Контакт

Македонија

Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Објавено пред

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.

 

 

На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.

 

Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.

 

На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.

 

 

Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд.  Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.

 

Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/

Економија

(Видео) Костадинов: Растот на индустриското производство е доказ дека испорачаме резултати во економијата

Објавено пред

Според официјални податоци, индустриското производство во земјава во 2018 година бележи раст од 5,4 отсто. Тоа е највисок раст во последните 7 години, рече денеска на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што кажа тој, по години уназадување и стагнација, индустријата конечно бележи значителен раст и се движи во посакуваниот правец на напредок.

„За споредба, во 2012 година на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, индустријата била во загуба од -2,5 проценти“, посочи партискиот портпарол кој кажа и дека бројот на работници во индустријата во 2018 година е за 5,9 отсто повисок во споредба со 2017 година.

Врз основа на презентираните податоци, Костадинов ги оцени економските политики на Владата како успешни и рече дека придвижувањето на државата кон НАТО и ЕУ, дава видливи, реални резултати.

Прикажи повеќе...

Економија

Финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува на 41.000 денари по хектар

Објавено пред

Промените во мерките во новата Програма за директни плаќања во делот на финансиската поддршка за производство на јаболка, се направени по барање на производителите на јаболка. Конкретно, пред носењето на Уредбата за директни плаќања беа одржани повеќе состаноци со подсекторските работни групи во МЗШВ, во кои членуваат производители на јаболка меѓу кои и дел од организаторите на денешниот протест. Трансформирањето на субвенцијата за килограм предадено јаболка е направена по барање на дел од овоштарите кои протестираат и истата според нивните пресметки е вкалкулирана во субвенцијата за одржување на овошни насади со јаболка, соопшти Министерството за земјоделство.

Оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а 20 отсто повисокa финансиска поддршка добиваат овоштарите со развоен потенцијал, поточно за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар. Дополнително сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар.

Сите политики кои што се носеа, како и мерките од програмите за финансиска поддршка и рурален развој беа по претходна консултација со претставници од потсекторските групи, во кои членуваат производители на јаболка, меѓу кои и организаторите на денешниот протест. Освен промените во Програмата за директни плаќања за 2019, МЗШВ по низа консултации со овоштарите лани со Програмата за 2018 ја воведе и интервентната субвенција која важеше до 25 декември 2018 година за производителите на индустриско јаболко, со цел да имаат рентабилно производство. Конкретно, производителите на индустриско јаболко кои го предадоа своето производство кај регистрирани откупувачи кои вршат извоз, ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка. Оваа одлука беше донесена со цел да им се помогне на овоштарите поради претрпените загуби во производството од временските непогоди. Досега, со помош на интервентната субвенција откупени се 45.000 тони индустриско јаболка, односно се 30% од вкупното производство.

Во однос на исплатата на оваа интервентна субвенција, сите потврди кои се поднесени во системот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделство и рурален развој се прифатени. Во моментов преку Платежната агенција се работат детални контроли на сите поднесени потврди, дали биле преку регистрирани преработувачи или регистрирани откупувачи, за да се утврди точно колку земјоделци и со кои количини во зависност од мерката имаат поднесено барања. Сите производители на индустриско јаболко што имаат поднесено потврда за дополнителни директни плаќања за интервентната субвенција од 3 денари по килограм индустриско јаболка, ќе ги добијат парите.

Со објавувањето на Програмата за 2019 година и трансформирањето на субвенцијата од килограм во единица површина, цената на индустриско јаболко се зголеми двојно, и сега индустриското јаболко се откупува по 2 денари за килограм. Со цел да им се помогне на овоштарите од овој регион кои изминативе години беше најпогоден од временските непогоди, токму земјоделците од преспанскиот регион први ги добија парите за обештетување од временските непогоди. Владата кон крајот на април лани исплати 85 милиони денари за обештетување на 2.355 земјоделци во Ресен.
МЗШВ апелира до овоштарите да не подлегнуваат на манипулации. Изминатиот период министерството презема серија мерки за развој на овоштарството, вклучително и на производството на јаболка и сите мерки ги носи и ќе продолжи да ги носи во консултација со сите засегнати страни. Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство е отворено за нови предлози”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Николовски: Поддршката за набавка на приплоден добиток ја зголемуваме на 90 милиони денари

