Македонија
Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.
На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.
Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.
На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.
Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд. Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.
Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Happy Hours акција во Нептун од 25.02-02.03 – Огромни попусти и најдобри понуди!

Само од 25 февруари до 02 март во сите Нептун продавници има супер акција Happy Hours со огромни попусти и најдобри понуди! Ајде во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.
Покрај оваа акција Happy Hours со огромни попусти, во Нептун има уште многу други активни промоции со кои се опфатени голем број на производи од сите продуктни категории со попусти и до 24 рати без камата! Изберете супер подароци од активните промоции за смартфони, телевизори, ИТ опрема, апарати за домаќинство или пак апарати за лична нега и убавина и изненадете ги вашите најблиски.
„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.
Економија
Шабани: Работиме на подобрување на средното стручно образование

Активно работиме на подобрување на средното стручно образование, изјави заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани на средбата со претставници од локалната самоуправа, средните стручни училишта и компаниите во општина Куманово.
„Наша цел е младите по завршување на училиштето да поседуваат вештини и знаења што ги бара пазарот на труд. Затоа низ социјален дијалог го усогласуваме повикот што ќе следи за запишување на ученици во средните стручни училишта. Лесно е ние, кабинетски, да го повториме ланскиот повик. Ова што го правиме, има навистина за цел, тој повик да произлезе од барањата на реалниот сектор“, рече Шабани.
Додаде дека компаниите не можат да обезбедат обучени млади луѓе кои веднаш по вработувањето можат да работат. И според него, ваквата состојба се продлабочува со секоја измината година.
Многу е важно, потенцираше тој, да јакне соработката помеѓу стручните училишта и компаниите на локално ниво, затоа што на тој начин, како што рече, средните стручни училишта стануваат центри кои креирааат стручен кадар којшто е баран на пазарот на трудот, а компаниите места каде што учениците може да очекуваат вработување.
„Направивме анализа што ни даде јасна слика за постојните профили кои ги нудат училиштата и каква е нивната усогласеност со потребите на компаниите. Анкетата на 450 компании од цела држава покажа дека 85 % се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава, нешто што е многу важно за создавање стручен и квалитетен кадар“, додаде заменик министерот.
Напомена дека Министерството за образование и наука може да изготви современи наставни програми, но според него најважна е улогата на компаниите кои преку работа во реални услови на учениците ќе им овозможат да стекнат и знаење и да се запознаат со културата и работните навики на компанијата.
Економија
Бектеши: Туризмот е една од најпогодените индустрии од ковид-пандемијата

Министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на петтата туристичка берза истакна дека туризмот е една од најпогодените индустрии од ковид-пандемијата.
Додаде дека заедничката цел заедно со туристичко-угостителскиот сектор е оваа криза што побрзо да заврши и сè да се врати во нормала.
„Република Северна Македонија е една од земјите коi го сметаat туризмот како приоритетен економски сектор благодарение на природните ресурси и културно-историските споменици, кои привлекуваат многу домашни и странски туристи. Владата на Република Северна Македонија веќе презеде низа активности во сите Пет пакети на мерки коишто досега ги објавивме, со цел во овие тешки времиња да се помогне на туристичката индустrија и да се зачуваат работните места.Токму овој сектор беше и најмногу поддржан и опфатен во сите Пет сета мерки“, рече Бектеши.
Испрати охрабрување до сите чинители да продолжат со активности за закрепнување.
На настанот беше присутна и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер. Таа истакна дека и покрај корона-кризата голем е ентузијазмот за напредок на туристичката индустрија, како и дека со промоција на секторот ќе земјата ќе се задржи на светската мапа за туризам.
„Веруваме дека потенцијалот на туристичкиот сектор во Македонија сè уште не е доволно искористен. Во текот на изминатите шест години соработувавме со тур-оператори, јавни институции и организации за деловна поддршка за натамошно подобрување на понудата, создавање поддржувачки екосистем за туризам и подобро промовирање на Македонија како туристичка дестинација“, рече амбасадорката Зутер.
Претседелот на Асоцијацијата за дојдовен туризам, Влатко Сулев, потенцира дека петтата македонска туристичка берза е многу важна одлука зашто отворањето на границите е сè поблиску и дека туристите веќе ги планираат своите одмори.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер