Контакт

Економија

Сараќини: Главни носители на растот ќе бидат капиталните инвестиции и извозните активности

Објавено пред

Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска оствари средба со првите луѓе на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Комората на Северозападна Македонија: Бранко Азески, Митко Алексов и Мендерес Кучи.

dobivaj vesti na viber

Целта на средбата беше да се направи заедничко заокружување на  достигнувањата во годината која изминува и да се претстават очекувањата и плановите за идната година на економски план за да се увидат потребите на бизнис секторот, од една страна, и плановите на Владата, од друга.„Сакам да потенцирам дека мерките кои Владата на Република Македонија ги презеде на почетокот од 2013 година за ублажување на последиците од кризата, условија во првото полугодие макроекономските остварувања да бидат над очекувањата,  со квартални стапки на раст од 2,9 и 3,9 и 3,3 отсто, што е трет најдобар остварен бруто домашен производ во Европа, додека пак, за 2014 година почетните проекции упатуваат на пораст на БДП за 3,7% според НБРМ, односно 3,2% според ММФ“, истакна Сараќини, Тој истакна дека  главен носител на растот во идната година се очекува да бидат извозните активности и капиталните инвестиции, но исто така, и дека се очекува странските директни инвестиции да изнесуваат 330 милиони евра или 4 проценти од БДП. Почетните проекции упатуваат и на зголемување на извозот во текот на 2014 година за околу 10,4 отсто, а се очекува увозот да се зголеми за околу 9,1 отсто, што значи дека за 2014 година се очекува одредено намалување на трговскиот дефицит на земјата и зголемување на покриеноста на увозот со извоз на преку 65 отсто.Имено, за 2014 година  капиталните инвестиции се планирани на износ од 360 милиони евра (за 20% поголеми од тие во 2013 година), односно 525 милиони евра, ако се земат предвид и планираните инвестиции во Буџетот на ЈП за државни патишта, при што средствата ќе бидат насочени за финансирање изградба на патна и железничка инфраструктура, подобрување на енергетската и комуналната инфраструктура и за подобрување на условите во образовниот, социјалниот и здравствениот систем на земјата. „Со стабилизирањето на светската економија очекуваме да се интензивира приливот на странски директни инвестиции, за кои се предвидува дека ќе бидат главни носители на растечките активности во градежништвото, индустријата, инфраструктурните проекти и во ТИРЗ и тоа во вредност од околу 300 милиони евра, кои веќе се во фаза на постепено ефектуирање или договарање за идно реализирање“, информира Сараќини.Според Сараќини доста значајно е тоа што, со постојаното подобрување на деловната клима, макроекономската стабилност, изедначувањето на домашните со странските инвеститори, свесноста за постепеното излегување од кризата и др., ќе ги охрабри и домашните инвеститори во преземање и реализирање сопствени инвестициски потфати со користење на нивните заштеди и разните поволни кредитни линии кои што им ги нуди Владата. Во 2014 година планирани се нови 100 милиони евра, со што ќе отпочне реализацијата на кредитната линија од ЕИБ – четврта фаза.Претседателот на СКМ Азески истакна дека од една фаза на песимизам која важи за 2013 година,  2014 е година во која влегуваат со поголема доза на оптимизам. „И во 2014 година ние ќе се залагаме за што поголемо подобрување на условите за инвестирање во Македонија. Ќе предложиме да се донесе закон за поттикнување на инвестициони вложувања, со што би се поттикнале домашните инвеститори да инвестираат и во услови на криза, бидејќи тие на некој начин се стожер на нашата економија, потоа Закон за гарантен фонд, но исто така, ќе ја оживееме идејата за иницијатива за купување на акции во солунското пристаниште“, изјави Азески по средбата.Претседателот на комората на Северозападна Македонија Мендерес Кучи истакна дека на оваа продуктивна средба, која преставува сублимат на сите претходни средби што ги имаат реализирано со Министерството за економија, беше заокружена заедничката меѓусебна соработка, од која произлегоа и конкретни резултати. „Се надеваме дека и понатаму ќе ја добиваме безрезервната подршка на ресорниот министер и за сите проекти и активности што ги планираме за 2014 година, посебно поддршката на приватниот бизнис сектор, кој е многу значаен за стопанството“, истакна Кучи.Митко Алексов од ССКМ потенцираше дека во 2014 година очекуваат да продолжат позитивните движења од 2013 година, како и да има зголемено индустриско производство, зголемување на надворешната трговска размена и зголемување на извозот. „Во делот на инфраструктурните проекти очекуваме не само искористување на средствата за патна инфраструктура, туку и реализација на енергетските проекти, проектите за мали хидроцентрали и за енергетска ефикасност“, рече Алексов. /крај/

Економија

Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Објавено пред

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.

dobivaj vesti na viber

Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.

🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.

📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.

🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.

Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.

 

• Купуваш онлајн без нервоза.

• Резервираш патување без дилема.

• Плаќаш било каде – без објаснувања.

Во Mint Credit не глумиме магија.

Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.

Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:

Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.

Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.

 

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Објавено пред

Од

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.

dobivaj vesti na viber

„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.

Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:

Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.

Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ11 часа

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија13 часа

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија14 часа

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ18 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија20 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет20 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет20 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет21 час

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет21 час

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија1 ден

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија1 ден

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија2 дена

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија2 дена

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија2 дена

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија2 дена

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија2 дена

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија2 дена

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...