Економија
Европска бизнис награда за „Везешари“

Компанијата за производство на јајца „Везешари“ е национален шампион од Македонија, прогласен на најголемиот Европски бизнис натпревар.
По првата фаза на оценување, Везешари е оценета од независни судии врз основа на вредностите на ЕБА за иновација, етика и успех. По ова, компанијата го продолжува својот пат кон втората фаза од натпреварот, која вклучува видео и јавно гласање.
За Арбен Абдурахмани, еден од сопствениците на Везешари, оваа награда е пример за препознавање на успехот на една македонска компанија во Европа.
„Ние сме горди што сме избрани да ја претставуваме Македонија како Национален шампион. Европските бизнис награди се познати како пример за европските динамични компании и сме горди што сме препознаени на ова ниво“, вели Абдурахмани.
Овие награди се воспоставени да ја прослават успешноста во бизнисот и најдобрите деловни практики на европската бизнис заедница. Тие се поддржани од бизнис лидери, академици и политички претставници. Годинава се вклучени повеќе од 33.000 компании од 34 држави.
Извршниот директор на Европските бизнис награди, Адриан Трип, го честита изборот на Везешари за Национален шампион „Честитки до компанијата Везешари која е избрана да ја претставува Македонија како Национален шампион. Тие се насочени кон успехот на европската бизнис заедница и ги покажуваат вредностите за иновативност, етика и успех“.
Во следната фаза Националниот шампион ќе направи презентациско видео преку кое ќе ја покаже својата уникатна приказна и ќе го објасни својот деловен успех. Независни судии ќе ги наградат најдобрите видеа од оваа група со статусот “Ruban d’Honneur“ и селектираните компании ќе бидат присутни на Гала финале во 2017 година.
Корпоративните видеа ќе бидат поставени на веб страната на Европските Бизнис Награди и компанијата која ќе добие најмногу поени во својата држава ќе биде Национален Јавен Шампион. Во натпреварот 2015/16 беа вклучени сите ЕУ членки плус Турција, Норвешка, Швајцарија, Србија и Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.