Економија
Moody's го намали рејтингот на Хрватска на Ба1
Меѓународната кредитна агенција Moody’s во петокот го намали кредитниот рејтинг на Хрватска на ниво „Баа1“ наведувајќи го како причина слабите изгледи за економски раст и недостиг на фискалната флексибилност на актуелната влада.
Како што пренесува агенцијата Hina цитирајќи го соопштението на Moody’s, рејтингорт е намален од „Баа3“ на ниво „Ба1“.
Од Moody’s, исто така, ја променија и перспективата за хрватскиот рејтинг од негативна на стабилна, наведувајќи дека постои само ограничен ризик да дојде до позначајно влошување на владината фискална позиција и задолженоста.
„Владиниот капаците за ребалансирање на економијата кон извозот е вистински ограничен. Очекуваното влегување на земјата во ЕУ во јули 2013 година е позитивен развој на настаните, меѓутоа европското опкружување и реформската инерција на владата најверојатно ќе ја ограничи позлата за којашто обично се верува дек аби требало да се зголеми“, се наведува во соопштението на Moody’s.
Втората причина за намалувањето на кредитниот рејтинг на Хрватска се кочниците за фискалната консолидација, поточно неповолното економско опкружување и недостигот од фискална флексибилност на владата заедно со релативно високото ниво на долгот, додава натаму агенцијата за издавање кредитен рејтинг.
Третата причина за ваквата одлука на Moody’s е слабеењето на кредитната метрика на Хрватска во однос на сличните земји, особено нејзината екстремна чувствителност и фискалната позиција.
„Владината фискална метрика, исто така, е послаба, додека долгот на државата општо го надминува нивото на долговите на оние држави кои го имаат ‘Баа3’ рејтингот“, го цитира Hina извештајот на Moody’s./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

