Свет
Буџетскиот дефицит на САД намален за третина, на 486 млрд долари

Буџетскиот дефицит на САД е намален речиси за третина во фискалната 2014 година, на 486 милијарди американски долари, поради сојузните пригоди раснеле далеку поврзи отколку расходите, објави Конгресното биро за буџет (CBO).
Објавување ги прелиминарните процени за буџетот за фискалната година којашто заврши на 30-ти септември, CBO соопшти дека приходите пораснале за речиси 9 отсто во однос на претходната фискална 2013 година, на 3.013 милијарди долари, долари, додека расходите пораснале за 1,4 отсто, на 3.499 милијарди долари. Благодарејќи на тоа, буџетскиот дефицит за 2014-та паднал за око 195 милијарди долари, со 680 милијарди во фискалната 2013 година.
CBO проценува дека во септември буџетскиот вишок досегнаа 106 милијарди долари, додека во истиот минатогодишниот месец изнесувал 75 милијарди долари, а се очекува дека конечниот извештај за фискалната 2014-та американското министерство за финансии ќе го објави до 17-ти декември.
Буџетски дефицит во 2014 година е нешто помал од 506 милијарди долари колку што прогнозираше независното биро CBO во август годинава, кога очекуваше дека многу компании ќе ги намалат плаќањето на даноците поради неизвесноста околу даночните закони.
Меѓутоа, приходите од корпоративниот данок пораснале во 2014-та за 48 милијарди долари, или за 18 отсто, одразувајќи го растот на добивките, додека приходите од Федералните резерви (централната банка) пораснале за 23 милијарди долари, или за 31 отсто, поради зголемувањето на портфељите на обврзниците на централната банка и поголемите приноси.
Растот на буџетските приходи во 2014 година бил поттикнат и со поголемото собирање на данокот на доход и на платите, за 6 отсто или за 114 милијарди долар, по растот на економските активности и зголеменото вработување.
CBO проценува дека во фискалната 2015 година, којашто започна на 1-ви октомври 2014-та, буџетскиот кусо ќе изнесува 469 милијарди долари, а во текот на следната деценија се очекува дека дефицитот повторно ќе порасне поради растот на трошоците поврзани со стареењето на населението./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.