Економија
Сенатот го прифати буџетскиот компромис
Американскиот Сенат ноќта кон четвртокот го изгласа буџетскиот компромис кој вклучува финансирање на владините агенции во две последователни години, испраќајќи сигнал за фискалната стабилност на САД по блокадата на сојузната влада во октомври.
За законот гласаа 64 сенатори, додека 36 беа против. Во полза на законот во Сенатот гласаа сите демократски сенатори и девет републикански, додека некои сенатори од Републиканската партија беа против, бидејќи сметаат дека содржи зголемување на потрошувачката којашто го преминува прагот поставен со буџетот од 2011 година. ог Договорот беше заеднички разработен од комисијата за буџет составена од демократите и републиканците во двата дома на Конгресот формирана по буџетскиот ќорсокак во октомври, кога 16 дена беа затворени федералните служби и агенции. Спротиставеноста по ова прашање во октомври во Конгресот предизвика блокирање на работата на владините служби во текот на две седмици, што придонесе за сериозен пад на довербата на двете партии кај граѓаните.
Компромисната варијанта на буџетот на две години претходно беше одобрен од Претставничкиот дом зо 332 гласа за и 94 против, овозможува да се избегне намалувањето нa буџетските расходи на 63 милијарди долари. Тој, исто така, сугерира и симболично намалување на 17-трилионскиот американски долг од 20 милијарди долари во текот на следните десет години. Демократите се откажаа од натамошното зголемување на расходите и плафонот за задолжување, а републиканците се согласија да не го блокираат буџетот, со што повторно би предизвикале ткн „гаснење“ на федералните агенции.
Според најавите, претседателот Барак Обама ќе го потпише законот кој треба да ги спречи судирите околу буџетот на краток рок. Сепак, партиите сѐ уште официјално не се согласија за натамошното зголемување на „плафонот“ за јавниот долг, за коешто е потребно овластување од американскиот Конгрес. Конгресот ќе има време до 15-ти јануари да го одобри нивото на буџетските расходи кои во 2014 година би требало да изнесуваат 1,012 трилиони долари (1.012 милијарди американски долари), а за 2015 година – 1,014 трилиони долари.
Републиканците, коишто се противат на зголемувањето на задолжувањето, повеќепати се конфронтираа со демократите по ова прашање. Но затворањето на владата во октомври не ѝ овозможи на опозицијата да ја постигне својата цел, и повторувањето на таквата стратегија во блиска иднина се смета за малку веројатно.
Reuters забележува дека до 15-ти јануари во Конгресот би можеле да се јават несогласувања околу прашањето за финансирање на спорната програма за здравство осигурување, ткн Обамакер, финансирањето на работата на даночните служи и уште некои прашања.
„Имавме широка двопартиска поддршка за договорот за буџетскиот закон. Сега би требало да ја добиеме исто таквата двопартиска поддршка за примена на договорот. Тоа е многу отворено прашање“, рекол за агенцијата неименуван сенатор од редовите на деморкатите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

