Контакт

Македонија

Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Објавено пред

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.

dobivaj vesti na viber

 

 

На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.

 

Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.

 

На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.

 

 

Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд.  Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.

 

Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/

Економија

(Видео) Мицкоски: 250 милиони евра од унгарскиот кредит ќе бидат наменети за развој на домашните компании

Објавено пред

На денешната владина седница беше донесена одлука, со која му се става на располагање на стопанството сума од 250 милиони евра – средства од унгарскиот заем – за инвестиции и развој на домашните компании.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ова е историски досега најголема сума што директно се става на располагање на стопанството и преставува прва одлука со ваков износ, кој досега државата го обезбедува за стопанството, домашните компании и фирми и тие може да ги користат овие пари преку давање пазарни услови, супер ниска каматна стапка.

„Овие пари се од унгарската кредитна линија, а методологијата по која овие пари ќе станат достапни за компаниите е преку Министерството за финансии, кое со цел воспоставување на кредитната линија за финансирање инвестиции и развој на приватни трговски друштва ѝ одобри на Развојната банка бескаматен заем во износ од 250.000.000 евра. Развојната банка ќе им ги стави на располагање на банките учеснички преку рамковен договор за учество со намена финансирање на инвестициите и развој на приватните трговски субјекти запишани во Трговскиот регистар. Максималниот рок е оној што го зборувавме, до 15 години, со вклучен грејс-период до 3 години за банките учеснички. Краен датум е 15 години од датумот на потпишување на договорот за задолжување. Банките ќе ги одобруваат кредитите на крајните корисници, при што средствата може да се користат за инвестиции во основни средства. Крајниот корисник задолжително учествува со минимум 20 % од вредноста на инвестицијата. Каматната стапка на годишно ниво си останува 1,95 %, она што веќе ѝ е познато на македонската јавност, без дополнителни надоместоци за одобрување, управување и предвремена отплата на средствата. Максималниот износ на кредитот ќе биде до 10 милиони евра во денарска противвредност“, појасни Мицкоски.

Изрази благодарност до банките што изразија интерес да учествуваат во распределбата на овие пари за стопанството, а Министерството за финансии преку развојната банка ќе го менаџира овој процес.

Мицкоски очекува значајно влијание за стопанството од овие средства и пари што доаѓаат во време на криза, предизвици и отежнати глобални услови за домашните компании.

Прикажи повеќе...

Економија

Средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на владина седница

Објавено пред

На денешната владина седница се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите.

dobivaj vesti na viber

Следен чекор би бил потпишување договор со банките, компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ што може да го добијат е 10 милиони евра.

Фирмите ќе ги добијат парите со каматна стапка од 1,95 процент, грејс-период од 3 години и 12 години рок на отплата.

На социјалните мрежи се огласи премиерот Христијан Мицкоски.

„Денес, очекувам Владата да донесе одлука на домашните компании да се стават на располагање 250 милиони евра евтини кредити по супер евтина каматна стапка од 1,95, што претставува историски највисока поддршка за домашните компании“, напиша Мицкоски.

Како што додаде, ова значи посилна економија, нови инвестиции и нови работни места.

Прикажи повеќе...

Економија

Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност – глобална поддршка за зелена енергија: средба на Божиновска со координаторката на ОН, Рита Колумбија

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија. На средбата се разговараше за тековните активности и проекти кои, со поддршка на организациите на ОН, се реализираат во земјата, при што беше нагласена одличната институционална соработка на сите нивоа.

dobivaj vesti na viber

Фокусот на дискусијата беше ставен на приоритетите во областа на зелената енергија, со акцент на развојот на обновливи извори и поддршката за проекти за енергетска ефикасност. Министерката Божиновска и г-ѓа Колумбија се согласија дека забрзувањето на инвестициите во соларни паркови, ветерни електрани и други зелени технологии е од суштинско значење за долгорочната енергетска стабилност на земјата и заштитата на животната средина.

Исто така, беше истакнато значењето на националните приоритети во одржливиот развој и нивната усогласеност со глобалните стандарди, особено во контекст на Целите за одржлив развој и Националната развојна стратегија.

Посебно внимание беше посветено на подготовките за големиот енергетски форум, кој ќе се одржи во Скопје во 2025 година под покровителство на Обединетите нации. Форумот ќе ги обедини водечките глобални експерти, владини претставници и компании, со цел да се разменат најдобрите практики за правична енергетска транзиција и намалување на зависноста од фосилни горива. Оваа иницијатива е значајна можност за нашата земја да се позиционира како регионален лидер во примената на обновливи извори на енергија.

Министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да ги засили напорите за реализација на стратешки зелени проекти, при што ја изрази својата благодарност за постојаната поддршка од Обединетите нации, која е клучен двигател за одржлив развој и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

На крајот од средбата, министерката Божиновска и г-ѓа Колумбија ја потврдија подготвеноста за зајакнување на соработката и на техничко ниво помеѓу агенциите на ОН и Министерството, со цел реализација на проекти од кои директна придобивка ќе имаат граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Путин: Ако Западот престане да финансира, Владата на Украина ќе падне за еден месец

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека суверенитетот на Украина е „речиси на нула“ и дека владата во Киев „ќе...

Македонија13 часа

Мицкоски го поддржа бојкотот на маркетите: Од почеток зборувам за поединци во овој бизнис, кои шпекулативно сакаат да профитираат

Најавите за бојкот на маркетите кај нас в петок, по примерот на бојкотот на маркетите во Хрватска и Црна Гора,...

Македонија14 часа

Недостигаат лекови за 40 до 60 пациенти на Онкологија

За 40 до 60 пациенти во моментот недостигаат лекови на Онкологија. Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски,...

Регион16 часа

(Видео) Српскиот премиер даде оставка: Апсолутно сè е планирано од странство, не се сомневам во тоа

На денешната вонредна прес-конференција српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка. „Почитувани граѓани, кога на крајот на април минатата година го...

Македонија18 часа

Најави за бојкот на маркетите и во Македонија поради високите цени

Пораки за бојкот на маркетите во Македонија поради високите цени на производите осамнаа на социјалните мрежи по примерот на Хрватска...

Македонија18 часа

Кумановец почина од Ковид

Лице од Куманово на возраст над 60 години починало минатата недела од Ковид-19. Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираа...

Македонија18 часа

Македонец во Србија возел 184 километри на час, па удрил во полициско возило и повредил полицаец

Дваесет и тригодишен македонски државјанин е уапсен завчера оти возел 184 километри на час на автопатот кај Бујановац. Во оваа...

Македонија19 часа

ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје

ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за промена на максималниот регулиран приход и цена за 2024 година за...

Европа19 часа

Русија објави учебник во кој тврди дека била принудена да ја нападне Украина

Вчера, во Москва беше претставен нов школски учебник, кој ја споредува војната на Русија во Украина со советската борба против...

Свет20 часа

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп: името на Мексиканскиот Залив се менува на мапата

„Гугл“ вчера објави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во „Заливот на Америка“ на „Гугл мапс“ откако администрацијата...

Свет21 час

Трамп: Не сум 100 отсто сигурен дека не смеам да се кандидирам за трет мандат

Поранешниот и нов американски претседател Доналд Трамп предизвика нова полемика со изјавата дека не е 100 отсто сигурен дека не...

Свет21 час

Милијардер потврден како министер за финансии на Трамп, го поддржаа и многу демократи

Американскиот Сенат го потврди Скот Бесент за министер за финансии давајќи му на милијардерот и менаџер на хеџ фондовите централна...

Регион21 час

(Видео) Вучиќ им се обрати на студентите, тие го игнорираа: објавени снимки од блокадата

Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад,...

Македонија1 ден

(Видео) Македонските Евреи се дел од нашиот идентитет, рече Давкова и повика на организирани посети на Треблинка

Не смее да има дете, млад човек, возрасен што не знае за холокаустот, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која вечерва присуствуваше...

Свет1 ден

Шефот на НАТО: Два проценти од БДП за одбраната беа поставени пред 10 години, тоа веќе не е доволно

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ги повика земјите-членки на НАТО да трошат повеќе за одбрана од сегашната цел...

Македонија1 ден

Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени

Не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование. Се работи за...

Македонија1 ден

Отворено писмо од гимназиски професори: Со отстранувањето на философијата во македонското образование стануваме периферија

Гимназиски професори по философија, логика и етика реагираат по повод Концепцијата за гимназиско образование, истакнувајќи дека радикално и категорично ja...

Македонија2 дена

Клековски: „8 Септември“, Штип, Битола и Тетово или ќе третираат и со биолошка терапија или нема потреба од онколошки одделенија што не работат

Шесте онколошки лека што недостигаат ќе бидат обезбедени неделава, уверува и денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски,...

Македонија2 дена

Чудно е како Палевски ги има записниците од испитувањето на другите обвинети, вели обвинителката Крстевска

Од страна на првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски, Љупчо Палевски, беше побарано изземање на обвинителката Жаклина...

Топ2 дена

(Фото) Пронајдено безживотно тело на улица во Аеродром

Утрово околу 7 часот и 30 минути тело на мртов човек беше пронајдено на улица во скопската населба Аеродром. На...