Компании
Фабриката за кроасани „Grand Foods Corporation“ почнува со работа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/croissant.jpg)
Свеченост по повод изградбата и почетокот на редовно производство на фабриката за кроасани „Grand Foods Corporation“, ќе се одржи во среда во индустриската зона во Марино, општината Илинден.
Производствениот комплекс опфаќа 6.000 квадратни метри работна површина. Инсталирани се машини, опрема и технологија од најнова генерација произведени во Германија, Италија, Австрија и Швајцарија. Целокупниот процес на производство е автоматизиран.Според инсталираните капацитети на почетната линија за производство, „Grand Foods Corporation“ е најголема фабрика за производство на кроасани на Балканот и поширокиот регион на Југоисточна Европа.„Grand Foods Corporation“ е приватна инвестиција во висина од 6,5 милиони евра. Инвеститор е компанијата „Гранд – експорт“ од Скопје. Оваа компанија со години има лидерска позиција и важи за најсигурна, ефикасна и ефективна продажно – дистрибутивна мрежа со прехранбени производи на македонскиот пазар./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Официјална премиера на целосно новата Škoda Kodiaq
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/DSC_0273.jpg)
Škoda го лансираше својот водечки SUV, целосно новиот Škoda Kodiaq, на македонскиот пазар. Со својот моќен и робустен изглед, новиот Kodiaq поставува нов репер во сегментот SUV, комбинирајќи ја врвната технологија со исклучителна удобност и простор.
Надворешноста на Kodiaq е целосно редизајнирана, прикажувајќи ги елементите на новиот дизајнерски јазик Modern Solid на Škoda. Елегантните, аеродинамични подобрувања не само што ја подобруваат естетиката на возилото туку придонесуваат и за неговите извонредни перформанси. Новиот Kodiaq е за 6 см подолг во споредба со претходникот и нуди уште повеќе простор и комфор за сите патници. Во понуда е и варијантата со 7 седишта.
Вниманието на надворешноста го привлекуваат LED matrix светлата од втората генерација и предната решетка со хоризонтална светлосна лента. Внатрешноста е збогатена со текстил и кожа кои потекнуваат од еколошки процес на обработка и го рефлектираат фокусот на одржливоста.
Kodiaq во својата втора генерација нуди свеж и иновативен концепт на ентериерот со четири специфични дизајнерски селекции – Loft (текстил), Lounge (текстил-волна), Suite Black и Suite Cognac (кожа) кои во комбинација со опционални пакети креираат комплетно различно доживување. Ново ниво на удобност и релаксација нудат опционално достапните ергономски седишта со пневмо-масажа. Инфозабавниот дисплеј сега е самостоен, со дијагонала на екранот до 13 инчи и е опционално е достапен со head-up дисплеј.
Рачката на менувачот сега е поставена на управувачкиот столб, што и дава на централната конзола многу чист и уреден изглед и додава дополнителен простор. Škoda Smart Dials се уште една сосема нова карактеристика на целосно новиот Kodiaq – три ротациони контроли позиционирани под инфозабавниот екран. Комбинирајќи ги хаптичките контроли со екранот во боја од 32 милиметри, тие обезбедуваат интуитивен, лесен и приспособлив пристап до различни функции на возилото и инфозабавниот систем.
Со постојаната интернет конекција кај Kodiaq овозможено е безжично ажурирање на софтверот, мапите за навигација и разните услуги на Skoda Connect – како на пример Далечинско активирање на климатизацијата или полнењето на батеријата (kaj Plug-In варијантата), проверка на сообраќајот или временската прогноза и сл. Интегрирањето на четботот заснован на вештачка интелигенција ChatGPT во неговиот гласовен асистент Laura, Škoda го подобрува искуството на многу клиенти и помага да се олесни секојдневниот живот. Новата предна конзола овозможува индуктивно полнење на два смартфони истовремено, обезбедувајќи вентилација и моќност од 15W на безжично полнење и 45W преку USB-C портата за брзо полнење.
Опсегот на погонски единици на Kodiaq покрај добро познатите бензински 1.5 TSI DSG Mild-hybrid со 110 kW (150 KS) и дизелските 2.0 TDI EVO DSG со 110 kW (150 KS) и 142 kW (193 KS) во комбинација со погон на сите тркала 4х4, сега е проширен со возбудливото деби на plug-in хибриден погон од 150 kW (204 КС) кој нуди повеќе од 100 km чисто електричен опсег. Ова обезбедува динамично возачко искуство прилагодено на секоја потреба. Сите погонски единици се достапни единствено со автоматски DSG менувачи.
На располагање кај новиот Kodiaq се девет различни бои, меѓу кои и новата Bronx Gold металик. Изборот на алуминиумски тркала почнува од 17” тркала како стандардна опрема, па се до 20” тркала “RILA Aero anthracite” претставени на изложените возила.
Економија
Македонска премиера на целосно новиот Volkswagen Tiguan
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/DSC_0170.jpg)
• Новата генерација на Volkswagen Tiguan е претставена со прогресивни технологии и харизматичен дизајн
• Новите plug-in хибридни погони овозможуваат електричен опсег од околу 100 километри и брзо DC полнење
• Новиот ентериер со јасно структуриран дигитален кокпит, инфозабавен екран, head-up дисплеј и копче за избор на искуство во возењето е лесен за употреба и се заснова на конкретни повратни информации од клиентите
• Новиот адаптивен систем за контрола на потпирањето DCC Pro, технологија од премиум класата, обезбедува максимална удобност и врвна агилност
Volkswagen на македонскиот пазар го претстави целосно новиот Tiguan, во третата генерација на бестселерот. Во моментот Tiguan е еден од најуспешните модели на Volkswagen во светот. Повеќе од 7,6 милиони купувачи го избраа компактниот SUV од неговото деби во 2007 година. Новиот модел може да го разгледате во салоните на Volkswagen.
Новите технолошки достигнувања реализирани со MQB evo го подобруваат Tiguan практично во секоја област. Новите хибридни погони со целосно електричен досег од околу 100 km го прават овој SUV поефикасен од кога било досега. Дополнително, полнењето со наизменична струја ќе биде побрзо во сите верзии на eHybrid, а за прв пат стандардно ќе биде можно и брзо DC полнење.
Чисто дизајниран дигитален кокпит базиран на MIB4, модуларната инфозабавна матрица од четвртата генерација, нуди највисоко ниво на информации и носи дигитални услуги и апликации. Оперативниот концепт е дизајниран да биде максимално интуитивен. Дополнително, новите системи како што се функцијата за пневматска масажа за предните седишта или IQ.LIGHT HD матричните предни светла – кои се користат за прв пат во Tiguan – се добиени од премиум моделот Touareg. Новата адаптивна контрола на потпирањето DCC Pro ги оптимизира удобноста и динамиката. Најновата генерација на помош при паркирање го олеснува возењето во и надвор од паркинг местата.
Експресивен дизајн и подобрена аеродинамика
Компактниот SUV доаѓа со целосно нов дизајн. Како особено впечатлива карактеристика, предниот дел на возилото има моќен изглед со многу рамни LED фарови и хоризонтална лента покриена со стакло. Отворите на решетката на ладилникот сега се наоѓаат на надворешните страни на браникот, каде што воздушните завеси обезбедуваат оптимално насочување на воздухот. Чисто дизајнираниот преден дел го нагласува фактот дека коефициентот на отпор е подобрен од 0,33 на 0,28. Оваа силуета се карактеризира со атлетски раменици над тркалата, кои пак се достапни во димензии до 20 инчи. Новата хоризонтална LED лента додава акцент на непогрешливиот заден дел на Tiguan.
