Контакт

Компании

Moody’s: Rosneft би можел да има проблеми со рефинансирање на долговите

Објавено пред

Руските компании, вклучувачи го и нафтениот гигант Rosneft, би можеле да се соочат со потешкотии во рефинансирање на 112 милијарди долари долг, кој доспева за наплата во наредните четири години, од што значителен дел се очекува во наредната година, се истакнува во извештајот на агенцијата Moody’s.

 

 

Рејтинг агенцијата предупреди дека во 2015 година руските компании концентрирани околу Rosneft и државниот гасен гигант Gazprom би можеле да се соочат со потешкотии во решавање на доспеаните обврски по долгови кон банките и по обврзниците.

 

Руските компании, имено, ги очекуваат построги услови за рефинансирање на меѓународните заеми откако Западот на некои од нив им наметна санкции поради руската улога во Украина. А покрај тоа, растот на руската економија забави, па во оваа година бруто домашниот производ би можел да порасне само 0,5 отсто.

 

Официјален Вашингтон минатата недела воведе нов круг санкции за Rosneft, производителот на гас Novatek и банката Gazprombank, компании со кои управуваат сојузници на рускиот претседател Владимир Путин.

 

„Оваа година рефинансирањето на долгот на руските издавачи би можело да претставува поголема потешкотија од досега, а барањата на руските издавачи за рефинансирање на долговите кон банките би можеле да биде најизразени во 2015 година“, наведуваат аналитичарите на Moody’s.

 

Rosneft ќе мора да отплати во 26,2 милијарди долари долг во периодот од јулуи 2014 година и декември 2015 година, со тоа што поголемиот дел од обврските компанијата ги очекува во последниот квартал од годината и во првиот квартал од наредната, и тоа во износи од 9,4 милијарди долари, односно 11,8 милијарди долари. Moody’s проценува дека од тоа приближно пет до шест милијарди долари мора да бидат рефинансирани.

 

Во извештајот се наведува и дека значителен дел од руските долгови кои доспеваат за наплата се концентрирани во енергетскио сектор, на кој отпаѓаат 72 отсто од вкупните руски долгови кои пристигнуваат на наплата во наредните четири години. Преостанатите 28 отсто отпаѓаат на секторите енергетска дистрибуција, метали, вадење руди, услуги за превоз, телекоми и хемиска индустрија. /крај/

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Домашната платежна картичка може да се користи и за онлајн купување на „Групер“

Објавено пред

Сите купувачи, љубители на онлајн шопинг и попусти ќе може да ја користат домашната платежна картичка од кампањата на владата „Купувам домашно“ и на Групер.мк, каде може да се најдат преку 300 услуги и производи од македонски компании.

Покрај зделки со попусти за убавина, ресторани, едукација, спортување и адреналински тури, купувачите може да купат и патувања за престој во некој од македонските хотели и вили од сите делови на земјата. Дополнително со домашната платежна картичка корисниците може да купуваат и производи од онлајн продавниците во склоп на Групер шопинг мол, произведени од македонски компании, како и да прават нарачки за достава на храна од скопските ресторани во склоп на услугата #ХранаДоДома.

Сите продукти кои се дел од кампањата се сместени и означени во посебен дел на сајтот со стикер „Купувам домашно“ каде лесно може да се пребарува по различни катетегории, а истите може да се купуваат и преку мобилната апликација на „Групер“. Средствата од картичката купувачите може да ги искористат на ист начин како при онлајн плаќање со која било друга платежна картичка. Картичките може да се користат заклучно со 15 август.

Прикажи повеќе...

Економија

Димковски ги повика производителите на земјоделски производи и традиционални специјалитети, да ги заштитат своите производи

Објавено пред

Министерот за земјоделство и шумарство, Трајан Димковски, денеска од Дојран ги повика сите производители на земјоделски производи и традиционални специјалитети да ги заштитат своите производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.

Тој нагласи дека југоисточниот дел на нашата држава изобилува со самоникнати диви смокви, посебно на подрачјето на општините Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Од дивите смокви, во овој крај традиционално се произведува познатото слатко од диви смокви. Сепак, слаткото од диви смокви се произведува само за домашна употреба. За да може овој вкусен традиционален производ да се пушти во слободна продажба на пазарите и да прерасне во бренд специфичен за овие простори, потребно е да се заштити со ознака за гарантиран традиционален специјалитет, објасни министерот.

Министерството неодамна го објави јавниот повик наменет за финансиска поддршка за изработка на елаборати и спецификации на регистрација за заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет.

„Ние имаме многу наши надалеку познати традиционални специјалитети кои досега не беа заштитени со ниту една од предвидените ознаки. Затоа ги повикувам сите оператори кои се занимаваат со производство, преработка или трговија на ист земјоделски или прехранбен производ без разлика на нивниот правен облик или состав и кои се мотивирани да го заштитат својот производ, да аплицираат на јавниот повик за кој останува уште 31 ден, заклучно со 2 август“, изјави министерот Димковски.

