Економија
Евростат: Повеќе од 25 милиони Европејци се без работа

Европската канцеларија за статистика (Евростат), во средата соопштила дека во Европската унија (ЕУ) во моментов има повеќе од 25 милиони невработени, од кои 18 милиони се во Еврозоната.
Стапката на невработеност во ЕУ во мај изнесувала 10,3 проценти, додека во Еврозоната оваа стапка изнесувала 11,6 отсто. Споредено со април, бројот на невработени во ЕУ во мај бил намален за 63 илјади.
На годишно ниво, споредено со истиот период во 2013 година, бројката на невработени била намалена за 1,3 милиони, додека во Еврозоната оваа бројка била намалена за 636 илјади.
Евростат наведува дека според бројот на невработени, на врвот е Грција (26,8 проценти), потоа Шпанија (25,1 отсто) и Хрватска со 16,3 проценти.
Најниска стапна на невработеност имаат Австрија (4,7 отсто), Германија (5,1 отсто), Малта (5,7 проценти), и Чешка и Луксембург со по 6,3 проценти.
Во однос на младите лица, во ЕУ невработеноста изнесувала пет милиони, што е за три милиона повеќе од подрачјето на Еврозоната.
Најголема невработност меѓу младите има во Грција (57 проценти), Шпанија (54 отсто) и Хрватска (48 отсто)./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.