Контакт

Македонија

Компании дискутираа за можностите за извоз и за предизвиците

Објавено пред

Тркалезна маса на тема „Развој на извозот и можности за трговски партнерства“, се одржа во средата во Скопје во организација на Македонија2025.

 

 

На тркалезната маса се дискутираа можностите за извоз на македонските компании, предизвиците со кои се соочуваат при откривање на нови пазари и промените кои треба да бидат имплементирани за да бидат поконкурентни.

 

Претседавачи со тркалезната маса беа Вера Ставроф, Претседател и Извршен Директор на HerbalScience и член на Одборот на директори на Македонија2025 и Живко Мукаетов, Извршен Директор и Претседател на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје, исто така член на Одборот на директори на Македонија2025.

 

На тркалезната маса учествуваа некои од најуспешните македонски компании од кондиторската индустрија, производители на вино и други прехрамбени производи кои веќе успешно извезуваат во регионот но и во светски рамки.

 

 

Мукаетов истакна дека овие се некои од клучните индустрии кои би можеле да и помогнат на Македонија да се позиционира како светски препознатлив бренд.  Но, за да може сето тоа да се реализира потребна е синергија во дејствувањето на македонската бизнис заедница, институциите и на македонската бизнис дијаспора.

 

Македонија2025 како организација која има за цел да го помогне економскиот развој на земјата, преку својата глобална мрежа се труди да им ги отвори вратите на иновативните македонски компании кон светот. Тркалезната маса беше настан кој го најавува Форумот кој Македонија2025 ќе го одржи во Торонто, Канада на 23 и 24 октомври. Покрај бројните претставници од Северна Америка на Форумот ќе учествуваат и владини претставници од Македонија кои ќе ги презентираат инвестициските потенцијали на земјата како и бизнис делегација од Македонија. /крај/

Економија

Трипуновски: Со цена на грозјето од 4 денари, земјоделците не можат да извадат ни за леб

Објавено пред

Со цена на грозјето од 4 денари земјоделците не можат да извадат ни за леб, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека тоа е вина на Заев, Николовски и Димковски.

„Килограм грозје 4, 5 или 6 денари, ова е реалноста почитувани мои земјоделци со СДСМ. Оваа расипничка влада ги доведе земјоделците до раб на егзистенција. А од земјоделството направи гранка од која луѓето бегаат, затоа што нема да можат да извадат ниту корка леб. Зоран Заев, Љупчо Николовски и Трајан Димковски се луѓето кои нанесоа трајни последици врз македонското земјоделство“, рече Трипуновски.

Тој вели дека четврта година нема ниту откуп, ниту стабилни и високи цени, а од година во година цените за откуп на грозјето се сѐ пониски и сѐ попонижувачки.

„Алармирав дека до ова ќе дојде, и затоа уште во февруари годинава упатив повик до власта да ги свика земјоделците, откупувачите и винарниците, како ќе може да се превенира ова кое сега се случува. Но беа арогантни и не послушаа, нивната ароганција не им дозволи да видат дека иде хаос, кој се неспособни да го решат. Со СДСМ земјоделството само ќе тоне“, додаде Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети

Објавено пред

На редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5 отсто. Намалувањето на основната каматна стапка до тековното ниво, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на БЗ, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. Со оглед на веќе извршеното олабавување, кога сѐ уште постојат ризици, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, на седницата беше оценето дека ослободената ликвидност од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка во април и мај е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија.

„По забавувањето на растот во првиот квартал на 2020 година, тековно расположливите високофреквентни податоци за вториот квартал од годината упатуваат на понагласени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност, во согласност и со очекувањата. Тие се видливи преку двоцифрениот пад на индустриското производство и на прометот во трговијата и угостителството, а по растот во првиот квартал, пад се забележува и кај градежништвото. Сепак, гледано по месеци, поголем дел од надолното приспособување е сконцентрирано во април и мај, додека во јуни се забележуваат знаци на закрепнување“, велат од НБРМ.

Во однос на ценовните промени, стапката на инфлација во јули изнесуваше 1,3%, на годишна основа и 0,6%, збирно за првите седум месеци од годината, главно под влијание на повисоките цени на храната. Ваквите поместувања претставуваат нагорно отстапување во однос на очекуваната стапка на инфлација за 2020 година. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и нивна голема променливост посебно изразена во услови на глобалната пандемија, постои одредена неизвесност околу проекцијата на инфлацијата за 2020 година.

