Контакт

Компании

Велешки „Димче Мирчев“ економски ќе се развива според препораки на австриски експерт

Објавено пред

Една работна седмица австрискиот рударски експерт Гинтер Кобалт ќе престојува во велешката фабрика за експлоатација на шкрилец, и пренесувајќи го своето долгогодишно работно искуство ќе се обиде на менаџментот на „Димче Мирчев“ да им укаже што е она што тие треба да го променат во работењето за да ја унапредат експлоатацијата на шкрилец, притоа прилагодувајќи го производството според побарувањата на домашните и странски пазари.
 

Една работна седмица австрискиот рударски експерт Гинтер Кобалт ќе престојува во велешката фабрика за експлоатација на шкрилец, и пренесувајќи го своето долгогодишно работно искуство ќе се обиде на менаџментот на „Димче Мирчев“ да им укаже што е она што тие треба да го променат во работењето за да ја унапредат експлоатацијата на шкрилец, притоа прилагодувајќи го производството според побарувањата на домашните и странски пазари.

 

„Колку што успеав да видам во самиот рудник станува збор за доста добар материјал со специфична боја, добра природна текстура и треба да се поработи на неговата промоција на пазарот“, рече австрискиот експерт во рударството, Гинтер Кобалт.

„Значајни за нас се советите од експертот. Како менаџмент од оваа посета имаме големи очекувања. Ни помага многу околу начинот кој треба да се врши експлоатацијата, начинот на производство што треба да се примени, ќе видиме во делот на изборот на машините во коишто треба да се инвестира итн“, рече Благој Шалев од раководството на велешката компанија.

Престојот на Австриецот Кобалт во Велес е дел од владиниот проект за унапредување на бизнис климата и подобрување на условите за работење на компаниите. Странските експерти кои по покана на Владата доаѓаат во Македонија, споделувајќи ги своите искуства, ќе им помогнат на домашните малостопанственици во процесот на освојување на домашниот и на странскиот пазар. Првите петнаесет експерти во Македонија пристигнаа пред осум месеци.

Фабриката за експлоатација на шкрилец „Димче Мирчев“ е прва велешка компанија која за својот економски развој ќе го искористи знаењето на странски експерт ангажиран од Владата на Република Македонија./крај/мф/ди

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Препораки за вработените во производните погони во екот на коронавирусот

Објавено пред

На фирмите кои вршат дејност производство и имаат производни погони, хали и слично им се препорачува производниот процес во наредниот период да го ораганизираат на начин кој ќе овозможи поголема заштита од ширењето на коронавирусот.

Така Владата препорачува во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени, за работниците да бидат на растојание од 1,5 до 2 метри.

Вработените не треба да ги менуваат работните места, а во самиот погон задолжително треба да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и работни површини.

Во текот на работното време од страна на вработените треба да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена, а за време на паузите треба да се забрани групирање во групи поголеми од пет лица.

Исто така се препорачува да се врши почесто проветрување на работните простории, односно повеќе пати во текот на денот, како и еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории.

При позитивен случај на Ковид-19 на вработено лице, тоа се изолира и испраќа дома и се советува итно да го контактира својот матичен лекар.

Одговорното лице на фирмата го известува Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и доставува комплетни податоци за позитивниот работник на Ковид-19, подготвува список на лица кои согласно работното место се во близина до него (пред и одзади).

По направениот епидемиолошки увид од страна на ЦЈЗ и направената проценка на ризик, се дефинира листа на лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се ставаат под здравствен надзор за домашна изолација во траење од 14 дена.

По направеното темелно механичко чистење на погоните/просториите и направената дезинфекција од страна на овластена установа, се продолжува со нормалниот производствен процес.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите нема да ги користат владините мерки, дополнително ќе ги задолжеле

Објавено пред

Угостителите од сите градови во земјата кои по стапувањето на сила на уредбата на државата и мерките за заштита од вирусната инфекција не работат соопштија дека нема да ги користат најавените мерки од Владата. Наместо тоа, одлучиле дека средствата можат да ги насочат директно кон сите кои остануваат без работа или во сектори каде мислат дека ќе се постигне ефект.

„За жал до сега добивме несоодветни, нејасни и нецелосни мерки и уредби, кои и покрај апелите не беше разбрано дека малите субјекти немаат капацитети да ги спроведат, а воедно ниту се доволни. Ова ни дава до знаење дека се игра со времето, кое моментално работи против нас, а ние како дејност немаме никакво чувство на сигурност. По долго исчекување и детална анализа на сите најавени мерки, а во правец на зачувување на дејноста, како субјекти од дејноста угостителство, преземаме чекори за намалување на загубите и трошоците кои секојдневно се генерираат. Еден од тие чекори е и во состојба кога институциите не ни помогнаа да се грижиме за лицата вработени во овој сектор, сега ќе  дозволиме директно за нив да  покаже грижа државата. На овој начин институциите можат директно да им помогнат без притоа дополнително да нè задолжуваат со кредити за придонеси и другите натрупани трошоци“, изјави Мартин Ангеловски од Групацијата за угостителство.

Угостителите сметаат дека од исклучителна важност е јавноста да знае дека сите мерки кои се моментално донесени и предложени само ќе им ги зголемат долговите по кризата, за која не се знае кога ќе заврши.

„ Сè што ни е понудено во овој момент е во вид на заем од Владата и тоа недоволен само за нето-плата, ова никој од нас нема да може да го издржи. Наместо тоа, очекувавме директна, безусловна и правична помош од страна на институциите, но не ја добивме. Дополнително, мерките не ги опфаќаат сите погодени во угостителството и не е земено предвид дека ние не сме погоден сектор, туку со одлука затворен сектор. Се очекува од нас, како што слушаме секојдневно, да понесеме дел од товарот на кризата. Како да го направиме тоа кога сме затворени први, а ќе профункционираме последни, се работи за мали фирми кои немаат резерви. Исто така, месец март и покрај нашето барање е изоставен од мерките“, објасни Ангеловски и додаде дека ваков пристап со кој се претставуваат овие мерки е комплетно неоправдан, затоа што го фрла секторот на маргините и покрај тоа што вработува над 29.000 лица и се бори за задржување на секое работни место.

Прикажи повеќе...

Економија

Шалтерите во дирекцијата на „Водовод“ со ново работно време

Објавено пред

Шалтерите за наплата на сметки во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе работат со ново работно време и тоа само од понеделник до петок од 8 до 15 часот, информираат од ова јавно претпријатие.

Како што објаснуваат од таму, оваа одлука е со цел да се почитуваат препораките за спречување на ширењето на Ковид -19.

Во контекст на ова и теренските активности ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.

Од јавното претпријатие ги повикуваат граѓаните периодов да ги користат електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација“, диколку им се потребни одредени услуги.

„Посетете ја нашата веб-страница и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието.  Електронските сервиси за физички, а отсега и за правни лица се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. За полесен и побрз пристап до услугите, симнете ја и мобилната апликација на претпријатието, веќе достапна за Android и IOS. Бидете инфромирани за тековните дефекти, новости и дневни известувања и пристапете до електронските сервиси“, се наведува во соопштението на претпријатието.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа10 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа10 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија10 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија11 час

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија13 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Македонија14 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет14 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија14 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет18 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет18 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија19 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет19 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет19 часа

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет19 часа

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет20 часа

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион20 часа

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија1 ден

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија1 ден

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија1 ден

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Досие