Економија
Голем интерес во Холандија за туристичките потенцијали на Македонија
Македонија се претставува на Саемот за туризам во Утрехт, Холандија со нови промотивни материјали, на голем штанд, со транспарентни, кои го привлекуваат вниманието на голем број посетители.
Како што информираат од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот саемот, кој бил отворен на 14.01.2014, бил добра можност за да се претстави туристичкиот потенцијал на Македонија. “Направена е уште една успешна промоција во Утрехт, која претставува почеток на низа планирани промотивни активности во правец на зголемување на бројот на туристи од овој исклучително значаен европски пазар“, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Кристијан Џамбазовски. Тој истакна дека биле остварени успешни средби со најголемите тур оператори кои веќе неколку години ја нудат Македонија на овој пазар и со оглед на тоа дека се наоѓаме во државата од која што имаме најголем број на туристи и интерес за посета на Македонија.„Холандските посетители сами приоѓаат со неверојатен интерес и желба да дознаат што повеќе за Македонија која може да понуди освен езерски и активен, рурален, вински, ловен и културан туризам. Промоцијата на Македонија е во соработка со туристиките агенции и хотелиерите од Македонија како и Агенцијата за странски инвестиции. Презентацијата на туристичкиот потенцијал на нашата земја беше проследена со дегустација на македонска храна и вино на кои ниту еден посетител не остана рамнодушен” , истакна ЏамбазовскиАмбасадорот на Република Македонија во Холандија, Никола Димитров изрази задоволство од одличната презентација на туристичката понуда на Македонија во Утрехт.“ На средбите со туроператорите Корендон и ТУИ бев информиран дека букингот за престојната сезона е значително зголемен во однос на истиот период минатата година. Со ваков тренд, можеме да очекуваме исклучително успешна година за туризмот”, изјави Димитров.“Холандија е земја со голем потенцијал имајќи во предвид дека холанѓаните се меѓу најактивните во Европа кога говориме за туристичките патувања надвор од земјата. Од средбите што ги имавме со најголемите тур оператори кои веќе неколку години по ред ја нудат Македонија како туристичка дестинација ни укажа дека продажбата е зголемена за 50% во однос на 2013 до овој период. Што значи дека Македонија може да очекува пораст не само во туристичката индустрија туку и на целата економија. Верувам дека доколку продолжи овој тренд на пораст на холандските туристи во Македонија ќе иницира дополнителен интерес за потенцијални инвестиции, не само во туристички капацитети туку и во други области” вели економскиот промотор на Македонија во Холандија, Ведат Рушид. Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот со саемот во Утрехт ја започна сезоната на интернацоналните саеми за туризам кои оваа година ќе бидат 16 на број на кои ќе ги претстави туристичките потенцијали на Македонија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.