Контакт

Македонија

Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Објавено пред

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.

 

 

На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.

 

Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.

 

На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.

 

 

Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд.  Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.

 

Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/

Економија

Николовски: На младите и невработени луѓе им нудиме шанса да станат успешни земјоделци

Објавено пред

Од

Инвестирањето во младите земјоделци како двигател во земјоделскиот сектор е од исклучителна важност за министерството за земјоделство, порача министерот Љупчо Николовски на Саемот за млади земјоделци кој денеска се оддржа во Свети Николе, а во рамки на истиот, тој додели плакета и на најуспешниот млад земјоделец.

Како што рече Николовски, целта е да се придонесе кон зголемување на искористеноста на природните капацитети.

„Во таа насока, Агенцијата за финансиска поддршка, неодамна објави повик за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за младите земјоделци, со акцент на оние млади луѓе кои се невработени за период поголем од две години, како и млади членови на земјоделски задруги“, рече министерот кој додаде дека приоритет овој пат им се дава на младите луѓе кои се занимаваат или сакаат да започнат да работат со сточарство.

„Дополнително, на врвот на листата се искачуваат младите кои се занимаваат или сакаат да започнат со органско производство, без разлика дали е земјоделско или сточарско“, истакна тој.

Министерството за земјоделство годинава за првпат финасиски поддржува 32 манифестации на локално ниво кои организираат промоција на македонската храна, традиција, култура на руралниот развој, на туризмот. Со финансиска помош од 2.000 евра министерството го поддржа и Саемот на млади земјоделци во Свети Николе кој е во организација на Мрежата на млади фармери.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонија и Албанија потпишаа меморандум за пренос на природен гас

Објавено пред

Од

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска во Тирана оствари средба со албанскиот министер за енергетика, Дамјан Ѓикнури, со кого заеднички присуствуваа на церемонијата на потпишување на меморандумот за разбирање помеѓу Македонски енергетски ресурси (МЕР) и АЛБГАЗ од Тирана.

Како што наведуваат од министерството за еконимија, овој меморандум има за цел воспоставување и развивање  деловна соработка за развој на преносните мрежи на природен гас во двете земји, преку изградба на интерконективен вод, во насока на ефикасна испорака на овој природен енергенс.

„Како земји соседи, со традиционални пријателски односи и развиена економска соработка, активно работиме на обезбедување поблиска интеграција на енергетските пазари на ЕУ и Енергетската заедница и зајакнување на безбедноста на снабдувањето со енергенси на регионот. Денешниот меморандум е чекор напред за развој на билатерално стратешко партнерство во секторот за природен гас, како продолжение на веќе потпишаниот меморандум за соработка во областа на енергетиката, меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Албанија“, истакна Бектеши.

Според министерот за економија, Македонија и Албанија како две соседни земји кои сакаат да се интегрираат во европските структури, се повеќе од заинтересирани во најкус можен рок да се конкретизираат почнатите проекти, што ќе придонесе до уште позајакната енергетска и економска соработка.

„Потпишувањето на овој меморандум за соработка во сферата на гасификацијата, како дел од енергетиката, е добра основа од која ќе имаат корист двете земји. Таквите проекти кои го развиваат енергетскиот пазар треба да се гледаат со голем интерес бидејќи како соседни земји имаме многу обврски кон енергетската заедница“, посочи албанскиот министер за енергетика, Дамјан Ѓикнури.

Прикажи повеќе...

Економија

Николовски доби плакета за најуспешен министер за земјоделство

Објавено пред

Од

Министерот Николовски доби плакета за најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Земјоделското здружение „Современо земјоделство“ на министерот Љупчо Николовски му додели плакета за најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од здружението посочија дека оваа плакета е резултат на мерките кои Николовски и Министерството за земјоделство ги имаат преземано во изминатава година и половина, за развој на земјоделството.

Мистерот Николовски изјави дека плакетата ќе биде поттик и во иднина МЗШВ уште поинтензивно да работи на политики што ќе бидат во корист на земјоделците и ќе го поттинкат развојот на агросекторот.

„Голема чест и задоволство ми беше да ја примам плакетата за најдобар министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ова е поттик да продолжиме понатаму, да работиме уште поинтензивно, да разговараме со секој земјоделец и да креираме мерки според нивните потреби. Само заедно можеме да постигнеме развој во секторот, повисок стандард и подобар живот за земјоделците во Македонија. Резултатот од нашите мерки, на коишто посветено работиме, е видлив. Во првото полугодие од годинава имаме раст на земјоделството и учеството во БДП од над 3 отсто, пораст на вработеноста во секторот земјоделство, пораст на преработувачката индустрија во земјоделството“, порача Николовски.

Здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ организираше манифестација за Избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2018 година.

На официалниот дел, освен за министерот Николовски, плакети за успешност добија и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Николче Бабовски, советничката за земјоделство на претседателот на Владата на РМ, Ленче Николовска, земјоделци и компании од земјоделскиот сектор.

Во рамки на манифестацијата беше организиран и мини саем за земјоделски производи, механизација и трактори, дегустација на традиционална пелагониска храна, вино, пиво, млечни производи, мед и друго.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура7 часа

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Европа11 час

Почна Октоберфест во Минхен, се очекуваат шест милиони посетители

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтен го отвори 185. фестивал на пивото – Октоберфест, еден од најпознатите и најголемите фестивали во...

Македонија13 часа

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велосипед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет15 часа

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија15 часа

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија17 часа

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ17 часа

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија18 часа

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Крвав четврток1 ден

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток1 ден

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија2 дена

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ2 дена

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија2 дена

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија2 дена

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија2 дена

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија2 дена

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија2 дена

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет2 дена

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија2 дена

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Досие