Свет
Чешка сака да стане дел од Еврозоната најдоцна за четири години

Чешката влада, предводена од премиерот Бохуслав Соботка планира за четири години да стане дел од Еврозоната, пишува Euractiv.
Чешката стратегија кон Европската унија (ЕУ) е видно променета, или барем ова е пораката којашто чешката влада сака да ја испрати. Според чешкиот заменик министер за надворешни работи, Петр Друлак, иако пред неколку години неговата езмја имала големи сомнежи околу ЕУ, „денес Прага сака да биде онаму каде што се носат големите одлуки“.
„Порано секогаш најпрво кажувавме ’не’, а потоа размислувавме. На Европа секогаш се гледаше како нешто што е опасно и што претставува закана за чешкиот суверенитет. Денес, кажуваме ’да, но…’“, објаснил чешкиот министер.
За почеток, Чешка сака да го подготви теренот за воведувањето на еврото, а според Друлак, ова ќе биде еден долгогодишен проект.
„Земјата ќе направи сé што е во нејзина моќ за ова да биде подготвена за четири години“, рекол Друлак.
Според него, приоритети за Чешка во моментов се поддршка на економијата и зајакнување на внатрешниот пазар.
„На ова се гледа како на голем успех на Европската унија, но секогаш се перцепира како недовршена работа. Исто така, тука е прашањето на односот со останатите големи пазари“, изјавил Друлак.
Прага, исто така, ќе притиска за заеднички енергетски пазар, едно од решенијата по прашањето за енергетската безбедноста. Земјата, исто така, ќе го поддржи и процесот на проширувањето на Унијата, особено за земјите од западен Балкан, но само под одредени услови.
„Не можеме да ја прошириме Европската унија, без притоа да ги почитуваме основите правила на европската игра“, објаснил Друлак, додавајќи дека постојат проблеми во структурата на европскиот развој.
„Го фаворизиравме вертикалниот развој, но го запоставивме хоризонталниот развој меѓу цивилното опшество, и меѓу граѓаните кои ’не можат да ја прифатат моменталната или, пак, идната структура на ЕУ’“, додал Чехот.
Излезноста на чешките гласачи на мајските европски избори го одразува скептичниот став на Чесите кон европските иницијативи, а излезноста од 18,2 проценти на изборите беше една од најниските во целата Унија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.