Економија
Ставрески:Буџетот ќе овозможи подинамичен раст, Николов: Буџетот не е за граѓаните
Предложениот Буџет за 2014 година ќе обезбеди подинамичен и економски раст, смета власта, додека опозицијата обвинува дека станува збор за нереален и расипнички буџет кој ќе ги направи граѓаните посиромашни.
Ова се клучните поенти од почетокот на петдневната расправа за Дополнетиот предлог за Буџетот за 2014 година во рамки на пленарната седница во Собранието.Образложувајќи го предложениот буџет, Ставрески оцени дека станува збор за развоен буџет кој ќе го поттикне целото стопанство и ќе го подобри животот на обичниот граѓанин.Оптимизмот дека ќе биде овозможен подинамичен економски раст, Ставрески го темели со податоците дека со буџетот се предвидуваа зголемување на капитални инвестиции за 11 отсто во однос на оваа година, задржување социјалната стабилност преку зголемениот износ на пензии и социјалната помош, како и преку зголемување на субвенциите на 140 милиони евра.„Едната функција на Буџетот ќе биде да го компензира ефектот на се уште слабата европска економија и со поголеми капитални расходи да се постигнат повисоки стапки на економски раст, рече Ставрески.Според него, Македонија има фискален простор да го одржи нивото на буџетски дефицит на повисоко ниво со цел да ја помогне македонската економија.Ресорниот министер изрази уверување дека не се предвидува зголемување на ниту еден данок.Структурата на приходите ќе остане иста, а најголемо учество ќе имаат даночните и социјалните приходи, рече Ставрески.Наспроти него, Марјанчо Николов од СДСМ обвини дека со овој буџетот власта ќе станела побогата, а граѓаните посиромашни.„Оваа Влада, за жал, на стопанството гледа само како на голема каса од која треба да собере што повеќе пари, на граѓаните гледа како на даночни обврзници од кои треба да земе, а кога треба да даде тоа го прави со лажичка како на болен човек“ рече Николов.Николов, кој е и претседател на собраниската комисија за финансирање и буџет, изрази сомневање дека владата со вака креираниот буџет ќе се обиде да купи гласови за избори.„И овој буџет, како и сите ваши претходни буџети во изминативе седум години, е буџет на желби. Буџет за предизборно манипулирање и купување гласови на пензионерите, на корисниците на социјална помош и ветување за поголеми плати на администрацијата“, рече Николов. Според предлогот државниот Буџет за следната година ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на бруто домашниот производ (БДП) е проектиран на 3,2 отсто, а инфлацијата од 3,3 отсто. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекциите, ќе изнесува 3,5 отсто. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

