Економија
Фондацијата ’Илија Камчев’ почна проект за вработување социјално загрозени жени

Фондацијата ’Илија Камчев’ во среда го најави отпочнувањето на едукативниот проект за преквалификација и доквалификација на 30 самохрани мајки и мајки од социјално загрозени семејства, како и нивно вработување.
„Главна цел на овој проект е интегрирање на самохраните мајки и мајките од социјално загрозени семејства на пазарот на трудот во Македонија. Поконкретно, целта е зголемување на работоспособноста на долгорочно невработените жени, преку зголемување на нивната способност – знаење и вештини“, изјави Кристина Камчева – Стојческа, проектен директор во Фондација ’Илија Камчев’.
Проектот на Фондацијата ќе биде составен од две компоненти и ќе биде во времетраење од една година.
Со првата компонента, се овозможат предуслови за спроведување обука, преквалификација и доквалификација за 30 долгорочно невработени самохрани мајки или мајки од социјално загрозени семејства од сите етнички заедници, во период од три до шест месеци, со цел зајакнување на капацитетот на жените во процесот на барање на работа.
Преку втората компонента, која овозможува практична обука како поддршка за вработување, на пријавените жени ќе им биде овозможено стручно оспособување во период од три до шест месеци во компании со кои Фондацијата ќе склучи договор за соработка.
По завршувањето на предвидениот период за оспособување, успешните учесници во обуките ќе добијат можност да останат во постојан работен однос во компаниите каде што посетувале практична обука.
Сите заинтересирани кандидатки ќе може да се пријават на веб страната на Фондацијата www.ilijakamchev.org или, пак, преку медиумите и Центрите за социјална работа по што ќе следуваат интервјуа. Предност ќе им се даде на оние жени со најзагрозена финансиска состојба и со најниско ниво на образование. Повеќе информации може да се добијат на телефонскиот број 02 3099 667./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Од Министерството информираат дека во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
МЕРМС води и регистар на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.
Министерката Сања Божиновска истакна:
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “
Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот