Компании
South Central Ventures со прва инвестиција во Македонија, 100 илјади евра за македонскиот стартап Letz
Иновацискиот фонд South Central Ventures објави дека ја направил првата инвестиција во Македонија, преку вложувањето на 100 илјади евра во македонскиот стартап Letz, чиј продукт е ткн чет бот кој преку активна комуникација со корисниците им помага во извршувањето на дневните задачи.
Справувањето со продуктивноста со помош на вештачка интелигенција е она што го прави Letz атрактивен продукт, и како чет бот се работи за компјутерски програм кој е направен за да ја стимулира интелигентната комуникација со корисниците и да ги мотивира да ги споделат своите дневни задачи во текстуална форма, на еден природен начин, додаваат од South Central Ventures.
Основачите на Letz, Нино Карас и Мартин Анчевски, млади претприемачи со искуство во компјутерското инженерство, работат на создавањето на сопствен бизнис уште од 2011-та година. Еден од нивните проекти е и Codewell, компанија за развој на софтвер, а во 2015-та година тимот беше дел од Rockstart Web and Mobile 2015 batch, бизнис акцелератор во Амстердам, кој исто така даде поддршка при инвестирањето во новата компанија Letz.
„Letz носи нова перспектива во проблемите со персоналната продуктивност преку тоа што ја зголемува продуктивноста на корисниците, преку една суптилна и пријателска интеракција како што е четот. Добро познатата интеракцијата ќе им даде целосна поддршка на корисниците во текот на денот и ќе им овозможи зголемување на продуктивноста. Инвестицијата од South Central Ventures ќе ни помогне во завршувањето и лансирањето на продуктот во неговата финална форма и исто така ќе ни помогне да го пласираме овој продукт на глобалниот пазар“, вели коосновачот на Letz, Нино Карас.
Според South Central Ventures, инвестицијата ќе му помогне на тимот да го заврши развојот на продуктот и ќе ги зголеми напорите во неговата интернационална маркетинг презентација.
„Секогаш е возбудливо да се додаде нова инвестиција во нашето портфолио, но ова со Letz е посебно поради тоа што се работи на прва инвестиција на South Central Ventures во македонски стартап, и сигурна сум дека не е последната. Веднаш ни се допадна идејата за користењето на разговорен интерфејс во решавањето на прашањата за продуктивноста со кои се соочуваме, не само во работата туку и во секојдневиот живот. Нино и Мартин успејаа да направат одличен и ентузијастичен тим со доста знаење, и најдоа едно решние кое ги решава прашањата на природен и забавен начин. Ги здружуваме нашите сили за да им помогнеме во зголемувањето на популарноста на чет ботовите и целосно да се искористи потенцијалот на Letz“, изјави Татјана Забасу од South Central Ventures./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

