Економија
Кучи со Ромео за предизвиците на економијата поради политичката криза

Министерот за економија Дритон Кучи денеска имаше средба со новоименуваниот италијански амбасадор на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео.
Кучи и Ромео потенцираа дека Македонија и Италија споделуваат важни заеднички врски, Италија е важен трговски партнер, позиционирајќи се на шестото место на листата на земји со кои Македонија има трговска соработка, што претставува солидна база за отварање на нови можности и нејзино продлабочување со конкретни заеднички проекти.
На средбата се разговараше за напредокот во усогласувањето на националното законодавство со европското, реформите поврзани со бизнис климата и инвестициските активности во земјата, со кои се отвараат нови работни места, но и за предизвиците со кои се соочува економијата, поради актуелната политичка состојба во Македонија и ситуацијата со мигрантите.
Италијанскиот амбасадор Ромео потенцирал дека неговата земја е голем поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон евро-атлантските интегративни процеси, а продлабочената соработка на полето на енергетиката, минералните суровини и туризмот, според соговорниците, ќе придонесе не само за зголемување на билатералната соработка, туку и за нов инвестициски циклус и забрзан економски развој./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
МЗШВ: Владата го усвои предлог законот за рибарство и аквакултура

Владата на Република Северна Македонија на денешната владина седница, како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го усвои предлог законот за рибарство и аквакултура.
Со предлог законот за рибарство и аквакултура, се уредуваат риболовните води и риболовот, управувањето и користењето на рибите и другите водни организми, аквакултурата, заедничкото уредување на пазарот на производите од рибарство и аквакултура, надлежните тела, заштитата на рибите и другите водни организми, надоместок на штета и право на отштета, порибување и производство на порибителен материјал, како и други прашања, кои се од значење во областа на рибарството и аквакултурата.
Новиот предлог закон за рибарство и аквакултура се усогласува со законодавството на Европската Унија, во делот на заедничкото уредување на пазарот на производите од рибарство и аквакултура, следливоста, како и увозот на производите од рибарство.
Како предности од донесувањето на новиот предлог закон за рибарство и аквакултура е поедноставувањето во доделувањето на користење на рибите за комерцијален и рекреативен риболов. Потоа, исто така, се поедноставува постапката на регистрација за аквакултура, на мрестилишта, се врши изземање на одредби, кои се уредени, или ќе се уредат во други закони, како и се врши усогласување на дел од регулативите на Европската Унија за Поглавје 13-Рибарство, што според географската поставеност на државата треба да ги исполни Северна Македонија.
Се очекува новиот предлог на закон да даде подобрување на правната рамка преку појасни, попрецизни и поедноставни одредби поврзани со доделувањето на користење на рибите и другите водни организми, одгледувањето на рибите и пласирањето на производи од рибарство и аквакултура на пазар.
Токму преку последниот европски извештај за напредокот во преговорите на нашата држава, поглавјето 13 – Рибарство и аквакултура се оценува со добра оценка, каде е нотиран постигнат напредок во услогласување со стандардите на Унијата, а токму подготовката и донесувањето на овој предлог закон е едно од нотираните напредувања.
Економија
Николовски: Даваме рекордна поддршка за малите производители на храна вредна 1,2 милион евра поддржувајќи го развојот на 133 мали производители

