Економија
Странските вложувања во Кина пораснале за 6,2 отсто

Странските инвестиции во Кина пораснале во првите девет месеци од 2013 година за 6,2 отсто во однос на истиот период минатата 2012 година, соопшти во четвртокот кинеската влада, предупредувајќи сепак дека втората според обемот светска економија и натаму се соочува со предизвици и во дома и во странство.
Во периодот од јануари до септември годинава директните странски инвестиции – FDI во Кина достигнале вредност од 88,6 милијарди американски долари, објави министерството за трговија во Пекинг.
Само во септември директните странски вложувања пораснала за 4,9 отсто, на 8,84 милијарди долари, со што нивниот раст нагло забрзал во однос на август кога речиси стагнирале со стапка на раст од само 0,62 отсто. Воедно силно забавиле во однос на јули кој скокнаа за дури 24,13 отсто, како и на јуни кога беа зголемени за 20,12 отсто.
Според портпаролот на кинеското министерство за трговија, Шен Данјангам, се очекува дека за целата 2013 година висината на директните странски инвестиции ќе остане „стабилна“. Шен, сепак, предупредува на континуираната неизвесност.
„Имајќи ја предвид комплексноста и променливата на глобалната економска ситуација, одржливиот и стабилен раст на кинеската економија е соочен со притисокот и предизвиците, како што се недоволната странска побарувачка и растечките трошоци на трудот. Тоа во одредена мерка ќе влијае врз атмосферата на странските инвестиции во Кина“, рекол Шен на прес-конференцијата во Пекинг.
Вложувањата од Европската унија пораснале во споменатиот период за 23 отсто во однос на истиот период минатата година, на 5,94 милијарди долари, додека американските се зголемени за 21,3 проценти, на 2,88 милијарди долари.
Најголем дел од инвестициите доаѓаат од групата десет азиски земји, како што се Хонгконг, Тајван, Јапонија, Тајланд и Сингапур. Директните странски вложувања од тој регион во споменатиот период пораснале за 7,м5 отсто, на 76,3 милијарди долари.
Кинеските вложувања во странство, пак, во деветмесечниот периодот до крајот на септември пораснала за 17,4 отсто, на 61,.64 милијарди долари, соопшти, исто така, министерството за трговија. Притоа се истакнува дека речиси преполовениот износ на вложувањата во Јапонија е резултат на дипломатскиот спор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.