Економија
Берзата со промет од 23 милиони денари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/6990835f-46b7-4e26-b6eb-d825f2d0d317.jpeg)
Вкупниот промет на македонската берза при денешното тргување изнесуваше 22.887.273,99 денари
Вкупниот промет на македонската берза при денешното тргување изнесуваше 22.887.273,99 денари.
На официјалниот пазар прометот изнесуваше 17.931.035,99 денари при реализирани 181 трансакции. Редовниот пазар оствари промет од 4.956.238,00 денари при реализирани 78 трансакции.
МБИ10 оствари дневен пораст од 2,86%, а неговата вредност достигна 3.269,21 индексни поени. МБИД забележа пораст од 3,16% при вредност од 3.374,62 индексни поени. ОМБ порасна за 0,32%, позиционирајќи се на ниво од 105,54 индексни поени.
На официјалниот, а воедно и на целиот пазар најтргувана беше Гранит Скопје со промет од 3.143.000,00 денари. Просечната цена изнесуваше 870,64 денари, а дневниот пораст беше 1,26%. Минималната цена изнесуваше 860,00 денари, додека максималната беше 900,00 денари. Истргувани беа 3.610 акции преку 35 трансакции.
Втора според ликвидност беше државната обврзница за денационализација од третата емисија со промет од 3.086.135,67 денари.Просечната цена изнесуваше 87,98% од номиналната вредност, а порастот на дневно ниво беше 2,66%. Истргувани беа вкупно 57.342 обврзници.
Акцијата на Стопанска Банка Битола оствари промет од 2.044.000,00 денари. Дневната просечна цена изнесуваше 4.000,00 денари при дневен пораст од 4,62%. Истргувани беа 511 акции кои се реализираа преку 25 трансакции.
На редовниот пазар најтргувана беше акцијата на Македонски Телеком Скопје чиј промет изнесуваше 1.518.778,00 денари. Постигната беше просечна цена од 430,98 денари, додека порастот на дневно ниво беше 0,52%. Ценовниот распон се движеше од 430,00 денари до 439,00 денари. Истргувани беа вкупно 3.524 акции.
Втора според ликвидност од акциите кои котираат на редовниот пазар беше ФЗЦ 11 Октомври Куманово со промет од 671.700,00 денари. Просечната цена изнесуваше 1.700,51 денари, додека дневниот пораст достигна 8,22%. Истргувани беа 395 акции преку 13 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Гранит Скопје2. Р.Македонија – Денационализација 033. Стопанска Банка Битола 4. Алкалоид Скопје5. Комерцијална Банка Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Макметал Скопје 97,30%2. РЖ Интер – Трансшпед 20,00% 3. Тетекс Тетово 14,46%4. Стопанска Банка Скопје 9,90%5. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 9,58% Хартии од вредност со најголем пад1. Адинг Скопје 9,77%2. Технометал Вардар Скопје 8,33%3. Скопски Пазар Скопје 5,35%4. ПКБ Скопје 4,55%5. Прилепска Пиварница Прилеп 3,00%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
(Видео) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3, сега го зголемуваат на 4.9 проценти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-185301-1.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма велеше дека јавниот долг од крајот на 2023 година достигнал 62,1% од БДП, и дека ќе преземе мерки за фискална консолидација, земјата да има умерено ниво на задолженост. Со новиот ребаланс на буџетот, наместо намалување на јавниот долг, тој ќе биде зголемен на 4.9% уште во првата година од мандатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот Благој Бочварски, денес на Комисијата за финансирање и буџет.
-Потоа, велеа дека инфлацијата ќе ја намалат на 2%, а денес слушаме дека таа е 3.5%. Јасно е дека ќе се кратат сретсва од веќе предвидени проекти.
Пиар програмата на власта е едно, а реалноста е друго, рече Бочварски.
Тој потенцираше дека СДСМ ако не ги зголемеше платите и пензиите на граѓаните во време на кризи и инфлација, тешко дека ќе преживеаа граѓаните, особено со минималната плата од 9 илјади денари, каква што беше во времето на ДПМНЕ, а од каде нивните стручњаци велеа дека не е добро да се покачуваат платите.
-Колку за споредба, во 2017 минималната плата беше 9 илјади денари, а денес таа е 22.500. Просечната во 2017 беше 22.500, а денес е 41.100. Пензиите се зголемија за 6.500, а сега имаме бомбастични најави за зголемување од 5 илјади денари, за кое ни останува да видиме дали ќе се случи“, рече Бочварски.
Економија
Трипуновски: Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Трипуновски-26.07.2024-3.jpg)
Министерот Цветан Трипуновски после состанокот со откупувачите и преработувачите на црвена пиперка соопшти дека е постигнат договор за откупните цени.
„Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат: прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм, втора класа – 20 денари за килограм, трета класа – 12 денари за килограм“, соопшти Трипуновски.
Тој во неколку наврати одржа состаноци со земјоделците, преработувачите и откупувачите каде што главна тема беше откупната цена и текот на откупот на црвената пиперка.
Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Вистински се грижиме за македонските земјоделци, тие конечно имаат партнер во Министерството, рече Трипуновски.
Економија
Нови цени на горивата од полноќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/benzin-gorivo-960x639.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 22.7.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,072 %, кај дизелот 1,940 %, кај екстра лесното масло 2,096 % и кај мазутот намалувањето е 3,565 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,2688 %.
Од 27.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 81,50 (денар/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС 98 83,50 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денара/литар)
Мазут М-1 НС 44,656 (денари/килограм)
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,101 денар/кг и сега ќе изнесува 44,656 денари/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.