Компании
Триглав Осигурување Скопје со раст во уделот на пазарот на неживотно осигурување од речиси 3%
Предизвиците на осигурителниот пазар и пред сé историски ниското ниво на каматни стапки на финансиските пазари, како што се очекуваше во групацијата Триглав, влијаеја на работата на водечката осигурително-финансиска групација во Словенија и во регионот Адрија во првото тромесечје од 2016 година.
Групацијата на словенечкиот пазар обезбеди 84,2% од консолидираната бруто полисирана премија, што е половина процентен поен повеќе од истиот период минатата година. На пазарите надвор од Словенија сите компании ќерки, со исклучок на Бања Лука, постигнаа раст во премија. Во согласност со стратешките насоки и планот за оваа година, фокусот на групацијата Триглав останува пред сѐ на зачувување на високата финансиска стабилност, профитабилноста и безбедното работење. Триглав Осигурување Скопје, кој што е дел од групацијата Триглав, во првиот квартал од 2016 година ја потврди својата лидерската позиција во развојот на осигурителниот пазар во Македонија со воведување на нови и иновативни услуги. Групацијата Триглав постигна добри резултати во доменот на основната осигурителна дејност. Тоа јасно го покажува комбинираниот количник, кој што е показател на профитабилноста во работењето во доменот на неживотните осигурувања и кој што во дадениот период групацијата Триглав и Заваровалница Триглав го подобрија. Количникот на групацијата при крај на тромесечјето годинава изнесуваше 91,4%, додека количникот на матичното друштво изнесуваше 82,3%.Групацијата Триглав обезбеди консолидирана бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување во износ од 259 милиони евра (1% помалку споредено со истиот период минатата година, при што минатогодишните податоци дополнително вклучуваа податоци и за чешката компанија). Во Словенија, бруто полисираната премија на матичното друштво, споредена со истиот период минатата година е пониска за 1% (172,5 милиони евра), премијата на Триглав Здравствена заваровалница е повисока за 2%, а премијата на Скупна покојнинска дружба е повисока за 9%. Во другите пет држави од регионот Адрија, каде што работи Групацијата, сите зависни друштва (со исклучок на Бања Лука) бележат раст на премијата во споредба со истиот период минатата година. Највисок раст од 17% беше постигнат на српскиот пазар, во Хрватска премијата се зголеми за 13%, додека пак на македонскиот пазар бруто полисираната премија остана приближно на истото ниво, споредено со минатата година. Во Црна Гора растот на премија изнесуваше 6%, додека пак на пазарот во Босна и Херцеговина сараевското друштво оствари раст од 7%, а друштвото во Бања Лука имаше 4% пониска премија. Групацијата Триглав оваа година имаше 1% помалку бруто исплатени штети, споредено со првиот квартал минатата година (147,3 милиони евра), додека пак матичната куќа забележа намалување од 2% (95,7 милиони евра). Во првиот квартал од 2016 година немаше поголеми штетни настани.На деловните резултати на Групацијата значајно влијание имаа приносите од финансиските инвестиции, кои беа 74% пониски од минатата година (во матичното друштво 50% пониски). Тоа пред сé се должи на пониските нето каматни приходи, пониските нето ефекти од ревалоризација и пониската нето добивка од продажбата на финансиски средства. Со доследно спроведување на мерките зацртани во деловната политика, групацијата Триглав првиот квартал го затвори со добивка по оданочување во висина од 23 милиони евра и добивка пред оданочување во висина од 28 милиони евра. Понискиот деловен резултат на Групацијата, споредено со истиот период во 2015 година се должи пред сé на ниските приноси од инвестициите, што е во согласност со очекувањата на компанијата.Групацијата Триглав и понатаму ја одржува високата финансиска стабилност, на што укажува 4% повисоката вкупна вредност на капиталот (вредност 735 милиони евра), како и растот од 1% на бруто техничките резервации (вредност 2.632 милиони евра).„Во првите три месеци од 2016 година групацијата Трилав, и покрај големите предизвици и високо конкурентната состојба којашто владее на нашите осигурителни пазари, работеше добро во основната осигурителна дејност, на што укажува и нашиот подобрен комбиниран количник. Што се однесува на финансиските вложувања, ние, како и целиот осигурителен сектор, работиме во услови на историски ниски каматни стапки, кои што ги намалуваат финансиските приноси од инвестициите. Ваквата ситуација е очекувана и врз основа на разулататите во првиот квартал од оваа година цениме дека реализираната годишна добивка пред оданочување на Групацијата ќе биде во рамките на планот“, вели Претседателот на управата на Заваровалница Триглав Андреј Слапар.Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2016 година посветено работеше на остварување на резултатите од зацртаната стратегија. Бруто полисираната премија во дадениот период беше 0,4% повисока, споредено со резултатите од истиот период во 2015 година (5,2 милиони евра). Особено добри резултати компанијата оствари во доменот на автомобилските осигурувања, каде што беше постигнат раст на бруто полисираната премија во износ од 18%, споредено со првиот квартал од минатата година, а компанијата постигна одлични резултати и во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување. Лидерската позиција на компанијата ја потврди растот во уделот на пазарот на неживотно осигурување од 2,9%.Фокус на компанијата во првиот квартал од 2016 година беше воведувањето на нови и иновативни производи и услуги на пазарот. Во дадениот период Триглав ја воведе услугата автомобилска асистенција, која што на клиентите на Триглав им овозможува помош во Македонија и во Европа. „Триглав ја потврди својата иновативност и посветеност на развој на пазарот, како единствена осигурителна компанија која што нуди автомобилска асистенција. Оваа услуга овозможува поддршка на нашите клиенти кога тоа им е најпотребно, што е суштината на Триглав – да создаваме вредности, кои што на нашите клиенти навистина им значат“, вели Главниот извршен директор на компанијата, Ѓорѓе Војновиќ.Овој квартал компанијата продолжи да работи и на развојот на стратешки важното доброволно приватно здравствено осигурување, воведувајќи на пазарот нов производ – осигурување на операции, кое што е комплементарно со постоечкото осигурување на специјалистичко – амбулантно лекување. Доброволното приватно здравствено осигурување е прв чекор во обезбедување на подобра грижа за себе и за своите најблиски, смета Војновиќ, и тоа е една од главните причини што Триглав развива нови можности за квалитетна заштита на здравјето, во согласност со потребите и можностите на клиентите. Врвниот квалитет на услугите на Триглав уште еднаш беше потврден од страна на јавноста, која во март годинава, втор пат по ред ѝ додели на компанијата Qudal медал за најдобар квалитет. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
Резолуција што носи сигурност
Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.
Јасна рамка за стабилен почеток
Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.
Фиксна камата и јасен принос
Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.
Мал чекор денес, стабилност утре
Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.
Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.
(ПР)
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