Со цел да ги потикнеме нашите производители на земјоделски производи и традиционални специјалитети, да ги заштитат своите производи, во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, одвоивме средства во висина од 1.500.000 денари, додаде Димковски.

„МЗШВ оваа година ќе почне со заштита на неколку производи и секоја наредна година ќе продолжи да одвојува средства за заштита на уште многу други земјоделски производи и домашни традиционални специјалитети, онака како што тоа се прави во останатите европски држави.

На тој начин, со нашето пристапување во Европската Унија нашите заштитени производи ќе можеме да ги промовираме на европскиот пазар со заштитени ознаки“, порача министерот.

Прикажи повеќе...

Економија

„Шкода“ освои шест награди „Семеен автомобил на годината“ во изборот на читатели на „АУТО Штрасенверкер“

Објавено пред

„Шкода“ освои шест награди „Семеен автомобил на годината“ во изборот на читатели на „АУТО Штрасенверкер“.

• OCTAVIA COMBI освои награда за „Најдобар дизајн“
• OCTAVIA COMBI и SUPERB COMBI ја освоија наградата за „Најдобра технологија“
• SUPERB COMBI беше прогласен за „Најдобра вредност за парите“
• „Шкода“ има освоено вкупно 34 награди од првиот избор на читатели на списанието во 2011 година

Читателите на германското специјализирано списание „АУТО Штрасенверкер“ (AUTO Straßenverkehr) ги изгласаа моделите на „Шкода“ за „Семеен автомобил на годината“ во шест категории. Ова значеше дека чешкиот производител однесе дома повеќе награди од кој било друг бренд учесник. Вкупно 128 возила се натпреваруваа во три различни категории за „Најдобар дизајн“, „Најдобра технологија“ и „Најдобра вредност за парите“. За секоја од нив, читателите избраа еден автомобил и еден генерален победник. OCTAVIA COMBI се искачи на врвот во категоријата „Најдобар дизајн“, а исто така ја освои и наградата за „Најдобра технологија“. SUPERB COMBI беше крунисан како „Најдобра вредност за парите“ во целина. Исто така, беше изгласан за автомобил со „Најдобра технологија“ во својата категорија. „Шкода“ има освоено вкупно 34 награди од првиот избор на читатели на „АУТО Штрасенверкер“ во 2011 година.

Изборот на „Семеен автомобил на годината“ од читателите во 2020 година се одржа по деветти пат. Во него беа вклучени само седани, SUV и Combi-возила со капацитет на багажник од над 400 l и основна цена до 45.000 евра.

„Шкода“ има освоено неверојатни 34 награди за „Семеен автомобил на годината“ од 2011 година
Оваа година, вкупно 9.341 читател на германскиот специјализирано списание „АУТО Штрасенверкер“ го дадоа својот глас за своите омилени семејни возила. ŠKODA освои шест награди: три за OCTAVIA COMBI и три за SUPERB COMBI, повеќе од кој било производител, потврдувајќи ја извонредната позиција na „Шкода“ меѓу брендовите на семејни автомобили оваа година. Чешкиот производител, кој годинава ја прославува својата 125-годишнина, ја освојува посакувана титула вкупно 34 пати од првиот избор на читатели на списанието во 2011 година.

Поглед одблиску на резултатите на „Шкода“

Новата четврта генерација ŠKODA OCTAVIA COMBI беше номинирана за првпат и ги импресионира читателите во повеќе области. Бестселерот на брендот ја освои генералната и наградата за увозно возило за „Најдобар дизајн“ на возила под 25.000 евра и беше прогласен и за омилено увозно возило со „Најдобра технологија“ во оваа категорија.

Исто така, ŠKODA SUPERB COMBI освои неколку признанија „Семеен автомобил на годината“. Автомобилот со средна големина се натпреваруваше меѓу моделите со вредност од 25.000 до 35.000 евра. Беше крунисан во конкуренцијата на „Најдобра вредност за парите“, како увозен автомобил и во целина. Дополнително, се искачи на врвот во категоријата за „Најдобра технологија“ меѓу возилата во својот ценовен опсег.

Читателите истакнуваат: „Возилата на ‘Шкода’ се импресивни семејни автомобили“

Моделите на чешкиот производител освоија поени со нивниот извонреден простор за патници и багаж или намирниците од неделното пазарење. Нивниот концепт за флексибилен простор обезбедува дополнителни придобивки: седишта на преклоп и многу едноставни детали, вклучувајќи куки за торбички, држачи за пијалаци, прегради и мрежи во багажникот, кои обезбедуваат максимална функционалност. Покрај тоа, возилата на „Шкода“, претставуваат најсовремена безбедност, редовно постигнувајќи максимален рејтинг на тестовите на Euro NCAP.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија2 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет4 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет4 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија4 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет4 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија4 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет4 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет4 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет5 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет16 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија22 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија22 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија23 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија23 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија23 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија1 ден

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Досие