Ново генерирање на дигиталниот борд компјутер и инфозабавен систем
Внатрешноста на Tiguan се одликува со сосема нов концепт и дизајн. Се издвојува со високите стандарди на материјал и изработка. Покрај тоа, новиот дигитален борд компјутер е интуитивен за употреба, тесно интегриран и има чист и паметен дизајн. Модулите го вклучуваат новиот дигитален борд компјутер (дигитални инструменти со анти-рефлектирачки слој во формат на таблети), инфозабавен екран до 38 сантиметри (15 инчи) и има целосно нова структура на менито и графика, нов head-up дисплеј (проекции на ветробранот) и ново мултифункционално копче за избор на искуство во возењето со интегриран OLED дисплеј. Оваа нова ротациона контрола со свој мини екран може да се користи за контрола на профилот на возење, јачината на звукот на радиото или пак, за прилагодување на боите на амбиентното осветлување. Спротивно на тоа, бројните функции на возилото и инфозабавниот систем може лесно да се прилагодат со помош на говор со новиот гласовен асистент IDA.
Ефикасен опсег на погони
Благодарение на MQB evo, во Tiguan може да се имплементираат различни типови на погони. На пример, ќе има турбо дизел мотори (TDI), турбо бензински мотори (TSI), благи хибридни турбо бензински мотори (eTSI) и plug-in хибридни системи (eHybrid), кои ќе се нудат исклучиво во спрега со автоматски менувач со двојна спојка ( DSG). Како кај ID.7 и новиот Passat, режимот на работа на менувачот во иднина ќе се менува со помош на изборник на воланот десно од воланот со интиутивен принцип на работа. Прекинувачот се врти нанапред во „D“ за да се вози напред и наназад до „R“ за назад, додека рачната сопирачка се активира со притискање на страничното копче на изброрникот. Сите модели на Tiguan дополнително имаат типтроник зад воланот.
Електронски контролирана опрема за возење за дополнителна практичност и динамика
MQB evo обезбедува основа за нова генерација на опрема за возење. Покрај мноштво индивидуални мерки, Volkswagen ја обнови адаптивната контрола на потпирањето DCC со опционалниот DCC Pro со амортизери со два вентили. Новиот модел е стандардно опремен дополнително со Vehicle Dynamics Manager – систем MQB кој го имаше своето деби во актуелниот Golf GTI. Системот ги контролира функциите на електронските блокади на диференцијал (XDS) и страничните динамички компоненти на контролираните амортизери во системот DCC Pro. Специфичните интервенции на сопирање на тркалата и селективните промени во цврстината на амортизерот доведуваат до поголема удобност и подобрени перформанси за време на динамичните свиоци. Ова го прави управувањето со возилото постабилно, агилно и попрецизно.
Седишта за долги растојанија
Новите ergoActive Plus седишта со пневматско четиринасочно лумбално прилагодување и пневматска функција за масажа со притисок со 10 комори се идеални за висококвалитетниот карактер на Tiguan. Дополнително, има и програмска функција за автоматско активирање на греењето на седиштата или вентилација на седиштата при одредени надворешни температури.
Нов бестселер на повидок
Воден од исклучителните резултати на двете претходни генерации и надоврзувајќи се со целосно новиот дизајн и со врвните комфорни, безбедносни и погонски технологии, новиот Tiguan најавува рекорди во продажбата и уште едно поглавје во приказната за ултра-успешните модели на брендот Volkswagen.
(ПР)
Економија
БРАКО ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/BRAKO-IFAT-2024-2.jpg)
БРАКО ќе претстави ново електрично возило од својот бренд Грин Машинс на светскиот саем IFAT, кој следната недела ќе се одржи во Минхен.
Возилото беше развивано две години од страна на инженерскиот тим за развој на БРАКО/Грин Машинс и е сосема ново техничко и функционално решение во програмата за производство на возила за одржување урбана хигиена.
Моделот 720 ZE работи на електричен погон и e со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, поголем контејнерски простор, широка кабина за две лица, 360⁰ камера и оптимизиран начин на чистење.
Се очекува новиот модел да отвори уште повеќе пазари во светот, каде се бараат возила за одржување хигиена од овој габарит и перформанси.
Моделот 720 ZE беше најавен како концепт на саемот IFAT во 2022 гoдина и тимот за развој планираше да го развие во следните две години, во што и успеа и создаде возило кое е целосно замислено, проектирано и произведено во погоните на БРАКО.
Возилото во завршна фаза беше претставено пред гостите на прославата на 20-годишнината на Феро Инвест и БРАКО пред шест месеци, а сега во Германија ќе ја доживее својата светска промоција.
(ПР)