Компании
„Тиквеш“ прослави 130 години постоење и страст за создавање совршени вина
Годинешниот фестивал на младо вино беше одлична прилика да се прослави еден исклучително значаен јубилеј – 130 години од почетокот на традицијата на организирано производство на вино во Македонија, која е нераскинливо поврзана со „Тиквеш“.
Големиот број соработници и пријатели на винарската визба „Тиквеш“ имаа можност да наздрават за сите досегашни и идни успеси на винарницата и воедно за првпат да го пробаат младото вино од последната берба, како предвесник за новата винска година.
„И во годината во која прославуваме 130 години страст за создавање совршени вина, можеме да бидеме задоволни и полни со оптимизам за уште поголеми успеси. Одново успеавме да произведеме одлични вина, благодарение на поволните климатски услови, но и на нашите континуирани активности и вложувања, како во делот на лозјата, така и во делот на производството на вино, каде, во изминатава деценија, инвестирани се над 30 милиони евра“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“.
Годинава „Тиквеш“ откупи над 25 милиони килограми квалитетно грозје, што е своевиден рекорд во изминатите 10 години. Од овие количества, дури 3,5 милиони килограми е грозје од кое се произведуваат вина од премиум класа, што е од особено значење за „Тиквеш“, кој во согласност со својата долгорочна стратегија за фаворизирање на квалитетот, изминатиот период ги насочи своите инвестиции во опрема и технологија за микровинификација која му овозможи значително зголемување на капацитетите за производство на премиум вина со врвен квалитет.
„Сето ова ги подгрева нашите очекувања дека доаѓа период на уште подобри резултати на „Тиквеш“, а оттаму и на целата македонска винска индустрија, особено во делот на извозот, каде годинава очекуваме зголемување кое се надеваме ќе продолжи и во следниот период“, информира Илиевски, објаснувајќи дека винарницата, поради високиот квалитет и препознатливост на своите вина, очекува зголемување на пласманот на пазарите во САД, Велика Британија и Кина, но и освојување на нови пазари.
Ваквиот оптимизам е оправдан ако се земе предвид одличниот квалитет, ароматика и пивкост на вината од годинешната берба, во што можеа да се уверат љубителите на виното од земјава и регионот кои присуствуваа на првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба. Првичните импресии за младите вина на „Тиквеш“ се дека тие имаат голем потенцијал да освојат многу нови медали, признанија и највисоки оценки на реномирани светски вински натпревари, и дека во најмала рака ќе го повторат успехот од минатите години.
Фестивалот на младо вино, кој шеста година по ред го организира „Тиквеш“, е прв и единствен од ваков вид во земјава и придонесува за развој на винската култура, како и создавање на сопствена традиција на проценка на квалитетот на виното од последната берба, како што е случајот во многу други земји производители на вино. Фестивалот во винарската визба „Тиквеш“ се одржува паралелно со фестивалите на младо вино низ цела Европа кои традиционално се организираат во третата недела од ноември./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

