Економија
Македонија ја заврши 2013 со инфлација од 2,8 отсто
Индексот на трошоците на животот, кој е клучниот показател за движењето на инфлацијата во Македонија во 2013 година бележи пораст од 2,8 отсто на годишно ниво, додека цените на мало бележат пораст од 1,3 отсто, објави во четвртокот Државниот завод за статистика.
Движењето на стапката на инфлација во македонија минатата година беше променливо. Годината во јануари започна со инфлација од 3,8 отсто, највисока стапка беше измерена во јуни од 4,2 отсто, за да до крајот на годината уследи надолен тренд, со што инфлацијата во ноември падна на 1,1 отсто. Во декември инфлацијата бележи благо покачување на 1,4 отсто.Остварената инфлација е помала од предвидувањата на владата и народната банка, кои најнапред прогнозираа дека Македонија во 2013 година ќе има инфлација од 3,5 отсто, за да НБРМ во текот на годината ја ревидираше прогнозата на 3,2 отстоВладата, согласно планираниот буџет, предвидува годинава стапката на инфлацијата да изнесува 3,3 отсто.Според статистичарите движењето на индексот на цените на мало во 2013 година беше различно по одделни групи на производи. Пораст на индексите е забележан во групите: Земјоделски производи за 6,4%, Индустриско-прехранбени производи и Пијалаци за 2,7%, Непрехранбени индустриски производи за 0,8% и Услуги за 0,4%. Движењето на индексот на трошоците на животот во 2013 година, исто така, беше различно по одделни групи на потрошувачка. Пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 6,9%, Хигиена и здравје за 4,7%, Ресторани и хотели за 3,9%, Исхрана за 3,6%, Тутун и пијалаци за 3,0%, Покуќнина за 1,5%, Огрев и осветление за 1,1%, Култура и разонода за 0,9%, Останати услуги, неспомнати на друго место за 0,7% и Стан (станарина, вода и услуги) за 0,6%. Намалување на индексот е забележано во групата Сообраќајни средства и услуги за 0,8 отсто. На месечно ниво, цените на мало во декември пораснале за 0,4 отсто, додека трошоците за живот се зголемиле за 0,3 отсто. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

