Контакт

Македонија

Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Објавено пред

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.

 

 

На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.

 

Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.

 

На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.

 

 

Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд.  Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.

 

Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/

Економија

Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

Објавено пред

Oд понеделник 28.09.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во понеделник, на 28.09.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во вторник, на 29.09.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во среда, на 30.09.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во четврток , на 1.10. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од понеделник 28 септември. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Задолжително е носењето н лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски: Поради неспособноста на Заев милиони тони грозје скапуваат по нивите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија и како најголема пратеничка група во Собранието е повторно меѓу народот. Ние сме една поразлична опозиција. Но, опозиција којашто е цело време со луѓето, и со маките на луѓето. Ја слушнавме маката на лозарите и на земјоделците од целиот Тиквешки Регион. И затоа вечерва дојдовме да поразговараме со нив, порача Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во Сопот.

„Маките се огромни, маките коишто ги слушаме од луѓето навистина се болни и навистина е жално да се види и да се слушне дека целиот род останува неоткупен.

Зелената мафија царува и во откупот на грозјето, за ова зборувавме пред изборите и бевме јасни дека ова ќе се случи доколку СДСМ остане на власт. За жал, коалицијата на СДСМ и ДУИ остана на власт. И имаме огромен проблем со откупот на грозје. Само во Сопот каде што сме вечерва остануваат неоткупени помеѓу 9 и 12 милиони тони грозје, што значи речиси целокупниот род.

Владата на чело со Зоран Заев сè што вети излажа. Ветија гарантирани откупни цени над 9 со 11 денари, а во моментов откупните цени за тие што имаа среќа да го предадат грозјето се сведени на 2 со 4 денари. И тука субвенциите не помагаат ништо. Затоа што производната цена на грозјето е 15 денари, а се откупува со 2 со 4 денари, таму каде што имаат среќа лозарите да го предадат.
Најголем дел воопшто не можат да го предадат затоа што воопшто нема откуп.

Поради овие причини, две работи предлагаме. Прво, Комисијата за земјоделие во рамки на Собранието предводена од Љупчо Димовски, којшто е вечерва со нас, побара во поддршка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата организирање на надзорна расправа во Собранието, за состојбата во лозарството и откупот на грозјето. Таа надзорна расправа ќе се случи следната недела и на неа очекуваме сите надлежни од Владата да дојдат и да се соочат со земјоделците, да се соочат со нивниот гнев и мака. И заеднички да се најде решение, доколку е тоа возможно.

И второ, основното барање што го има ВМРО-ДПМНЕ до владата е да се направи организиран државен откуп на целокупното грозје што не е откупено. Државата има можност, има сили и има простор во буџетот. Да не се купуваат 50 луксузни автомобили, туку да се откупи целокупниот род на грозје коешто останува по нивите оваа година во Тиквешко и цела Македонија, затоа што немаат слух за маката на земјоделците.

Значи бараме организиран државен откуп, државата да го откупи грозјето што останува неоткупено.

Ќе продолжиме со овие активности и со средби со луѓето. Револтот е голем, ќе нè има секаде во Тиквешијата, ќе нè има на улиците заедно со луѓето, ќе нè има и по нивите, ќе нè има пред винарниците, ќе нè има пред надлежните институции. Заедно со луѓето да најдеме решение за оваа мака  што им се случи, а за којашто е виновна старо-новата крими-коалиција СДСМ/ДУИ“, рече Николоски.

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: „Мерките“ на Влада ќе затворат речиси 15.000 микро и мали претпријатија

Објавено пред

Владата на Зоран Заев задоцни со мерките за помош на бизнис-секторот и компаниите. Освен што мерките на Владата не беа навремени, тие се неправилно распределени по сектори и се нетранспарентни, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Во својот извештај ‘Транспаренси интернешнл’ укажа дека владата нема механизми за заштита од крадење на парите кои стигнуваат од ММФ за справување со корона-кризата. За немањето слух на Владата на Заев реагираше и невладиниот сектор, кој бараше поголема транспарентност за ефектот на владините мерки.

Вредноста на бескаматните кредити од Ковид 1 линијата беше 5,7 милиони евра. Вредноста на Ковид 2 линијата беше 8 милиони евра. Заедно 13,7 милиони евра за вкупно 1.300 домашни компании, во најголем дел микро претпријатија. Вкупно само 13,7 милиони евра. Дали е ова доволно за власта, дали се спасија многу фирми?

Согласно податоци од извештајот за финансиска стабилност од Народната банка, бројот на микро претпријатија на крајот од 2019 година изнесува 34.402, а бројот на мали претпријатија изнесува 18.582. Вкупно, 52.984 микро и мали компании. Од нив, според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со Ковид-19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затворање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат. И сега, Владата на СДСМ се фали дека спасила 1.300 фирми, што е само 9% од оние кои рекле дека ќе затворат. За кои успешни политики говори СДСМ?! Што со останатите 91 процент?

Како за споредба, во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа обезбедени вкупно 350 милини евра кредити од Европската инвестициска банка за кредитирање на микро, малите и средни претпријатија, во услови на намалено кредитирање од домашните банки прво поради глобалната финансиска криза, а потоа и кризата во евро зоната. Кредитите беа дистрибуирани преку банките, со субвенционирана камата од државата. Овие кредити спасија илјадници фирми и беа главниот тек на кредитирање и поддршка на фирмите! Во услови на длабока криза, како што е оваа, кога некои фирми уште не можат да работат и се затворени, владата на СДСМ обезбеди само 13,7 милиони евра бескаматни кредити. Воедно, од претходно одобрени средства од ЕИБ од 2018 година, кои стоеја на располагање дури во август и септември по 6/7 месеци ги повлече остатокот од 50 милиони евра кредити со ниска камата на располагање на фирмите преку банките!

Мерките на СДСМ се ненавремени и недоволни во првиот квартал од годината, кога немаше ковид-криза, буџетскиот дефицит беше 120 милиони евра! За што и каде отидоа парите?!

Зоран Заев и неговата Влада ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој 40.000 луѓе без работа, а економијата отиде во минус 12,7%.

Зоран Заев и Владата на СДСМ во ек на криза ја поскапија струјата за 7,4 проценти. Тоа само покажува дека криминалот и корупцијата на мафијата на власта ги јадат економијата и стандардот.

Затоа изборот е или мафијата на Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија“, порачаа од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Починаа 9 лица, регистрирани се 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-16, Штип-4,...

Македонија34 минути

(Видео) Спасовски: Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа2 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија3 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија4 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет4 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија5 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија5 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион5 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет6 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет6 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет6 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија6 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион7 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет21 час

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ22 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа23 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија24 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија1 ден

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет1 ден

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Досие