Контакт

Компании

Групацијата Триглав ја зачува финансиската стабилност и високата бонитетна оцена

Објавено пред

Профитабилноста во работењето во согласност со прогнозите, а одличните резултати на Триглав Осигурување Скопје показатели на финансиската стабилност и моќ на компанијата, се заклучува во редовниот извештај на компанијата за изминатите три тримесечја.

dobivaj vesti na viber

 

Групацијата Триглав во деветте месеци од 2016 година успешно работеше во отежнати пазарни услови. Во дадениот период групацијата оствари добивка пред оданочување во висина од 68 милиони евра, додека пак консолидираната бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување изнесуваше 721 милион евра. Растот на премијата на групацијата Триглав во Словенија беше на исто ниво со порастот на самиот пазар, додека пак на останатите пазари изнесуваше 9 отсто.

На работењето во првите девет месеци од 2016-та година влијаеле масовни штетни настани, како и историски ниските, односно негативни каматни стапки на финансиските пазари. Во Триглав оценуваат дека, доколку се земат во предвид очекуваните пазарни услови до крајот на годината, годишната добивка пред оданочување ќе биде во планираните рамки. Триглав Осигурување Скопје, кој што е дел од групацијата Триглав, го заврши третиот квартал од 2016-та година со одлични финансиски резултати и го подобри комбинираниот количник, кој што е показател на успешноста во работењето во основната дејност.

Групацијата Триглав во првите девет месеци од оваа година работеше успешно во тешки пазарни услови и го заврши дадениот период со нето добивка во висина од 54 милиони евра (48 милиони евра нето добивка од матичното друштво), додека добивката пред оданочување изнесуваше 68 милиони евра (60 милиони евра од матичното друштво).

Групацијата во првите девет месеци обезбеди 721 милион евра консолидирана бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување, што е два милиона евра повеќе од истиот период минатата година (т.е. 2 отсто повеќе, доколку се земе во предвид и минатогодишната продажба на осигурителната компанија од Чешка). Премиите од неживотно осигурување беа зголемени за 1 процент, а доколку се земе во предвид и продажбата на чешката компанија, нивниот раст изнесува 3 отсто. Премиите од осигурување на живот се намалија за 2 отсто, и тоа првенствено поради фактот што голем број на осигурителни полиси во дадениот период доспеале за осигурително покритие доживување, додека пак премијата од здравственото осигурување се зголеми за 4 отсто.

Во Словенија групацијата Триглав обезбеди вкупно 0,3 отсто поголема премија споредено со истиот период минатата година, што е на исто ниво со порастот на целиот словенечки пазар. На останатите пазари просечниот раст на премија на групацијата Триглав во првите девет месеци од оваа година изнесуваше 9 отсто, споредено со истиот период минатата година.

Споредено со минатата година, на годинешното работење на групацијата Триглав во доменот на осигурувањето влијаеја масовни штетни настани, првенствено летните бури проследени со град, потоа априлскиот мраз и локалните поплави во Словенија. Во дадениот период вкупната вредност на масовните штетни настани во групацијата Триглав изнесуваше 19 милиони евра. Ова првенствено влијаеше на покачување на комбинираниот количник на Групацијата. Неговата вредност во првите девет месеци од оваа година изнесуваше 95 отсто, што е во согласност со неговата стратешка целна долгорочната просечна вредност
.
Приносите од финансиските инвестиции на групацијата Триглав беа за 21 отсто пониски во споредба со истиот период минатата година, првенствено поради пониските нето профити од продажбата на финансиски средства. Неизвесноста, слабиот економски раст во целиот свет, ниските инфлациски очекувања, како и влијанието на Brexit предизвикаа оваа година неповолни услови на меѓународните финансиски пазари, проследени со историски ниски, односно негативни каматни стапки и висока нестабилност на пазарите за хартии од вредност. Не може да се очекува брзо подобрување на условите на финансиските пазари. Групацијата Триглав, во согласност со инвестициската политика и во согласност со состојбите гo прилагодува учеството во поединечните инвестициони класи и во структурата на инвестиции го задржува доминантниот удел на првокласни државни обврзници.

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави „Задоволни сме со работењето оваа година, со постигнатата профитабилност, како и со зачуваната финансиска стабилност на групацијата Триглав. Ние сме словенечкото друштво со највисок кредитен рејтинг во државата, бидејќи оваа година две рејтинг агенции, “S&P Global Ratings и A.M. Best“, ни го покачија рејтингот од „А-„ на “А“, а рејтинзите имаат стабилна среднорочна прогноза. Стратешко насочување кон осигурителната дејност на Групацијата покажува добри резултати. Работењето на словенечкиот осигурителен пазар, но и на пазарите надвор од Словенија, каде гледаме можноста за раст на премија, беше успешно и во согласност со очекувањата. Приносите од финансиските инвестиции, како што очекувавме, оваа година се пониски, согласно историски ниските каматни стапки. Земајќи ги во предвид очекуваните услови на работење до крајот на годината, оценуваме дека овогодишната добивка пред оданочување на групацијата Триглав ќе биде во планираните рамки”.
Групацијата Триглав на македонскиот пазар
Триглав Осигурување Скопје во првите три квартали од 2016-та година со неподелен фокус работеше на реализирање на зацртаните цели на компанијата, што секако придонесе кон остварување на одлични резултати. Вкупната бруто полисирана премија на крајот на септември, 2016-та година беше во рамките на резултатот за истиот период минатата година. Компанијата во дадениот период оствари раст на премија од 15% во сегментот на каско осигурување, а висок раст на премија постигна и во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување. Најдобар показател за успешното работење на Триглав Осигурување Скопје во основната дејност на осигурување е секако подобрувањето на комбинираниот количник, кој што во споредба со истиот период минатата година покажа пад, достигнувајќи 97,4 отсто. Количник под 100 укажува на позитивно работење во доменот на неживотното осигурување како основна дејност.

“Деловниот успех на Триглав Осигурување, Скопје е резултат на посветеноста на компанијата на стратешките насоки, кои што, покрај зацртаните финансиски цели, вклучуваат и иновативен пристап во развојот на производи и услуги со висок квалитет, како би се обезбедиле задоволството и лојалноста на клиентите. Во дадениот период први на пазарот воведовме сосема нова услуга – автомобилска асистенција. Исто така, продолживме да го развиваме доброволното приватно здравствено осигурување и воведовме нов производ во овој сегмент – осигурување на операции, сѐ со цел, на клиентите да им понудиме потполно решение во доменот на здравственото осигурување. Клиентите и јавноста го препознаваат квалитетот што го обезбедуваме, а потврда за тоа се QuDAL медалот за квалитет, кој што го добиваме втор пат по ред, како и најдобрата позиција меѓу сите македонски осигурители на SeeNews Top 100 листата на осигурителни компании во Југоисточна Европа”, изјави во оваа прилика г. Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување Скопје./крај/мф/гп

Економија

„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“

Објавено пред

Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.

dobivaj vesti na viber

Официјален опис на процесот

На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.

Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.

Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:

„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“

Искуство од прва рака

Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.

„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.

„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.

Исцрпувачко и монотоно

Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.

„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.

„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.

Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.

„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.

Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.

Прикажи повеќе...

Економија

„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid

Објавено пред

Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.

dobivaj vesti na viber

Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:

Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €

Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.

Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.

Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија5 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ7 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија8 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија8 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија9 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа11 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија11 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија12 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија12 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет12 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет12 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа13 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа14 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа14 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија24 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...