Компании
Четири сортни вина на винаријата „Стоби“ се закитија со златни медали на „Вино Љубљана“
Четири сортни вина на македонската винарија „Стоби“ добија златни медали на најстариот вински натпревар во светот „Вино Љубљана“ кој се одржа на крајот на мај во главниот град на Словенија.
Овој престижен настан е рангиран меѓу 10-те најелитни вински случувања, а годинава беа оценувани 358 вина од 21 држави, меѓу кои и Јапонија, Уругвај, Нов Зеланд, Аргентина како и од Македонија.
Одлуката за тоа кои ќе бидат наградени ја донесоа 40 критичари од 11 земји, а на „Стоби“ му припаднаа четири први места за „Кабарне совињон 2012“, „Сирах 2011“, „Вранец веритас 2012“ и „Аминта 2013“. Македонската винарија и минатата година беше дел од „Вино Љубљана“ кога „Шардоне барик 2013“ беше прогласен за севкупен шампион во категоријата бели суви вина.
„Стоби“ неодамна учествуваше и на Балканскиот вински натпревар каде што освои сребрен медал за „Грашевина 2014“ и три бронзи за „Вранец Веритас 2011“, „Петит Вердот 2011“ и „Роксана 2012“. Винаријата од самото основање учествува на натпревари низ целиот свет и досега има освоено медали на повеќе престижни вински настани во Германија, Франција, Велика Британија, Словенија, Чешка, Хрватска, Словенија итн.
Не стивнуваат и позитивните критики за македонските вина кои доаѓаат од Америка каде што „Стоби“ извесен период е присутен на пазарот. Престижниот весник „Волстрит журнал“ пред околу еден месец ја рангираше македонската „Жилавка“ меѓу топ пет пролетни вина во светот додека реномираниот „Вашингтон пост“ го препорача „Вранец 2012“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)