Контакт

Македонија

Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Објавено пред

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.

 

 

На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.

 

Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.

 

На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.

 

 

Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд.  Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.

 

Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/

Економија

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Објавено пред

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за некои од нив. Сите што земаат авторски хонорари од државата, сега ќе добиваат по половина од договорената сума, односно 50 проценти.

За мерките соопшти премиерот Оливер Спасовски, според кого, со нив треба да им се помогне на граѓаните за време на кризата предизвикана од коронавирусот. Во своето излагање тој рече дека со уредба од Владата ќе се одложи плаќањето на кириите од страна на граѓаните.

„Плаќањето закуп на социјалните станови ќе се одложи за сите корисници, а за фирмите ќе има посебна одлука во однос на плаќањето на кириите кај сите што издаваат под закуп“, рече Спасовски.

Извршителите, пак, до јуни не смеат да наплаќаат побарувања од граѓаните.

„До крајот на јуни не смее да има изврши дејства. Не смее да се постапува по дадени налози од извршители до крајот на јуни. Ова нема да важи ако парите се легнати кај извршителите и за случаи за алиментација за самохрани родители“, додаде Спасовски.

Советниците во општините нема да земаат надоместок за својата работа, освен оние што се невработени и тоа им е единствен приход.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: 28 отсто е зголемен извозот на зелка годинава во споредба со минатата година

Објавено пред

Извозот на зелка оваа година во споредба со минатата година е зголемен 28 отсто. Конкретно, од почетокот на годинава до 29 март, според податоците од Царинската управа, извезени се 17.018 тони зелка за разлика од лани истиот период кога се извезле 13.278 тони зелка. Само во периодот од 27 до 29 март од нашата држава извезени се 1.676 тони зелка, што е повеќе од истиот период лани кога извозот на зелка бил 1.001 тони. Овие податоци покажуваат дека нема застој во извозот, туку, напротив, постои зголемување на извозот на зелка. Од друга страна, увозот на зелка од почетокот на годинава до 29 март е само 1 тон, соопшти Министерството за земјоделство.

„Министерството го следи откупот на зелка и на другите земјоделски производи во овој период на вонредна состојба поради појавата на коронавирусот во нашата држава. МЗШВ е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците, со цел да има непречен извоз на земјоделските производи.

Во насока на олеснување и забрзување на транспортот, Владата донесе одлука за возачите на камиони кои вршат транспорт да не важи мерката за 14-дневен карантин доколку ги почитуваат препорките за заштита, односно носење соодветна заштита, дезинфекција и движење. Истото важи и за возачите од другите држави. Исто така, со цел непречен транспорт (односно извоз/увоз) земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот и трговијата на примарните производи“, се наведува во соопштението.

Во насока на обезебедување пласман на домашните земјоделски производи, во овој период на глобална пандемија на веб-страницата на МЗШВ поставен е банер за полесен пристап на земјоделците до новатa апликација на страницата на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС). Оваа апликација е со наслов „Понуда-побарувачка“ и преку неа на земјоделците им се овозможува во овие услови на вонредна состојба, кога дел од пазарите (Кванташкиот, зелените пазари, добиточните пазари) не се во функција, сепак да може да тргуваат со своите производи на домашниот пазар.

Прикажи повеќе...

Економија

„Пекабеско“ предвремено ги исплати обврските кон државата како поддршка во националната борба со коронавирусот

Објавено пред

„Пекабеско“ изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година во висина од 8.833.000 денари и со тоа се приклучи на иницијативата на Владата и Министерството за финансии која има за цел давање конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.

„Сакаме да дадеме конкретна поддршка со цел во овие тешки моменти државниот буџет да се одржи во стабилна кондиција. Со овој потег ја поддржуваме и работата на медицинскиот персонал, безбедносните сили и сите директно вклучени во спроведување на мерките за превенција на населението од овој вирус. Важно е сите да работиме заедно со цел ваквата состојба поскоро да заврши, а ги повикуваме нашите соработници и други компании да ги следат ваквите чекори на бизнис заедницата бидејќи денес е повеќе од неопходно секој да го даде својот придонес во рамки на своите можности“, истакна Слободан Кутревски, прв извршен директор на „Пекабеско“.

„Пекабеско“ како лидер во производството на сувомесни производи и логистичко-дистрибутивната дејност целосно ги почитува и применува највисоките стандарди за безбедност во процесот на производство и дистрибуција на храна, вклучувајќи ги тука и HACCP стандардот, како и меѓународниот стандард ISO 22000:2005.

„Дополнително, ги зајакнавме превентивните мерки, а целосно ги имплементираме и сите препораки кои се доставени од страна на здравствените власти и Владата во насока на максимална заштита на вработените во производствениот и логистичко-дистрибутивниот процес. Безбедноста и здравјето при работа, како и високиот квалитет на Пекабеско производите е и останува наш врвен приоритет“, посочува Кутревски.

Од „Пекабеско“ цеосно ги почитуваат мерките што ги презеде Владата на почетокот на месецов за замрзнување на цените на своите производи. Од компанијата веќе дале апел и препорака кон малопродажните објекти да ја следат ваквата одлука, односно да не се практикува покачување на цените и покрај зголемената побарувачка на прехранбени производи.

За да се избегне групирањето и користењето на јавен превоз како една од препораките за намалување на можноста од проширување на коронавирусот, Пекабеско на своите вработени им обезбеди и дополнителен финансиски надомест со цел користење на возило до и од работното место.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија13 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија14 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија14 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија15 часа

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија16 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија17 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет17 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Македонија18 часа

Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 8 години затвор...

Свет19 часа

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички...

Свет21 час

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија21 час

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19,...

Свет22 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет22 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет23 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија23 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија1 ден

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија1 ден

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија1 ден

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија1 ден

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Досие