Компании
Земете 50 евра за тргување со цената на акциите на Apple на светската берза

Според прогнозите на инвестициската банка „Goldman Sachs“, цената на акциите на Apple би можела да порасна дури 43 отсто во наредната година, со што вниманието на инвеститорите ќе биде пресметано со бројот на продадени iPhone телефони на бројот на услуги што се нудат на корисниците, вели Брет Генус, главен економист во Fortrade.
Според неговите зборови, „Goldman Sachs“ ги стави акциите на Apple на својата „листа за купување“ низ очекување дека цената по акција ќе достигне 163 доалри.
Искористете ја приликата и преземете ги овие 50 евра за тргување со цената на акциите на Apple на светската берза.
Земете бесплатни 50 евра за тргување овде.
И покрај тоа што 500 милиони корисници на iPhone веќе претставува импресивен успех, оваа компанија продолжува да го шири своето присуство на пазарот на паметни телефони.
Eден од пазарите на кои Apple, и тоа како може да заработи од платените услуги е пазарот на електронскои плаќање. Во последните неколку месеци конкуренцијата на пазарот за електронско плаќање се интензивираше откако новите учесници на пазарот како што се Samsung Pay и Google Android Pay, се придружија и Apple Pay, PayPal и i Amazon. За сега, компаниите кои се и понатаму доминантни на пазарот се Visa и MasterCard, а единствена реална закана претставува компанијата Apple која до сега веќе покажа дека може да влијае на промена на навиката на своите корисници како и на динамиката на пазарот . Крајната цел на Apple во ова е да креира систем со кој плаќањето ќе се одвива директно помеѓу купувачите и продавачите, секако доколку се користи Apple Pay. на тој начин ќе се заобиколат посредничките трошоци а со тоа се зголемува и можноста на заработка.
Порано оваа година цената на акциите на Apple паднаа поради загриженоста дека продажбата на iPhone не расте доволно брзо. Сепак Apple и покрај тоа во 2017година ќе имаат база на корисници од 700 милиони што е значаен раст во однос на денешните 500 милиони. Треба да се нагласи секако и дека корисниците на Apple дека се исклучително лојални на овој бренд, за разлика од корисниците на Google и Android. Работите се однесуваат дека Applе во текот на оваа година од корисниците на iPhone ќе заработи околу 467 долари, додека Google ќе заработи 44, а Facebook 11 долари.
Земете бесплатни 50 евра за тргување овде.
„Постои голема веројатност дека перцепцијата на инвеститорите на Apple како хардверска компанија, може да се промени веќе во 2016 година, кога приходот од услуги почна фреквентно да расте со лансирање на планот за елктронско плаќање и ТВ услуги“ вели Брет Генус, главен економист во Fortrade.
Цената на акцијата на Apple моментално се движи околу 119 долари.
FXLider има соработка со Fortrade Limited – компанија која е авторизирана и регулирана во UK од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца со број 609970.
Предупредување од ризик и одрекнување од одговорност
Договорите за разликата во цената (CFD) ги претставуваат производите кои се потпираат на финансискиот левериџ и носат високо ниво на ризик за Вашиот капитал затоа што цените можат брзо да постанат неповолни за Вас. Загубите можат да ги надминат Вашите депозити и од Вас би можело да се бара да извршите дополнителни плаќања.
Овие производи можеби нема да бидат соодветни за сите клиенти и заради тоа морате да бидете сигурни да сте ги разбрале ризиците, а и да побарате независен совет. Овој материјал не претставува понуда, барање ни трансакција во поглед на било кој финансиски инструмент. FXLider не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба на овие коментари ниту за последиците кои од тоа можат да проистекнат. Не се дава никакво уверување ниту гаранција за точноста или потполноста на овие податоци. Како резултат на тоа, секое лице кое ќе постапи спрема нив, тоа го прави потполно на сопствен ризик./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола

Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на Северна Македонија и испорачува електрична енергија согласно потребите на потрошувачите, соопштија од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
„Ремонтните активности на Блок 2 на РЕК Битола почнаа на 7 септември и за време на зафатот беше направен капитален ремонт на турбината, за првпат по осум години. Паралелно се одвиваше и првата фаза од реконструкцијата на разладната кула на постројката. Со тоа, зголемена е доверливоста и ефикасноста на Блокот“, соопштија од компанијата.
Од таму додаваат дека по вклучувањето на Блок 2, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на РЕК Битола и производството од комбинатот ќе продолжи со Блок 2 и Блок 3, согласно планот за производство на АД ЕСМ и потребите на системот.
Од ЕСМ велат дека во моментов електроенергетскиот систем на земјата има доволно количество на струја што ја обезбедуваат капацитетите на компанијата. Блок 1 на РЕК Битола ќе остане во состојба на ладна резерва, подготвен да биде вклучен во производствен процес во секој момент кога ќе има потреба електроенергетскиот систем на државата.
Економија
Босанец го тужи „Фолксваген“, бара 750 милиони долари отштета

Босанскиот стопанственик Нијаз Хастор, сопственик на компанијата за производство на автоделови „Превент“, го тужи германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ под обвинение дека ја нарушува слободата на пазарна конкуренција и бара отштета во износ од 750 милиони долари, пренесува порталот „Новац.хр“.
Во тужбата се наведува дека „Фолксваген“ ги уценува малите добавувачи, користејќи ги својата моќ и големина да ги принуди на нефер работни услови и цени на услугите, како она дека на малите добавувачи им се забранува да го продадат својот бизнис на поголемите компании на добавувачи за да остварат подобра преговарачка позиција.
Тужбата поднесена во судот во Детроит се однесува конкретно на седум помали добавувачи на автомобилски делови за „Фолксваген“ во сојузната држава Мичиген, кои со договор се спречени својот бизнис да ѝ го продадат на друга компанија.
Хастор тврди дека тие договори со помалите добавувачи „Фолксваген“ ги склопува исклучиво за да ја оневозможат неговата компанија „Превент“, која се специјализирала за производство на автонавлаки, во понатамошни аквизации.
„Превент Група“ се развила токму благодарение на преземањето такви помали добавувачи на „Фолксваген“ низ светот.
Судејќи според информациите, Германците добро го познаваат Хастор, со кого соработуваат во последните 20 години. Во последниот судир меѓу „Превент“ и „Фолксваген“ во 2016 година, германските фирми-ќерки на „Превент“, „Кар Трим“ и „ЕС Аутомобилгус“, кои произведуваат кожни навлаки и кутии за менувачот, ја прекинаа испораката за „Фолксваген“, што го запре германското производство на автомобили една недела во најмалку половина од нивните погони.
Прекинот уследи откако „Фолксваген“ не сакал да му исплати на Хастор 58 милиони евра отштета, а потоа „Превент“ и „Фолксваген“ постигнаа нов договор за продолжување на испораката за уште шест години.
Економија
„Ербас“ до 2035 година ќе воведе авион со ниска емисија на јаглерод диоксид

„Ербас“ сака да изгради прв патнички авион со ниска емисија на јаглерод диоксид и да го воведе во промет во 2035 година, изјави директорот на компанијата, Гијом Фори. Тој истакна дека развојот на потребната технологија се уште во тек и нагласи дека е можно дека ќе се работи за хибриден авион или погонското гориво ќе биде водород или некое климатски неутрално гориво.
„Патот е многу комплициран“ рекол Фори.
Воздушниот сообраќај е одговорен за 2,5 отсто офд глобалните емисии на јаглерод диоксид.
„Ербас“ е свесен за своите одговорности и успеа до сега значајно да ја намали потрошувачката на гориво по патник, користејќи полесни авиони со посилни мотори, рекол Фори.
„Зелениот лет е наш главен приоритет“ заклучи Фори.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци