Компании
Силен пораст на приходите и добивката на Walt Disney

Американската компанија Walt Disney оствари во третиот квартал нето добивка од 1,5 милијарди долари, осум отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година, благодарение меѓу другото на успесите на филмовите „Господарка на злото“ и „Чувари на галаксијата“.
Вкупните приходи на Walt Disney достигнаа во минатото тромесечје 12,39 милијарди долари, што е за седум отсто повеќе во однос на истиот период лани, стои во извештајот на компанијата
.
Прутоа приходит ена компанијата од продажба на карти во нејзнините забавни паркови пораснаа на годишно ниво за седум отсто.
Благодарение на филмовите „Чувари на галаксијата“и „Господарка на злото“, во кој главнат аулога ја толкува Анџелина Џоли, оперативната добивка на гфилмското студио на филмското студио Disney скокнала на 254 милиони долари, што е двојно повеќе во однос на истиот период лани.
Но, оперативната добивка на кабелската телевизија ESPN падна поради повисоките цени за договарање на пренос на натпревари од националната фудбалска и кошаркатска лига, и тоа за еден тосто, на 1,3 милијарди долари.
„Нашите резултати во деловната 2014 година достигнаа највисоко ниво во историјата на компанијата, што е четврта последователна година на рекордни резултати“, рече во соопштението Роберт Игер, извршен директор на компанијата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Кроација осигурување носи сигурност поблиску до вас: две нови филијали во Скопје

Компанијата Кроација осигурување со гордост најавува отворање на две нови филијали во главниот град. Новите локации се наоѓаат во двете најдинамични и растечки населби во Скопје – Карпош и Аеродром. Филијалата во Населба Карпош се наоѓа на Булеварот Партизански одреди бр. 109, додека филијалата во Населба Аеродром е лоцирана на Ул. Коста Новаковиќ бр. 17/1 лок. 6.
Отворањето на новите филијали е дел од стратегијата на компанијата за проширување на присуството и за обезбедување лесен пристап до услугите за осигурување за сите граѓани. Во новите канцеларии, клиентите ќе можат да добијат комплетни информации и консултации за широк спектар на производи за осигурување, вклучувајќи осигурување на дом, возилo, осигурување од незгода, одговорност, здравствено осигурување и патничко осигурување.
Со ова проширување на продажната мрежа, Кроација осигурување продолжува да обезбедува сигурност и безбедност за клиентите. Новиот тим во филијалите е подготвен да им понуди најдобри можности за осигурување на сите постоечки и идни клиенти, а се со цел соодветна осигурителна заштита.
Кроација осигурување продолжува да се развива и да ги задоволува потребите на своите клиенти, обезбедувајќи сигурност и доверба во секој момент. Што и да се случи, едно е сигурно – Кроација осигурување е тука за вас!
(ПР)
Економија
Пратките ќе можете да си ги подигнувате сами од пакетомати – презентирана нова платформа

На промотивен настан денес беше презентиран нов начин за подигнување на пратките, што, како што беше посочено, ги надминува досегашните предизвици со доставата.
Се работи за воведување паметни автоматозирани пакетомати кои ќе бидат поставени на 120 локации низ државата, а пратката би можеле да си ја подигнете со кодот што би пристигнал на вашиот мобилен телефон.
Решението во земјата го воведува „Мај бокс“ (My Box). Основачот на компанијата, Далибор Ѓошевски, изјави дека идејата е резултат на детаљна анализа на потребите на корисниците и предизвиците во постојниот систем за достава.
„Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и достапно решение што ќе стави крај на загубените пратки, на долгите чекања и на ограничувањата на временски рамки во доставата“, рече Ѓошевски.
Во рамките на настанот се одржа и панел-дискусија за иднината на е-трговијата и предизвиците на логистиката, за тоа како иновативните производи и услуги од овој тип ќе го подобрат искуството на корисниците и ќе го оптимизират процесот на достава.
Економија
Склопи сам, конфигурирај со „Нептун“!

Конечно и кај нас, во нашата најсовремена продавница за компјутерски компоненти, отсега е достапен и онлајн конфигуратор, со кој лесно ќе може да го склопите вашиот идеален компјутерски систем.
Тимот на Нептун верува дека вашиот компјутер треба да биде единствен како и вие, затоа се одлучија на пионерски и храбар исчекор кон овој сегмент, знаејќи дека со конфигураторот нема да понудат само техничка слобода на своите купувачи, туку и ексклузивно патување до нивниот личен, уникатен компјутер.
Онлајн конфигураторот нуди загарантирана компатибилност меѓу компонентите, широк избор на премиум компоненти од врвни брендови, неограничена креативност и целосна поддршка чекор-по-чекор низ секоја компонента во вашата конфигурација. Од изборот на процесор, преку графичката картичка, па сè до последниот мемориски чип – со онлајн конфигураторот кој ексклузивно го нуди само Нептун, вие сте архитект на сопственото ремек-дело од компјутер.
- Но зошто сами да конфигурирате компјутер?
- Затоа што може да го направите во секое време и од кое било место
- Затоа што може подобро да го оптимизирате вашиот буџет
- Затоа што може да ги изберете компонентите што ги сакате и што совршено ќе одговараат на вашите потреби, а притоа да бидете сигурни дека истите се меѓусебно компатибилни
- Затоа што ќе може полесно да го надградувате и одржувате компјутерот и во иднина
- И конечно, затоа што сите компоненти и онлајн конфигураторот сега се достапни во Нептун.
Дополнителна предност на овој подвиг е тоа што ќе го прилагодите вашиот иден компјутер според вашите желби и потреби до најмалите детали. Без оглед на тоа дали сакате да склопите компјутер за игри, за стриминг или интензивно ќе го користите за создавање мултимедијална содржина, сега имате „хаб“ каде ќе ги најдете сите компоненти и конфигураторот кој ќе ви помогне да креирате врвен домашен, канцелариски или компјутер за игри. Сето ова, благодарение на Нептун ќе биде лесно како 1-2-3.
Изборот на компонентите што ја сочинуваат секоја компјутерска конфигурација е вистинска уметност и конечно Нептун ја носи таа уметност поблиску до вас, токму преку оваа револуционерна услуга.
Кога сами ќе составите компјутер, вие имате само своја, лична конфигурација што ќе одговара на вашите потреби, посебен, единствен компјутер што никој друг го нема освен вас. Со избирање на вистинските компоненти со помош на конфигураторот, ќе постигнете максимални перформанси со минимална инвестиција што ќе ги оживее вашите игри и апликации.
И за крај, потсетување за сите љубители на технологијата, искористете ја можноста за купување производи од целата ИТ категорија на дури 48 рати без камата, во сите продавници на Нептун.
(ПР)