Економија
Преку развој на претприемништвото до повеќе вработени во регионот
Поттик за размислување, анализа на сопствените желби, интереси, стручност и оспособување на граѓаните за искористување на расположливите ресурси кои се нудат во нашата држава како стимулација и поддршка за развој на бизнис идеја, се само дел од аспектите на кои беше ставен посебен акцент на денешната трибина за претприемништво во организација на Бизнис старт ап центарот и општина Битола.
Ваквите трибини имаат за цел поттикнување на претприемаштвото и претприемачкото размислување како еден од двигателите на економскиот развој на регионот. „Фондацијата Бизнис стартап центар од Битола ја продолжува соработката со општина Битола во насока на поддржување на претприемништвото и замислата ни е преку канење на институции кои што имаат што да понудат за претприемачите, како и различни проекти и програми кои постојат во Пелагонискиот регион за поддршка на претприемништвото, да им овозможиме на потенцијалните целни групи да слушнат што е се постоечко во регионот за да се помогне во развојот на нивниот бизнис“, изјави Розита Талевска Христовска, раководител на БСЦ Битола.Последните податоци на Бизнис стартап центарот говорат дека како резултат на соработката со локалната самоуправа, успешно се намалува процентот на невработени во овој регион. Интересот за сопствени бизниси кај младите е се поголем, а БСЦ им дава насоки и поддршка како успешно да ги реализираат своите бизнис идеи. Преку конкретни примери денес беа презентирани и неколку бизнис идеи кои овозможија успешни бизниси на многу млади луѓе:„БСЦ ни помогна со изработката на бизнис план, а со победата на нивниот бизнис план натпревар добивме финансирање на регистрацијата на фирмата. Работиме веќе две години, во БСЦ организиравме повеќе обуки и секогаш се тука кога и да ни требаат“, Петар Котевски, претставник на Ка-мај Медиа.На денешната трибина низ повеќе презентации беа истакнати можностите за младите кои се создаваат преку развивање на претприемничката иницијатива. Организацијата и реализацијата на вакви трибини е дел од програмата на градоначалникот на општина Битола, кој ја отвори денешната трибина, посакувајќи што повеќе млади луѓе да станат претприемачи:„Во програмата со која што се понудивме на локалните избори ставивме поттикнување на свеста кај младите за претприемништво. Во таа насока е и денешната трибина. Бизнис стартап центарот помага на многу млади луѓе кои што во првата фаза се неупатени и незнаат како да стигнат до сопствената цел. Со БСЦ се откриваат талентите, стручноста, способноста, а се овозможуваат и контакти. Петар Котевски е еден од најдобрите примери кој што со помош на БСЦ стигна и до апликации, а неговиот проект (бизнис идеја) беше награден и од Владата на Република Македонија. Продолжуваме и понатаму со создавање услови, затоа што нашата крајна цел од целата оваа организација и контактите со сите чинители е да ја намалиме невработеноста во регионот. Тоа и го постигнуваме. Со создавањето на условите кои што ги даде Владата на Република Македонија и дополнително нашите услови како општина ги охрабруваме инвеститорите токму тука да инвестираат. Не секогаш се работи за големи компании и големи бизниси, како што е примерот со Кромберг и Шуберт кој што е, веројатно еден од најголемите во регионот. Овде се работи за мали и средни бизниси каде што луѓето може да креираат свои бизниси и да вработуваат наши граѓани“,Владимир Талески, градоначалник на општина Битола.Со свои презентации на денешната трибина се претставија Јешим Сефуловска, директор на Агенција за вработување-Битола, Никола Димковски, претставник на Регионална Стопанска Комора, Тони Соклевски, претставник на Бизнис Академија Смилевски, Билјана Дамевска, претставник на ЦЕЕД Македонија и БСЦ – Битола, претставник од центарот и споделување на искуство на поддржана компанија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.