Компании
Wizz air превезе 100 милиони патници
Wizz Air, ниско-буџетната авио компанија го прослави својот најголем успех со превезениот 100 милионит патник на своите ниско-буџетни летови на кои лета во последните 11 години.
100 милионитиот патник патуваше на Визеровиот денешен лет од Лондон-Лутон до Варшава, а компанијата го прослави овој свој успех изненадувајќи ги сите патници во авионот со по еден бесплатен лет. 1,8 милиони патници кои летале со Wizz Air во изминатите 11 години, летале на една од рутите во Македонија. Како заложба поради растечката популарност на својата ниско-буџетна понуда Визер континуирано работи на подобрување на услугите. Неодамна компанијата воведе резервација на седиште и дополнително овозможи за патниците со приоритет да носат личен багаж во авионот. Визер го прослави својот историски успех и превезениот 100 милионит патник со снижување на цените за 20% на сите клуб резервациите кои ќе бидат направени денес и утре.Низ факти и бројки успехот на компанијата изгледа вака: 5,87 милиони превезени деца*(* на возраст од 2 – 14 години), 657.121 полетувања, 138 временски години поминати во воздух, 842.847.278 прелетани километри, 245 различни националности на патниците, 3.087.790 патници превезени на најпознатата рута во Полска (Варшава – Лондон-Лутон)„Својот прв лет од Полска до Велика Британија го имавме 2004 година, а денеска, 11 години подоцна, го прославуваме нашиот успех со 100 милиони превезени патници превземени од над 110 аеродроми во 38 земји. Оваа недела прославуваме на сите шест полски аеродроми бидејќи 40% од нашиот феноменален раст беше остварен од полските потрошувачи и нивните посетители. Горд сум што работам со тим од над 2,400 најдобри професионалци од својата област, од кои 650 се Полјаци, со кои постојано обезбедуваме неверојатно ниски цени на пазарот. Денешниот успех беше постигнат благодарение на нашата дисциплина во однос на трошоците и нашето штедење со што успеавме на нашите патници да им обезбедиме ниски цени и добра услуга. Остануваме посветени на зголемувањето на обемот на патничкиот сообраќај во сите полски региони каде што летаме и континуирана понуда за нашите потрошувачи на нови можности за патување, за бизнис, задоволство или во посета на нивните семејства. Искуството на Визер ќе продолжи преку заложба за нудење на ниски цени и квалитетна услуга што ќе овозможи дополнително и конфор кој го бараат нашите потрошувачи. Однапред се радувам што ќе понудиме повеќе нови рути, повеќе летови и повеќе можности за нашите патници”, рече József Váradi, ЦЕО на Визер./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

