Контакт

Македонија

Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Објавено пред

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.

 

 

На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.

 

Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.

 

На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.

 

 

Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд.  Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.

 

Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/

Економија

Заев на средба со Стопанската комора: Создаваме креативна, модерна, дигитална економија

Објавено пред

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, се сретна со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со претставници на Комората и бизнисмени од разни сектори.

Во изјавата за медиуми Заев истакна дека СДСМ продолжува со креирање на новата изборна програма, која ќе понуди решенија за подобар живот за сите граѓани.

„Во подготовка сме на нашата изборна програма, која веруваме дека ќе стане владина програма. Во духот на консултациите тргнуваме во постапка на консултација на многу организации, здруженија, сојузи, комори, синдикати и слично затоа што политичките партии ги претставуваат своите ветувања и видувања. Сакаме преку инклузивен процес да ги вградиме сите оние важни, добри работи, кои практичарите во секојдневното работење ги имаат увидено и може да бидат наша водилка и главна преокупација во наредниот четиригодишен период“, рече Заев.

Сакаме да создадеме креативна, модерна, дигитална економија, додаде тој, која ќе значи современа економија на третата денценија на 21 век.

На средбата беа слушнати аргументите на бизнис-секторот, нивните потреби и барања, со цел заеднички да се изнајдат решенија за развој и унапредување на економијата во интерес на граѓаните и подигнување на нивниот животен стандард.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа и да има жртви на процесот на реорганизација на јавната администрација. Тој денес на средба со претставниците на синдикатите разговарал за пет модели на можна реорганизација на вработените во јавната администрација.

„Едниот предлог е трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор, со тоа што приватната фирма би понудила повисока плата за вработените, а државата во одреден временски период би ги плаќала придонесите. Потоа, пакети за преквалификација на вработените од јавниот во приватниот сектор, во согласност со потребите што ни ги доставиле претставниците на приватниот сектор, стопанските комори и Агенцијата за вработување. Третиот пакет е испратнина по своја волја на вработени што сакаат да го напуштат јавниот сектор. Имаме предлог за преквалификација за внатрешни потреби и внатрешна реорганизација. Се зборуваше и за некој вид јавни приватни партнерства, ова е предлог што доаѓа од другите партнери на овој дијалог и треба дополнително да се разработи“, изјави Манчевски.

И покрај генералното мислење во јавноста дека вработувањето во јавната администрација е најпосакувано, министерот Манчевски тврди дека луѓето секојдневно своеволно ги напуштаат своите работни места мотивирани од покачувањата на платите во приватниот сектор.

Според Манчевски, овој процес на анализа за реорганизација на јавната администрација е нешто што се случува првпат во последните 30 години и затоа е потребна искрена намера од сите фактори за јавниот сектор да стане поефикасен.

Манчевски изјави дека новиот предлог-закон за организација на органите на државната управа ќе ѝ се предложи на јавноста на почетокот на февруари.

Денешната средба е остварена кога Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) пред неколку дена побара од министерот Манчевски да не форсира трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.

Министерот Манчевски минатата година најави реорганизација и укинување на некои институции и намалување на трошоците на администрацијата по што следуваа многубројни реакции од јавноста.

 

Искра Манојлоска

Прикажи повеќе...

Економија

Елези: Со помош на Светска банка ќе се модернизираат земјоделството и административните услуги на социјалното осигурување

Објавено пред

Проект за модернизација на земјоделството во вредност од 50 милиони евра, како и проект за администрирање на социјалното осигурување во вредност од 13,8 милиони евра ќе се реализираат во рамки на четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези пред Собранието ги образложи законите со чие усвојување се овозможува финансирање на овие проекти.

„Проектот за модернизација на земјоделството ќе придонесе за подобрување на квалитетот на земјоделските производи и воведување стандарди во земјоделското производство, со што ќе се зголемат вредноста и конкурентноста на земјоделските производи на меѓународните пазари, ќе се воспостави систем за безбедно отстранување нуспроизводи од животинско потекло, ќе се зајакнат институционалните капацитети, во насока на планирање врз основа на докази, мониторинг и евалуација на програмите за земјоделство и рурален развој, потоа ќе се зајакнат институционалните капацитети за подобро искористување на европските фондови и ќе се воспостави систем за управување со државното земјоделско земјиште“, истакна Елези.

Проектот ќе го имплементира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое ќе воспостави и одржува Единица за имплементација на проектот (ЕИП), која ќе биде одговорна за реализација на проектот.
Вкупниот износ на проектот е 50 милиони евра, од кои 46 милиони евра се заем од Светска банка, а 4 милиони евра се грант од ЕУ.

„Проектот за администрирање на социјалното осигурување ќе го унапреди квалитетот на услугите во администрирањето на социјалното осигурување и тоа преку воспоставување единствен централизиран регистар за социјално осигурување и унапредување и модернизирање на деловните процеси на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, сè со цел на осигурениците во првиот столб да им служи поефикасно и поефективно“, потенцира Елези, образложувајќи го Законот за задолжување на РСМ со заем кај СБ по Договор за заем за финансирање на проектот за администрирање на социјалното осигурување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Нема функционер на СДСМ што не си ја вработил цела фамилија во администрација

Eпидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги,...

Свет25 минути

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Свет33 минути

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет14 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа16 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија17 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа19 часа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет21 час

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион22 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ22 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет23 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија23 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија23 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет1 ден

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 ден

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет1 ден

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион1 ден

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет2 дена

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија2 дена

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Досие