Контакт

Македонија

Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Објавено пред

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.

 

 

На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.

 

Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.

 

На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.

 

 

Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд.  Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.

 

Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/

Економија

United Group ја презеде бугарската Нова ТВ

Објавено пред

United Grоup, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, објави дека ја заврши аквизицијата на Nova Broadcasting Group, најголемата бугарска мулти-платформска медиумска компанија.

Tелевизија сo национална фреквенција NOVA TV, 10 телевизиски канали, најголемата онлајн платформа Net Info, која секој месец просечно ја посетуваат дури 80% од населението на Бугарија. Исто така и четири радио станици се дел од Nova Broadcasting Group.

Во рамките на United Grоup, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во С. Македонија работи компанијата Тотал ТВ и нејзините сервиси EON и Total TV.
Викторија Боклаг, извршната директорка на United Grоup, изјави: „Задоволна сум што можеме да им посакаме добредојде на компанијата Nova и нејзините вработени во семејството на United Grоup. Бугарија е атрактивен пазар за нас и Nova како дел од Групацијата ќе продолжи да ја зајакнува својата позиција. Силната врска помеѓу Nova и нашите останати медиумски компании ни дава можност да создадеме синергетски ефект и да продолжиме да инвестираме во локалните содржини што ќе ги воодушеви нашите корисници “.

Раководењето со Nova Broadcasting Group ќе го надзира Dirk Gerkens, поранешен директор на RTL, телевизиски експерт со повеќе од 25 години искуство во медиумите.

Аквизицијата на Nova Broadcasting Group е дел од стратегијата на United Grоup да поседува и телекомуникациски и медиумски компании на пазарите на кои работи. Платформата на United Group ги комбинира водечките оператори и најдобрите производители на медиумска содржина во Југоисточна Европа.

Медиумскиот дел на United Group, United Media, произведува повеќе од 20 000 часови оригинални содржини секоја година и емитува повеќе од 30 канали кои се достапни за терестриална, кабелска, DTH, OTT и IPTV дистрибуција.

За United Group:
United Group, со седиште во Холандија, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. На крајот на 2020 година, компанијата работи во осум земји и има приближно 10 милиони корисници и 11 илјади вработени. United Group има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ содржини од целиот свет. Значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, медиумски содржини и технологија, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што им ги обезбедува на клиентите. Од март 2019 година, United Group е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите инвестициски компании во светот.

За повеќе информации, посетете ги https://united.group и http://www.unitedmedia.net

Прикажи повеќе...

Економија

Бочварски: Годинава ќе има над 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура

Објавено пред

Оваа година планирани се над 200 милиони евра инвестиции само во патната инфраструктура. Продолжуваме со изградба на пругата кон Бугарија, со гасификацијата, со нови проекти во комуналната инфраструктура. Нè чека долга и интензивна градежна сезона, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, изврши увид на реконструкција на мост на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

„Ни претсоти долга градежна сезона, каде што инвестициите во инфраструктурата дополнително ќе ги засилиме. Продолжуваме со изградба на автопатите и експресните патишта, со 25 нови проекти во комуналната инфраструктура, со изградба на магистралните гасоводи, а со почетокот на градежната сезона почнуваме со рехабилитација на локалните улици и патишта во согласност со динамиката предвидена со завршените тендерски постапки“, изјави Бочварски.

Тој додаде дека објавена е тендерската постапка за изградба на пругата во двете фази од Куманово до Крива Паланка за што во наредниот период се очекува да се избере изведувач за градежните работи.

Во однос на реконструкција на мостот, министерот Бочварски истакна дека ова е инвестција со која ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Економија

Предлогот за нов закон за игри на среќа ја гаси легалната индустрија

Објавено пред

Ограничувањето на работата на компаниите во оваа гранка, со воведување уредба за задолжително растојание на локалите од образовните институции, би загрозило десетици илјади работни места, ќе го запре приливот на милиони од оваа индустрија во државната каса и ќе овозможи цветање на црниот пазар.

Добро регулираниот пазар на игри на среќа носи прилив од 280 милиони евра во државната каса, овозможува 10.000 работни места, односно 70.000 индиректно вработени, а какви било лоши законски решенија значат само едно – гасење на индустријата што придонесува кон економската стабилност на државата, дури и во време на најголема криза, а цветање на црниот пазар, сивата економија, одлив на стотина милиони евра од земјата на странски интернет-страници за обложување, неможност за заштита на играчите и чувствителните групи, како што се малолетниците, на кои илегалното обложување ќе им биде на дофат на раце. Ваквото бесмислено сценарио би имало несогледливи последици врз економијата и општеството.

Почетокот на процесот на припрема на Законот за измената и дополнувањата на Законот за игрите на среќа, кој од 21 јануари е достапен на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), го одвлекува вниманието на тоа што требаше одамна да биде регулирано (уредбата за онлајн-обложување), на она што се коси со сите европски закони – ограничување на работата на компаниите од оваа стопанска гранка со воведување уредба за задолжително растојание на деловните простории од образовните институции. Се споменуваат дури 500 метри?!

Во ниту една земја членка на Европската Унија не постојат вакви законски решенија, кои би имале катастрофални последици врз веќе кревката економија и криза поради пандемијата на коронавирусот. Вакви предлози се косат со секоја европска пракса, на приредувачите им се одзема правото на работа и остварување приход од регистрирани дејности на места во кои со години има вложувано огромна сума пари и стекнал доверба од клиентите. Се работи само за популистички обиди на одредени интересни групи под изговорот за заштита на населението од претерана изложеност на игрите на среќа да се воведат рестриктивни одредби.

