Македонија
Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.
На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.
Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.
На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.
Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд. Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.
Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС

Државниот завод за статистика изминативе денови излезе со податоци, со споредба на првиот квартал од 2024 година и со првиот квартал од 2025 година.
„Бројките говорат дека имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово.
„Во градинарскиот сектор зголемувањето е до 50% во споредба со првиот квартал од 2024 година. Тоа значи дека навистина како Влада, како Министерство се движиме во вистинска насока, да го зголемуваме производството и девизниот прилив во државата“, појасни министерот.
Министерот посочи дека и во другите сектори има зголемување во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи.
„Тоа е еден добар параметар, добар показател дека навистина она што го работиме изминативе 10-11 месеци како Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски дава позитивни резултати“, истакна министерот Трипуновски.
Економија
Сиљановска има предлог за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова знае кој ќе биде нејзиниот предлог за нов гувернер на Народната банка, но не сакаше сè уште да го открие неговото име пред новинарите.
Таа ја спомена и важноста на одлуката кој ќе биде заменик-гувернер на НБРМ бидејќи неопходна ќе биде соработката меѓу нив.
„Она што со право создаде дебати меѓу вас, како и прашања, беше нешто што мислам дека би требало да се практикува за секоја функција. Да седнете со сите луѓе што се споменуваат и да разговарате, да ги прашате секој што мисли за другиот или што мисли тој дека може да направи. Јас би сакала да има повеќе кандидати, но тоа не е можно секогаш. Во оваа област е потребна соработка, важно е и кој ќе биде заменик-гувернер оти треба да соработуваат меѓу себе“, рече претседателката Сиљановска.
Нагласи и дека разговарала со кандидатите за оваа функција и низ призмата на експертско знаење нема проблем. Сме имале среќа во оваа држава, вели Сиљановска, и одлично сме се однесувале кон оваа функција. Ако се погледне наназад, ќе се види дека сме имале добри гувернери, истакна претседателката.
Сиљановска објави и дека консултирала и експерти од областа, луѓе што се врвни, па дури и кои биле на функцијата.
Седумгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај. Меѓу кандидатите за оваа функција се поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, поранешната вицегувернерка Маја Кадиевска-Војновиќ, како и актуелната гувернерка Бежоска.
Економија
Маркетите „Веро“ со летна наградна игра и вредносен ваучер од 500.000 денари: „Ова лето купувај, цела година уживај“

Со слоганот „Ова лето купувај, цела година уживај“, ВЕРО Маркети ја лансираат својата нова голема летна наградна игра од 21 мај до 18 јули 2025 година и ќе им понуди на потрошувачите можност да освојат вредни неделни награди, како и главна награда вредносен ваучер во износ од 500.000 денари.
Во рамки на целата наградна игра ќе бидат доделени:
● 1 ваучер од 500.000 денари
● 8 ваучери од 30.000 денари
● 8 ваучери од 15.000 денари
● 24 ваучери од 12.000 денари
● 48 ваучери од 6.000 и 3.000 денари
Во периодот на наградната игра, секоја сабота во 12 часот во ВЕРО Центар – Скопје, ќе се одржуваат јавно извлекувањата на добитниците. Големото финале ќе се одржи на 19 јули 2025 година, кога ќе биде извлечен среќниот добитник на ваучер во вредност од половина милион денари.
Секој потрошувач кој ќе направи сметка над 350 денари со барем еден производ од означената промотивна понуда, добива купон за учество. Со пополнување на купонот и негово оставање во обележаните кутии во ВЕРО маркетите, автоматски се вклучува во извлекувањата за вредносни ваучери.
Имињата на среќните добитници ќе бидат јавно објавувани на официјалните социјални мрежи на ВЕРО Маркети, а информации ќе може да се добијат и директно во маркетите.
ВЕРО Маркети ги наградуваат своите потрошувачи ова лето како никогаш досега – затоа купувајте, зачувајте ја фискалната сметка и очекувајте ја вашата шанса за добивка!
(ПР)