Контакт

Свет

Катар троши 500 млн долари седмично на организацијата на СП 2022

Објавено пред

Катарските власти трошат 500 милиони американски долари седмично за да ги завршат сите планирани проекти до почетокот на светското фудбалско првенство коешто во 2022 година ќе се одржи во оваа земја.

„Трошиме речиси 500 милиони долари на недела и така ќе биде сé додека не ги завршиме сите работи. Вкупниот буџет изнесува околу 200 милијарди долари“, изјави катарскиот министер за финансии Али Шариф ал-Емади.

„Не сакаме да се доведеме во ситуација уште да ги доуредуваме стадионите, а првенството да започне и луѓето веќе да пристигнуваат во нашата земја“, додаде министерот.

Ал-Емади открива дека не се градат само стадиони, туку и патишта, железници, хотели, нов аеродром, болници итн.

„Парите се обезбедени, иако цента на нафтата значително падна“, истакнува катарскиот министер за финансии.

На прашањето дали тоа ќе биде најскапото светско првенство во историјата, ал-Емади одговори: „Во комплетната инфраструктура вложуваме 200 милијарди долари, меѓутоа доколку ги сметаме само објектите за шампионатот, тогаш нема да биде најскапото“.

Катар за мундијалот гради десет стадиони, од кои седум ќе бидат целосно нови, а три ќе бидат реновирани и со зголемени капацитети.

Катар е третата земја во светот според резервите од природен гас, а оваа држава има повеќе од 25 милијарди барели резерви од нафта. Нафтата и гасот сочинуваат 85 отсто од приходите од увозот и повеќе од 50 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Минатата 2016 година катар првпат во последните 15 години забележи буџетски дефицит поради падот на цената на енергенсите. Кусокот изнесуваше 17 милијарди долари, а за оваа 2017 година одобрен е државен буџет со дефицит од 7,7 милијарди долари./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Цените на нафтата паѓаат, берзите растат по отворањето на Ормускиот теснец

Објавено пред

Цените на нафтата паднаа, а берзите забележаа раст откако иранскиот министер за надворешни работи соопшти дека Ормускиот теснец ќе остане целосно отворен за комерцијален сообраќај во преостанатиот период од примирјето.

Цената на нафтата Брент, глобален репер, падна за 9 отсто на 90 долари за барел. Американската WTI нафта, која служи како репер за САД, се намали за 9,5 отсто на 82,60 долари за барел.

Истовремено, на американските берзи пораснаа терминските договори. Dow Jones фјучерсите скокнаа за 560 поени, односно за 1,16 отсто. Терминските договори на индексот S&P 500 зајакнаа за 0,8 отсто, додека оние поврзани со Nasdaq 100 пораснаа за 0,9 отсто.

Директорот на Меѓународна агенција за енергија, Фатих Бирол, предупреди дека светот треба да се подготви за „значително повисоки“ цени на енергијата доколку Ормускиот теснец не се отвори.

Тој додаде дека дури и со неговото повторно отворање, цените на енергијата нема веднаш да се „вратат во нормала“.

„Треба да се подготвиме на нестабилни пазари во подолг период“, изјави Бирол за швајцарскиот весник Neue Zürcher Zeitung.

Според него, растот на цените ќе се почувствува на глобално ниво, а досегашното влијание на војната било делумно ублажено бидејќи танкерите со нафта и гас што веќе биле на пат пристигнале на своите дестинации. Сепак, во март не биле натоварени нови танкери.

Бирол посочи дека ќе бидат потребни околу две години за да се обнови производството на енергија изгубено на Блискиот Исток по конфликтот со Иран, при што темпото на опоравување ќе варира од земја до земја.

Прикажи повеќе...

Економија

САД повторно ги одложиja санкциите кон „Лукоил“

Објавено пред

Американското Министерство за финансии повторно го продолжи рокот за завршување на трансакциите со меѓународната мрежа на бензински пумпи на ЛУКОИЛ, овој пат до крајот на октомври.

Општата дозвола беше објавена вчера на страницата на OFAC (Канцеларија за контрола на странски средства) при Министерството за финансии на САД и важи до 29 октомври оваа година.

