Контакт

Македонија

Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Објавено пред

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.

 

 

На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.

 

Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.

 

На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.

 

 

Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд.  Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.

 

Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/

Македонија

(Видео) Елезовски: Се изгуби курсот за човечките вредности

Објавено пред

Политизираноста на општеството и негрижата за младите допринесе за да се загуби курсот на човечките вредности, смета Ашмет Елезовски од „Националниот ромски центар“. Пред почетокот на денешниот марш на толеранцијата организиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права а посветен на едукцијата и образовниот систем и насилството, Елезовски рече дека насилството е расте и дека нема добра политичка волја за системски да се реши проблемот.

„Ако продолжиме вака насилството ќе расте. Потребна е итна политичка волја да ги вратиме вистинските вредности, меѓуетничката толеранција, почитта и љубовта. Во спротивно миграцијата ќе продолжи а насилството меѓу младите ќе стане секојдневие. Посакувам да работиме на враќање на почитта и да престане секој вид на дискриминација, и ова не се однесува само за Ромите туку за сите што живееме во оваа наша мултиетничка држава, рече Елезовски.

Маршот на толеранцијата беше поддржан и од неколку други граѓански организации како „Маргина“, „Цивил“, „Националниот ромски центар“ и други. Поддржувачите и активистите маршираа од Музејот на град Скопје, преку улицата Македонија до  платото пред Универзитетот на ЈИЕ во Старата скопска чаршија.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Наградени најдобрите студенти на Економскиот факултет во Скопје

Објавено пред

На свеченоста по повод одбележување 69 години од основањето на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, компанијата „Нелт“ додели награди на тројцата најдобри студенти што денеска дипломираа. На свеченоста за доделување дипломи и награди ѝ претходеше потпишување меморандум за соработка меѓу „Нелт група’ и Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Студентите на свеченоста ги поздрави Алекса Шапоњиќ, член на сопственичкиот одбор и проект-менаџер во „Нелт“, кој потенцира колку за компанијата е важно да ги отвори вратите за студентите, да им ја покаже практичната страна на бизнисот и да ги мотивира за да ја градат својата кариера во рамките на едно големо семејство какво што е „Нелт“.

„Компанијата ‘Нелт’ потпиша договор со Економскиот факултет со цел поврзување на компаниите како ‘Нелт’ со факултетите во Македонија. Целта на поврзувањето е да им се овозможи на студентите раното искуство да го стекнат и во тек на факултетот, но и потоа“, рече Алекса Шапоњиќ во обраќањето пред дипломираните економисти.

Според деканот на Економскиот факултет во Скопје, проф. д-р Предраг Трпески, ова е почеток на едно долгорочно партнерство во рамките на кое ќе произлезат заеднички наставни планови, програми, студии на случај и истражувања.

„На Економскиот факултет постои Центар за кариера, кој е доста развиен, каде што практично студентите со своето запишување почнуваат да ја градат, да ја конципираат нивната професионална кариера. Тука ја гледам и долгорочната можност за соработка на Економскиот факултет со ‘Нелт’, да почне оваа групација да размислува како да регрутира студенти од Економскиот факултет во Скопје за нивните потреби во иднина“, рече деканот Трпески.

Наградени од оваа генерација беа Симона Николовска, Александар Гоговски и Александра Колева, како студенти што го завршиле Економскиот факултет со највисок просек.

„Наградата од ‘Нелт’, од една страна, е признание од бизнис-заедницата за трудот што сме го вложиле овие 4 години, а од друга, мотивација што ни треба особено сега кога сме на почетокот на кариерата“, истакна Симона Николовска, студент на генерација со просек 10.

Тројцата наградени се согласуваат дека е одлично што голема интернационална компанија како „Нелт“ се интересира за македонските студенти и ги отвора своите врати нудејќи им можност во такво бизнис-опкружување да ги градат своите кариери.

„Нелт“ во Македонија е компанија која е дел од глобална групација чии деловни активности се распространети во 11 земји и вработува над 4.000 луѓе. Тимот на „Нелт Македонија“ со речиси 260 членови настојува да ги пренесе сите интернационални трендови и успешни практики како во доменот на работењето така и во доменот на општествената одговорност и вложувањето во заедницата. Интензивната соработка со високообразовните установи е дел од заложбите на „Нелт“ за поддршка и давање можности на младите таленти.

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска: Треба да забрза процесот на реална конвергенција кон економијата на ЕУ

Објавено пред

„Со оглед на фактот дека нивото на доходот кај нас е само 37 отсто од европскиот просек, еден од главните предизвици за нашата економија е постигнувањето повисок степен на реална конвергенција кон економијата на Европската Унија“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на самиот „Македонија 2025“.

Таа учествуваше на панел-дискусијата на тема „Југоисточна Европа: Раст на неизвесности или посветла иднина?“

Ангеловска-Бежоска посочи дека побрзата реална конвергенција бара повисоки стапки на економски раст, а тоа е можно само ако се зголеми потенцијалот за долгорочен раст. Затоа, како што рече таа, неопходни се структурни промени, кои ќе влијаат позитивно на трите долгорочни фактори на раст: човечкиот капитал, физичкиот капитал и продуктивноста.

Во рамките на дискусијата гувернерката стави особен акцент на политиките што треба да придонесат за поголема искористеност на факторите на економскиот раст. Во однос на трудот како фактор таа ги посочи потребата за зголемување на стапката на учество, намалувањето на јазот помеѓу побарувачката и понудата на одредени вештини и зголемувањето на квалитетот на човечкиот капитал. Одделно се осврна и на потребата од зголемување на инвестициите, особено во инфраструктурата, истражувањето и развојот, со оглед на тоа што показателите упатуваат на постоење поголем јаз во однос на поразвиените економии. Актуелните податоци за вкупната продуктивност во нашата економија, пак, според Ангеловска-Бежоска, јасно посочуваат на потребата за продолжување со структурни и институционални реформи со цел поддршка на продуктивноста и забрзување на реалната конвергенција.

Ангеловска-Бежоска се осврна и на улогата на дијаспората во економскиот развој на земјите од каде што потекнува. Притоа посочи дека дијаспората може да даде значаен придонес преку повеќе канали: приватните трансфери, поттикнувањето на странските инвестиции, поттикнувањето на трговијата, но и трансферот на знаењето и вештините, што може да влијае позитивно на продуктивноста и конкурентноста на малите економии.

На оваа панел-дискусија на самиот „Македонија 2025“, покрај гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваа и регионалниот главен економист на Европската банка за обнова и развој, Петер Табак, раководителот на канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд за Република Србија, Себастијан Соса, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Со дискусијата модерира главната извршна директорка на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска-Блажевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет2 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија3 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија4 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија14 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет14 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа16 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет17 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија20 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет21 час

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет21 час

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија22 часа

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион24 часа

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија2 дена

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа2 дена

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ2 дена

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ2 дена

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Досие