Компании
Животен простор што штеди време!
Капитол Резиденс е вистинска и паметна инвестиција бидејќи во круг од 500 метри на комплексот има неколку училишта и градинки, банки, полициска станица, здравствени домови, црква, детски парк, пошта и пазар што го прави овој комплекс мулти-конектиран со сите основни потреби на неговите станари.
За оние кои знаат да препознаат квалитет и единствен концепт на живеење, Капитол Резиденс е единствената вредна опција со која си го поедноставуваат животот и си овозможуваат секојдневна лагодност и многу можности што ги нуди соседството.
На самиот булевар „Јане Сандански“ над трговскиот центар Капитол Мол, во епицентарот на урбаната зона во општина Аеродром, Капитол Резиденс е вистинско место за живот. Она што го прави исклучителен, освен идеалната локација е и функционалноста и иновативноста во изградбата, со што станарите дополнително заштедуваат, бидејќи во него се вградени сите современите технички решенија за заштеда на енергија.
Во дијаметар од 500 метри се и полициска станица, здравствени домови, речиси сите експозитури на банки, црква, детски парк, пошта, пазар, спортски центар, а на самиот излез од Капитол Мол е и автобуската постојка на 5, 15, 15А, 3, 23 кои гравитираат кон центар, и 35 која оди кон Битпазар.
По многу нешта единствен, Капитол Резиденс се наоѓа над трговскиот центар „Капитол Мол“, но воедно е вистинско место за спокоен живот. Она што го прави исклучителен, освен идеалната локација е и иновативноста во изградбата, функционалноста, современите технички решенија и несекојдневниот систем на уредување на површините во целиот резиденцијален дел.
Знаејќи дека купувањето на недвижности е една од најважните нешта во животот, Капитол Резиденс со понудата на овие станови сака да им помогне на клиентите да го најдат совршениот дом за себе, по мерка каква што го замислуваат.
Капитол Резиденс се наоѓа на неполни 200 метри од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ за кои децата не треба да преоѓаат булевар или фреквентна улица или околу 400 метри од другото основно училиште „Љубен Лапе“. На само 100 метри е детската градинка „Лале“, а во круг од околу 300 метри се и други две градинки „Бамби“ и „Чекорче“.
Во дијаметар од 500 метри се и полициска станица, здравствени домови, речиси сите експозитури на банки, црква, детски парк, пошта, пазар, спортски центар, а на самиот излез од Капитол Мол е и автобуската постојка на 5, 15, 15А, 3, 23 кои гравитираат кон центар, и 35 која оди кон Битпазар.
Капитол Резиденс се одликува со високо ниво на завршни градежни работи, а на располагање се: 72 ексклузивни стана, студио тип или станови со 3+1 простории; беспрекорна звучна и топлотна изолација; ѕидови со дебелина од 20 см и демит фасада; алуминиумски прозорци и врати со термо мост, трослојно 4-сезонско стакло со минимален коефициент на губење топлина; затоплување и ладење со фенкојлер единици, сигурносна влезна врата, бањи со подно греење, бесплатни паркинг места, солидна висина на внатрешните врати и прозорци, како и пространи тераси и шест лифтови.
Капитал Капитол Резиденс е наменет за луѓе кои сакаат удобен и современ начин на живот. Поаради динамиката и недостигот од слободно време, одењето во шопинг е понекогаш тешко да се организира и од тие причини понудата на продавниците во Капитол Мол со над 50 модни брендови е вистинска драгоценост. Тука е и супермаркетот Рамстор, фитнес сала, игротеки, книжарници, менувачница, сервис за миење возила, куглана и многу ресторани и кафулиња. Кратко кажано, брзиот живот бара концентрација на сите дејности и функции, а да живеете во комплексот Капитол Резиденс, значи да ја смените филозофијата на живеење./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

