Економија
Благо подигната прогнозата за економскиот раст во ЕУ
Економијата на 27-те членки на Европската унија во вториот квартал од 2013 година пораснала малку побрзо отколку што првично се проценуваше, пресмета европското биро за статистика Eurostat, потврдувајќи ја воедно важечката прогноза за еврозоната.
Во просек економија ЕУ27 (без Хрватска) пораснала во вториот годинешен квартал за 0,4 отсто во однос на претходно, со што е зголемена почетната процена за 0,1-процентен поен. Во првиот квартал активноста се намали за 0,1 отсто. Процената за економскиот раст во еврозоната, пак, во периодот од април до јуни е потврдена на 0,3 отсто, по падот на активностите за 0,2 отсто во првиот годинешен квартал.
Компонентите на бруто домашниот производ (БДП) јасно укажува на излегување на европската економија од рецесијата.
Така, конечната потрошувачка на домаќинствата на еврозоната и во ЕУ27 пораснала за 0,2 отсто. Во претходните три месеца забележала ист процентен пад во еврозоната, додека во ЕУ стагнирала. Бруто вложување во фиксниот имот се зголемени во еврозоната за 0,3 отсто, како и за 0,4 отсто во ЕУ. Во претходните три месеца намалени се за 2,2, односно за 1,8 отсто.
Извозот на еврозоната е зголемен за 1,6 отсто, а во ЕУ27 за 1,7 отсто. Во претходниот квартал беше намален во еврозоната за еден процент, додека во ЕУ27 за 0,6 отсто.
Пораснал и увозот, и тоа за 1,4 отсто во еврозоната и за 1,2 отсто во ЕУ27. На почетокот од 2013 година беше намален за 1,1 отсто во еврозоната, како и за 0,9 отсто во Европската унија.
Меѓу земјите членки со чиишто податоци располага статистичкото биро, најголема стапка на раст на квартално ниво имала Португалија, од 1,1 отсто. Следуваат Германија, Литванија, Финска и Велика Британија со 0,7 отсто.
Најголема негативна стапка на раст на тримесечно ниво забележал Кипар од 1.4 отсто, а следи Словенија со пад на активностите од 0,3 отсто, како и Италија и Холандија, каде што активностите се намалиле за 0,2 отсто.
Европската статистичка агенција во средата ги измени и процените на европскиот раст коишто покажуваат дека Европската унија уште од почетокот на годината е на пат на заздравувањето. Така, според целосните податоци економијата на ЕИУ27 на годишно ниво стагнирала, додека во еврозоната е намалена за 0,5 отсто. Според првичната процена, која беше објавен кон средината на август, активностите во еврозоната паднале за 0,7 отсто а во ЕУ27 за 0,2 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