Во декември, OFAC издаде дозвола според која трансакциите со мрежата на бензински пумпи на ЛУКОИЛ во странство требаше да бидат завршени до 29 април. Вашингтон воведе санкции кон ЛУКОИЛ и Роснефт кон крајот на октомври, со образложение дека сака да ги ограничи буџетските капацитети на Русија за финансирање на војната во Украина.

Меѓународната подружница на ЛУКОИЛ со седиште во Виена поседува мрежа од околу две илјади бензински пумпи во 20 земји, вклучувајќи ги и САД. Американската мрежа опфаќа 200 пумпи во Њу Џерси, Пенсилванија и Њујорк.

Роковите за овие трансакции постојано се поместуваат. Кон крајот на март, OFAC повторно го продолжи рокот за завршување на преговорите за купување на странската подружница на ЛУКОИЛ до 1 мај. Претходно, американската влада го продолжи рокот до 17 јануари, потоа до 28 февруари и до 1 април.

Со посебна дозвола, OFAC вчера го продолжи и рокот за завршување на трансакциите со бугарските подружници на ЛУКОИЛ, вклучувајќи ја рафинеријата Нефтохим Бургас, исто така до 29 октомври 2026 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Биткоинот скокна по примирјето меѓу САД и Иран

Објавено пред

Биткоинот нагло порасна над 72.700 долари откако Доналд Трамп потврди двонеделен прекин на огнот со Иран, објави „Си-Ен-Би-Си“.

Овој потег предизвика ликвидации од околу 595 милиони долари кај крипто-трговците, при што најголемиот дел беа кратки позиции – над 427 милиони долари, што покажува дека пазарот очекувал пад.

Само во 12 часа биле ликвидирани над 500 милиони долари, што го прави ова еден од најсилните „short squeeze“ моменти во периодот на конфликтот.

Најголеми ликвидации имало кај биткоин и етер, а падот на цената на нафтата дополнително влијаел врз пазарите.

Примирјето е условно, со ограничено отворање на Ормускиот теснец, што остава неизвесност за понатамошниот развој.

Биткоинот сега се движи на горната граница од својот опсег, а идното движење ќе зависи од тоа дали примирјето ќе се одржи или ќе се покаже како краткотрајно.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни услови

СДСМ бара за најавата за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке да има поширока јавна дебата и директно изјаснување...

Свет1 час

„Го вовлече Трамп во конфликт со Иран“: Харис со остра критика до Нетанјаху

Во говор на настан во Детроит, во американската сојузна држава Мичиген, поранешната кандидатка за претседателка на САД, Камала Харис изјави...

Свет1 час

Русија подготвена да го отстрани збогатениот ураниум од Иран

Една од клучните точки на несогласување меѓу САД и Иран се однесува на ураниумот. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека...

Регион1 час

Бугарија во нов изборен круг: Осми избори за пет години, Радев се смета за фаворит

Бугарите денес излегуваат на осми парламентарни избори во последните пет години, а се очекува коалицијата на поранешниот претседател Румен Радев...

Свет2 часа

„Храбар и лојален сојузник“: Трамп го фали Израел, а индиректно ги напаѓа другите партнери

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали Израел како голем сојузник, истовремено критикувајќи други, неименувани земји. Во објава на „Трут...

Свет2 часа

Иран: Сè уште сме далеку од конечен договор со САД

Главниот ирански преговарач и претседател на парламентот, Мохамад Багер Галбаф, изјави дека во преговорите со САД, кои се водат преку...

Македонија2 часа

И денес сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Времето денес сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен...

Спорт9 часа

Трагедија на тренинг, возач загина додека Ферстапен се подготвуваше да излезе на патеката

Светот на автомобилизмот го потресе веста за страшната несреќа на легендарната патека Нирбургринг, во која животот го загуби искусниот шведски...

Спорт9 часа

Јокиќ и Мареј ја решија Минесота – Денвер води со 1:0 во среијата до четири победи

Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс во првиот натпревар од воведното коло од плејофот за шампионската титула во НБА. Нагетс...