Економија
Интензивирање на соработката меѓу Македонија и Унгарија во земјоделството
Претставници од Федерацијата на фармерите на Ребулика Македонија (ФФРМ) од 12-ти до 14-ти февруари рпестојуваа во тридневна посета на Унгарија каде што беа реализирани средби со градинари, претприемачи владини и невладини институции кои работат на полето за развој на унгарското земјоделство.
Студискиот пресдтој на ФФРМ беше организиран во соработка со македонската амбасада во Унгарија , така што првата средба ФФРМ ја реализира со македонскиот амбасадор во Унгарија, Дарко Ангелов, кој истакна дека економската криза се чувствува и во унгарското стопанство. На самата средба беа потенцирани понатамошните активности кои амбасадата на Македонија во Унгарија и ФФРМ може да ги реализираат во насока на презентирање на македонското земјоделство и можноста за пробивање на македонските земјоделски производи на унгарскиот пазар.
ФФРМ реализираше средба со Иштван Јакоб, претседател на Национална асоцијација на здруженија на унгарските фармери и кооперативи, MAGOSZ која се одржа во парламентот на Унгарија, каде што Јакоб ја извршува и функцијата на потпретседател на унгарското собрание. На самата средба исто така беше посочено потребата од интензивирање и продлабочување на соработката меѓу МАГОСЗ и ФФРМ и воопшто помеѓу македонското и унгарското земјоделство на билатерално ниво.
Иштван Јакоб го пренесе искуството на формирање и трансформација на MAGOSZ. Тој посебно ја нагласи потребата од пренесување на знаење на фармерите и единството кои тие треба да го имаат за да бидат успешни.
Делегацијата на ФФРМ реализира средба во Министерството за рурален развој со државниот секретар, Ѓула Будаи, кој зборуваше за состојбите во унгарското земјоделство, досегашната соработка на ова поле меѓу Македонија и Унгарија и можностите за продлабочување на соработката. За време на самата средба раководители на сектори во Унгарското министерство за рурален развој одржаа презентации каде што ги запознаа македонските претставници со функционирањето на унгарското земјоделство , групи на производители во секторот градинарство во Унгарија , системот на финансиска поддршка на ЕУ во секторот градинарство и преработувачката индустрија во секторот градинарство во Унгарија.
Целта на студиското патување е реализирање на средби и размена на искуства со унгарските земјоделции и институции во полето на кооперативите и градинарствто, така што посетени се и преработувачки капацитети на зеленчук. Од страна на ФФРМ присуствуваа членови на управниот одбор на Федерацијата (Никола Стаменов и Дијана Стоичовска), градинари и извршниот директорот на ФФРМ, Ѓорги Јовановски.
Имено студискиот престој е реализиран од страна на Федерацијата на фармерите и консултанстката куќа МЦГ, а подржан од Агбиз програмата на УСАИД./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

