребна компанија која би делувало глобално и би ги задоволува регионалните потреби“, изјави Штратхаус, кој на оваа тема разговарал со челниците на Адриа Ервеиз.Словенечката авиокомпанија, која и покрај строгите прописи од ЕУ, доби државна помош во докапитализација од 50 милиони евра и успеа со приватните банки да договори реструктуирање на долгот, сепак и натаму работи со потешкотии.Штратхаус наведува дека во слична состојба се и превозниците од регионот.„Регионот е во тешка криза. Србија никако неможе да пронајде инвеститор за ЈАТ, Кроација Ерлајнс и Монтенегро Ерлајнс се во се поголеми проблеми, а БХ Ерлајнс ќе банкротира кога ќе престане да биде финансиран од Туркиш Ерлајнс“, смета Штратхаус.Тој предложи Адриа Ервејс, за која смета дека има искуство со регионалните пазари, да биде домаќин на регионална средна за можно комбинирање на услугите на регионалните превозници, но изрази стравување дека до такво нешто нема да дојде поради политичките несогласувања. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.