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Прилеп одржа работен состанок со одгледувачите на говеда, каде што ги презентираше мерките од годинешните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Особено тука би ја потенцирал мерката за приплоден добиток, којашто оваа година ја зголемуваме за неколкупати. Минатата година имавме предвидено околу 14 милиони денари, оваа година со Програмата за рурален развој, којашто ја донесовме оваа година, оваа мерка за набавка на приплоден добиток, преку којашто го обновуваме генетскиот потенцијал, ја зголемуваме продуктивноста, ја зголемуваме на 90 милиони денари, односно 1,5 милиони евра се предвидени за токму оваа мерка, набавка на добиток“, изјави министерот.

По барање на фармерите и за нивна поголема сигурност, за мерката за набавка на приплоден добиток, оваа година фармерите кои планираат да инвестираат во добиток прво ќе склучат договор за поддршка со Платежната агенција, па потоа ќе ја реализираат инвестицијата.

Од ресорното министерство истакнуваат дека во новата Програма за директни плаќања, и годинава одгледувачите на говеда со развоен потеницијал ќе добијат за 10 отсто повисоки субвенции.

„Со цел да се поттикне интересот за премин на посериозните фармери во повисока категорија, се зголемува прагот, односно оваа зголемена субвенција ќе важи за сточарите кои имаат од 10 до 50 грла говеда, а не како лани од 5 до 20 грла. Во оваа категорија спаѓаат 24% од вкупниот број одгледувачи на говеда и 42 отсто од добиточниот фонд“, велат од министерството.

Исто така, остануваат субвенциите по другите основи, како 30 отсто повисоки субвенции за зголемен пријавен број на грла во основно стадо, за органско производство, за производство на говедско месо, за заклани и предадени говеда во кланици, за буши и друго.

Освен националните програми, особено за развојот на сточарството/говедарството значајни се и мерките од ИПАРД.

„На повикот за мерката 1 ‘Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства’, којшто заврши на 9-ти овој месец досега се пристигнати рекордни над 800 барања, и сè уште пристигнуваат“, додаваат од министерството и објаснуваат дека оваа мерка нуди инвестиции во изградба или реконструкција на фарми за добиток, објекти за добиточна храна, складишта за храна, опрема за земјоделство и друго.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија12 часа

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија14 часа

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија18 часа

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет20 часа

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Македонија20 часа

Заев за наградата „Евалд Фон Клајст“: Со Ципрас поставивме основа за тоа како треба да работат идните генерации

На свечена церемонија, во присуство на дел од највисоките гости на годинешната Минхенска конференција за безбедност, на премиерите на Северна...

Свет21 час

Аргентина: Последно испраќање на починатиот фудбалер Емилијано Сала

Семејството, пријателите, навивачите и поранешните соиграчи се простија од фудбалерот Емилијано Сала (28) во неговиот роден град во Аргентина, четири...

Македонија1 ден

Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија многу ми даде, сега е ред јас да вратам

Гордана Силјановска и официјално е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од страна на делегатите на партијата на денешната конвенција...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме и да му дадеме црвен картон на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конвенцијата во Струга, на која партијата избира кандидат за претседател, повика на обединување на...

Свет2 дена

(Видео) Работник кој добил отказ застрела петмина колеги во Чикаго

Пет лица се убиени и пет полицајци се повредени во предградието на Чикаго, кога 45-годишн маж пукал во индустриско складиште...

Македонија2 дена

Притвор за 11 членови на криминална група, разработиле шема за шверц на мигранти од Грција кон Србија

Единаесет членови на криминална група кои што разработиле шема за шверц на мигранти од Грција, преку земјава, кон Србија, завршија...

Македонија2 дена

Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на жртви се искачи на 15

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со...

Свет2 дена

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата Мексико, во обид да обезбеди повеќе пари за ѕидот кој планира...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија2 дена

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија2 дена

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија2 дена

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија2 дена

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија2 дена

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет3 дена

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Досие