Економија
ЕУ го разводни предлогот против манипулациите на финансиските пазари
Европската комисија предложи во средата прописи со коишто ви требало да се спречуваат манипулациите на пазарите низ манипулациите со референтните показатели како што се каматите либор и еурубор, отстапувајќи сепак од сеопфатната контрола над договорите вредни илјадници милијарди евра.
Еврокомесарот за внатрешен пазар и услуги Мишел Барние, го претстави нацрт законот со којшто европската унија сака да ги спречи малверзациите како што се оние со местење на либорот, лондонската меѓубанкарска каматна стапка којашто се користи како референтна вредност при утврдувањето на цените на финансиските производи вредни 300 илјади милијарди долари, и неговиот пандан во еврозоната еурибор.
Брисел се откажа до почетните планови правната одговорност во целост да ја префрли врз оние кои ги доставуваат податоците потребни за пресметка на референтните вредности. Можноста за санкции, сепак, е задржана, како и правно обврзувачкиот кодекс на однесување. Крајниот цел се веродостојни вредности со коишто Брисел сака да го осигури спречувањето на судирот на интереси, синхронизираноста со „економската стварност“ и со соодветна примена.
„Денешните предлози првпат предвидуваат задолжителна авторизација и надзор за сите тела коишто ги утврдуваа референтните вредности. Со тоа ќе се подигне нивото на транспарентност и ќе се придушат судирите на интереси“, нагласи Барние.
Во Европската комисија инсистираат и на доволно опсежен сет прецизни податоци за потребите на утврдувањето на тие вредности, како и на веродостојни извори и методи за пресметка. Укажуваат и на принципот на транспарентност при утврдувањето. Се бара, исто така, и „адекватна заштита на потрошувачите и инвеститорите коишто ги користат референтните вредности“. Така, според предлогот на ЕК, банките по потреба би требале да ја проценуваат нивната соодветност, „на пример, при составувањето на договор за хипотеки“.
Регулативата на тие активности претставува новина, меѓутоа ЕУ по прашањето на нејзиното спроведување и натаму најмногу ќе се потпира на земјите членки и нивните регулативи. Со тоа се откажа од замислата дека таа област да биде доверена на инаку слабо екипираната Европска агенција за хартии од вредности и пазари (ESMA) чиешто седиште е во француската престолнина Париз. Во новиот предлог наместо тоа се сугерира размена на информации меѓу ESMА и групата супервизори од земјите членки на ЕУ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.