Компании
„Виз ер“ и „ТАВ Македонија“ најавија шест нови дестинации
Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ објави дека на аеродромот „Александар Велики“ ќе постави и трет авион и потврди дека ќе лета до шест нови дестинации од аеродромите под менаџмент на „ТАВ Македонија“ во Скопје и во Охрид.
Компаниите ги најавија авионските рути организирајќи специјален, бесплатен, лет за 50-ина штитеници од домот за деца без родители „11 октомври“ до воздушниот простор над Охридското Езеро и назад до „Александар Велики“.
„Виз ер“, најголемиот нискотарифен авиопревозник во централна и во источна Европа, на 29 јуни ќе позиционира и трет воздухоплов од типот „Ербас 320“ во базата во Скопје. Компанијата ќе почне пет нови летови од метрополата до Фридрихсхафен, Осло-Торп, Барселона, Хамбург-Лубек и Нирнберг. За секоја од овие рути ќе има по два термина неделно. Дополнителниот авион ќе му овозможи на „Виз ер“ да го зголеми бројот на летови во неделата на постоечките дестинации од главниот град до Келн, Гетеброг, Франкфурт-Хан, Малме, Милано-Бергамо и Париз-Бове.
Исто така, „Виз ер“ ќе почне да лета и од вториот аеродром во земјава, охридскиот „Св. Апостол Павле“, кој е под менаџмент на „ТАВ Македонија“. Со оваа рута, која што од 1 јули двапати неделно ќе води до Базел-Мулхаус, бројот на летови во мрежата на „Виз ер“ ќе достигне 110. Компанијата сега од Македонија нуди летови до вкупно 20 дестинации во 10 држави.
„Денешната најава е одлична вест за Македонија. Со зголемувањето на нашата флота во Скопје и додавањето на Охрид во нашата мрежа, создаваме повеќе можности за патување и поголем избор на дестинации. Се надеваме дека ова ќе резултира со создавање повеќе работни места на локално ниво, како и уште повеќе да го поттикне туризмот во земјата. Очекуваме дека шестте нови рути и зголемениот капацитет на постоечките ќе биде широкоградо прифатено од корисниците ако се знае дека овозможуваме уште нискотарифни летови во Македонија“, изјави Џон Стивенсон, заменик извршен директор на „Ви зер“.
Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“, рече дека проширувањето на листата со дестинации од домашните аеродроми е позитивен резултат на посветеното делување на компанијата.
„Ова е извонредна можност за патниците кои со задоволство ги искористуваат услугите што на секојдневно ниво им ги овозможуваме. Шестте нови летови се потврда за непрекинатата работа со која што обезбедуваме сè што е потребно за воздухопловните компании да ги користат македонските аеродроми, но и за корисниците да го добијат најдоброто можно искуство како патници. Токму последново го имавме предвид кога беше предложен летот за штитениците од домот за деца без родители „11 октомври“ од Скопје. Со тоа што беше организиран, се надеваме дека барем за кратко на овие деца им овозможивме да откријат што значи да се патува со авиони и преку аеродроми. Исто така, оваа активност целосно влегува во нашите замисли за корпоративната општествена одговорност, поле во кое што „ТАВ Македонија“ ќе продолжи да работи и во иднина, со искрена намера да помогне таму каде што е најпотребно“, истакна Крстевски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