Нивото на девизните резерви на крајот на јули, според сите показатели за адекватноста, и натаму е во сигурната зона. Во текот на јули, главните фактори коишто придонесоа за промената на девизните резерви се редовните отплати на обврските на јавниот сектор кон странство, а помал придонес имаа и извршените интервенции на Народната банка на девизниот пазар. Надворешната позиција на економијата, во второто тримесечје, е малку поповолна од очекуваната, при понизок трговски дефицит во однос на проектираниот. Притоа, извозните остварувања се подобри од очекувањата, во услови на значително подобрување на активноста на дел од компаниите ориентирани кон извоз во текот на јуни. Расположливите податоци од надворешниот сектор за третото тримесечје од годината се ограничени.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за јули покажуваат нивен понатамошен солиден годишен раст, малку повисок во однос на проекцијата за вториот квартал од годината.

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидносната позиција на банкарскиот систем во домашна валута беше на релативно високо и солидно ниво, што придонесе за многу ниска и повремена потреба на банките за задолжување на пазарите на пари. Показателите за домашните финансиски пазари за јули 2020 година упатуваат на сезонски раст на понудата на девизи, главно предизвикан од физичките лица на менувачкиот пазар. Со ова дојде до подобрување на движењата на девизниот пазар на банките со нивните клиенти и натамошно зголемување на девизната ликвидност на банкарскиот систем, што ја намали потребата за интервенции за продажба на девизи на Народната банка. Релативно поволните трендови на девизниот пазар продолжуваат и на почетокот на август.

Во јули, сигналите за закрепнување на економскиот раст во еврозоната и Кина, информациите за развој на вакцина против вирусот ковид-19 и натамошната монетарна и фискална поддршка на најголемите економии создадоа оптимизам кај инвеститорите на меѓународните финансиски пазари, што се одрази со нагорна динамика на берзанските индекси во глобални рамки. Овие случувања беа изразени сѐ до втората половина на месецот, кога поради загриженост на инвеститорите поврзана со појавата на втор бран заразени од корона-вирусот на глобално ниво и зголемените политички тензии помеѓу САД и Кина, расположението на инвеститорите се промени и предизвика пад на приносите на државните обврзници во еврозоната и САД.

Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата предизвикана од ковид-19 и натаму постојат, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на монетарната политика, доколку тоа е потребно.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Банкарскиот и финансискиот сектор тонат, а власта се бори за фотелјите и бизнисите

Објавено пред

Покрај секојдневните театри на Зоран Заев и СДСМ за формирањето на парламентарното мнозинство, покрај секојдневното занимавање на власта со помалку или повеќе пикантерии, жолт печат и неосновани обвинувања, животот станува сè потежок, а економијата влегува во сè потешка, поакутна фаза. Ова го изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што рече, додека власта ги обвинува граѓаните за повисока цена на струја и ги прекорува дека плаќале повеќе за интернет и телефонија, стотици луѓе живеат со помалку од 50 денари дневно.

„Повисоките цени на електрична енергија не само што го оптоваруваат животниот стандард туку директно ги прават луѓето посиромашни. И бидете сигурни, зад повисоката цена на електричната енергија седат бизнис-интереси на семејството на власт, со што подетаљно ќе се занимаваме следниве денови. Она што вистински загрижува е што Владата веднаш по изборите економијата ја доведе во колапс. И тоа е последица на серијата погрешни одлуки, на нерационалното трошење на евробврзницата насочена кон досега најголемиот институционален поткуп за време на изборен процес. Цената се плаќа денес. Бизнисот тоне. Банкарскиот и финансискиот сектор е пред распад. А власта целокупната енергија ја насочува кон зачувување на своите фотелји и бизниси“, изјави Мицкоски.

Тој оцени дека Македонија е во економска криза, која е најдлабока досега. Во период од шест месеци индустриското производство во споредба со истиот период од 2019 година бележи пад од цели 14,6 проценти, рече Мицкоски. Во истиот период, како што посочи, бројот на работниците во индустријата е намален 4,4 % во споредба со лани.

Во однос на стоковата размена со странство, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека извозот за шест месеци бележи  опаѓање од цели 22,3 %, а увозот цели 18,1 %.

Тој спомена и дека државниот долг од 4,5 милијарди евра пораснал 982 милиона евра, или тоа е 8,9 % од претпоставениот раст или претпоставенатa вредност на БДП на крајот од годината во период од три месеци. Јавниот долг, пак, е зголемен од 5,56 милијарди евра на 6.527 милијарди евра, или цели 967 милиони евра, со тоа што јавниот долг е зголемен 8,8 % номинално во однос на домашниот бруто-производ, кој на крајот од годината треба да изнесува приближно 11 милијарди евра, додава Мицкоски.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ46 минути

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија1 час

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет1 час

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени со коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија2 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија3 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет3 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет4 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет4 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија4 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија19 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија19 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа19 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија20 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија20 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија22 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија22 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија22 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија1 ден

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет1 ден

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија1 ден

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Досие