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ги додели 133-те договори, со вкупна вредност од над 1,2 милион евра, поддршка во набавка на опрема за производство на малите производители на храна од неживотинско потекло.
Преку овие договори се поддржуваат развојот и модернизацијата на разни традиционални производства. Опрема за производство на маџун, разни слатка и мармалад, ладно цедено масло од сончоглед, производство на јаболков оцет, путер од бадем, ајвар, сокови од калинка, јаболка, рибизла, потоа набавка на соларни сушници и машини за пакување и мелница за производство на брашно, се само дел од инвестициите за кои се дава поддршка.
„Минатата година дадовме збор пред земјоделците дека оваа 2023 година ќе биде година на нови можности во земјоделството. Тој наш збор го исполнивме. Оваа година креираме повеќе нови програми, во кои главен фокус за поддршка ни беа малите производители на храна и пијалаци“, истакна во своето обраќање министерот Николовски.
Креирана е нова програма за поддршка на малите производители на храна од животинско и неживотинско потекло, а програмата за поддршка на малите семејни винарници ја надградивме со поддршка и за малите дестилерници. Преку овие програми, вели Николовски, обезбедуваме грант-поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство и ангажирање стручно лице како поддршка за малите производители на храна и малите семејни винарници, како и грант-поддршка до 5.000 евра за малите дестилерници.
Додаде дека интересот за овие мерки, иако нови, беше голем кај земјоделците. Ваквиот голем интерес ги надмина и нашите најоптимистички очекувања како министерство. Во таа наосока, покрај обезбедените 70 милиони денари, Министерството со ребалансот на буџетот за 2023 година обезбеди нови дополнителни 120 милиони денари, преку кои можеме да дадеме поддршка на сите мали производители, кои ги исполнуваа условите од јавните повици.
„Кога почнавме со креирање на овие програми за поддршка на малите производители на храна и пијалаци, пред нас си поставивме една цел, а тоа беше да се обидеме преку оваа поддршка во следните две-три години да достигнеме до бројката од 2.000 регистрирани мали производители на храна. Во оваа наша цел, заедно со земјоделците, успеавме уште во првата година. Денес имаме вкупно 2.508 регистирани оператори со храна од животинско и неживотнско потекло во Агенцијата за храна и ветеринарство. Или само во оваа година имаме нови 1.540 регистрирани опрератори со храна од животинско потекло и 420 нови регистрирани опрератори од неживотинско потекло“, истакна министерот Николовски.
Економија
Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка за складирање пченица и јачмен од домашно производство од родот 2023 година

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги инфомира земјоделците, производители на пченица и јачмен, дека во тек е пријавувањето за финансиска поддршка за складирање пченица и јачмен од домашно производство од родот 2023 година.
Финансиската поддршка за мерката финансиска поддршка за складирање пченица и јачмен од домашно производство од родот 2023 година може да ја искористат производителите на пченица и јачмен, кои производството од реколтата 2023 година го имаат складирано кај регистриран складиштар.
Земјоделците барањата треба да ги поднесуваат директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на рачно пополнер образец.
Барање до Агенцијата поднесува земјоделско стопанство, кое претходно има поднесено барање за директни плаќања за засеана површина со пченица или јачмен. Крајниот рок за поднесување на брањето за финансиска поддршка за складирање пченица и јачмен од домашно рпоизводство од родот 2023 година е до 15 декември 2023 година.
Во прилог на барањето се доставуваат договор за складирање и потврда за извршено складирање. Пченицата и јачменот треба да се предадени на складирање кај регистрирано складиште во периодот од 15 јуни до 1 септември 2023 година. Периодот, пак, на складирање на пченицата и јачменот треба да биде од најмалку 2 до најмногу 9 месеци.
Како прифатлифи количини се максимум складирани 5.000 тони од земјоделско стопанство одделно за пченица и за јачмен, максимум прифатлива количина 5 тони од хектар пријавена површина со соодветната култура. Висината на поддршката изнесува 100 % од трошоците за складирање и чување, со максимум прифатлива цена на услугата од 120 денари за тон за еден месец.
Средствата се исплаќаат на сметка на складиштарот во име и за сметка на барателот. Складиштарот потребно е секој последен ден во месецот, за тековниот месец, до АФПЗРР да ги доставува следните потатоци: име и презиме/назив на корисникот, ЕМБГ/ЕДБ, ИДБР на земјоделското стопанство, состојба на резервите за секој корисник одделно и единечна цена на извршената услуга за складирање образец, кој е утврден од Агенцијата.
Земјоделците образецот за поднесување барање, потврдата и образецот за достава на податоци од страна на складиштарот може да ги преземат од веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, во делот директни плаќања 2023 – обрасци.