Економија
Либерализација на пазарот на електрична енергија
Македонија е целосно подготвена да започне со либерализација на пазарот на електрична енергија, што се очекува да се случи на 1-ви април 2014 година.
Ова во петокот во Скопје го изјави министерот за економија Ваљон Сараќини, при претставувањето на енергетскиот биланс за периодот 2014-2018 година.„Сериозна работа која не очекува во 2014 година е либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Тоа е веќе актуелната тема во бизнис заедницата, и во релевантните институции“, изјави Сараќини.Тој нагласи дека ресорното министерство е во постојана комуникација со енергетиката заедница, од чија страна во повеќе наврати било изјавено дека компаниите се веќе подготвени за отворен пазар. „Ја очекувам во април 2014 година да бидеме спремни и ние и компаниите и регулаторите, за да започне овој процес“, рече Сараќини, кој не даде попрецизна прогноза какви импликации врз цената на струјата ќе има либерализацијата на пазарот.„Многу луѓе прашуваат дали ќе има промена на цената на електричната енергијата. Ја би рекол секоја промена на условите на пазарот ќе има ефект, дали позитивен или негативен ќе покаже времето. Сепак, регулаторната комисија за енергетика изготвени акциски план каде точно и прецизно се предвидени сите чекори кои би требало да ги преземат сите учесници на пазарот“, изјави Сараќини.Претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев, пак, истакна дека не очекува промена на цената на електричната енергија, иако за тоа и натаму ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика.„Регулаторната комисија е единствената институција која практично може да даде точен одговор на прогнозите на цената на електричната енергија, без разлика на либерализацијата“, рече Анѓушев, кој лично не очекува поголеми промени.„Она што јас го очекувам е дека нема да има, или барем ќе бидат незначителни промените на цената на електричната енергија и на тоа ќе придонесе практично падот на цената на електричната енергија на берзите. Нема да има значителни промени на цената за домаќинствата“, рече Анѓушев./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