Меѓутоа, истражувањата што се правени на оваа тема го говорат токму спротивното. Студија на Институтот за ментално здравје во Торонто, како и студија на Универзитетот „Метрополитен“ во Манчестер и многу други, покажуваат на тоа дека не постои влијание на оддалеченоста на објектите врз порастот на учество на малолетниците во игрите на среќа. Резултатите од истражувањето покажале дека присутноста на местата за обложување и играњето игри на среќа не влијаат на развојот на самата патологија. Резултатите на тие истражувања преточени се дури и во законодавна пракса во повеќето земји, кои не познаваат ограничувања на оддалеченост, туку превенцијата се врши со целосна забрана за влез на малолетници и големи казни за прекршување.

Во постојниот Закон за игрите на среќа прашањето за забрана на учество на малолетници веќе е строго пропишано со членот во кој се вели: „лицата под 18 години не може да учествуваат во игрите на среќа“ и дополнително со став 3 од истиот член според кој: „на лицата помлади од 18 години не им е дозволен влез во казино, во простории во кои се организира томбола од затворен тип, во обложувачници и во автомат-клубови“.

Со воведувањето какво било минимално растојание на уплатно-исплатните места од образовните институции на приредувачите на игри на среќа директно би им се одзело правото на континуитет на работење и деловни активности стекнати врз основа на законот. Инвеститорите мора да уживаат целосна правна заштита и сигурност, што е едно од основните достигнувања на европската интеграција. Нивните права стекнати за време на инвестицијата не смее да бидат одземени, поништени или ограничени со какво било следно изменување и дополнување на законите и подзаконските акти.

Уште еден аспект од вакво или слично ограничување на работата и функционирањето би значело и прекршување на уредбата за заштита на странски капитал и права на инвеститорот. Со оглед на тоа што во Македонија работат и странски компании во областа на игри на среќа, нивните вложени средства се заштитени со Уставот на Република Северна Македонија, но и со спогодби кои државите членки на Европската Унија ги донеле од крајот на 1960-тите до денес. Прекршувајќи ги нивните права и ограничувајќи го правото на работа преку некои бесмислени законски одредби, би значело и директна штета за државата, која би морала да плати отштета од неколку стотици милиони евра.

Неизводливо на терен

Воведувањето на било какво минимално растојание е невозможно и неизводливо на терен, поради фактот дека во помалите градови на државата, кои имаат само една главна улица и неколку споредни, образовните институции се наоѓаат во централниот дел на градот, каде истовремено се лоцирани и деловни објекти, со што во целост се спречува отворањето на уплатно-исплатните места во сите мали градови ширум Република Македонија.

Покрај тоа, кога се гледа Градот Скопје, земајќи ја предвид густината на населеност, површината на градот и изграденоста на истиот, посебно присуството на голем број образовни институции, неспорно е дека не постои простор во кој приредувачите на игри на среќа би можеле да отворат уплатно-исплатно место.

Онлајн обложување

Пред празниците се споменуваше дека прашањето за онлајн обложување по пат на лиценцирани спортски обложувалници наскоро ќе се реши со измени во Законот за игри на среќа. Меѓутоа, не е прецизирано за кога е тоа планирано, а и понатаму нема напредок по ова прашање.

Приредувачите од индустријата за игри на среќа испратија барање до Владата да ја продолжи лиценцата се додека не се реши тоа прашање, но наместо тоа, Уредбата која овозможи онлајн обложување беше укината! Со тоа на играчите им е одземен најбезбедниот начин на забава, а на компаниите од оваа гранка им е одземена можноста за непречено работење во период на криза.

Што повеќе се пролонгира одлуката за онлајн обложување, толку поголема е опасноста многу работни места да бидат загрозени. А, повеќе од 70.000 луѓе во потполност или делумно зависат од генерирање на личен доход од ланецот на вредности кој го има создадено оваа индустрија!

 

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт9 часа

Нова трагедија во Бразил – претседателот и четворица фудбалери на Палмас загинаа во авионска несреќа

Нешто повеќе од четири години од авионската несреќа и фудбалската трагедија на Шапекоенсе, од Бразил повторно доаѓаат вознемирувачки вести. „Си-Ен-Ен...

Спорт11 час

Пораз од Белорусија за крај на катастрофалното СП за Македонија

Лошите десетина минути во второто полувреме беа доволни Македонија да ја забележи својот петти пораз во шест меча на Светското...

Македонија13 часа

Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Регион13 часа

Детето од Хрватска кое почина од Ковид-19 развило многу редок синдром сличен на Кавасаки

Регионот го потресе веста дека 11-годишно момче починало во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“...

Регион14 часа

Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми. Српскиот претседател...

Топ14 часа

(Видео) Пронајдено оружје во Блаце кое потекнува од 2001 година

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле оружје...

Регион14 часа

Во Загреб почина 11-годишно дете од коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на...

Регион16 часа

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус стигна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телевизија Прва изјави дека британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија и дека го донела...

Свет17 часа

(Видео) Извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата...

Регион17 часа

Куче го чекало сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по...

Свет18 часа

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги...

Регион18 часа

Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина...

Свет18 часа

(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради...

Регион1 ден

Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори...

Топ1 ден

Приведени вкупно 97 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на...

Свет1 ден

Скандал во Шпанија: Се вакцинирале војници и политичари, а не и приоритетните групи

Шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група, се во центарот на јавен спор...

Топ1 ден

Удавен маж пронајден во водите на Пчиња, претходно бил пријавен за исчезнат

Во близина на мостот на автопатот Велес-Катланово, во водите на реката Пчиња, вчера бил пронајден починат 73-годишен маж. Според информациите...

Свет1 ден

(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални. At least...

Македонија2 дена

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет2 дена

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Досие